13 март, 2010 - 23:04
[веб кирилица]

S1mOne

од deckard на 28 јан 2003 - 07:03

Одам во видеотека, го гледам Ал Пачино на опаковката на нов филм, ја земам опаковкаа одма во џеп и по тоа прашувам дали е тука CDто.

Одам дома, го гледам филмот и заклучувам дека филмот супер филм за деца до 15 години (тие длабоко навлезени во пубертет брзо би се здосадиле од старата фаца на ал пачино секаде по екранот).

Ал Пачино си земал чкарт филм за глумење. Тоа што задивува е дека човекот ниту пак се разочарал од дијалозите што од време на време мора да ги прави со други глумци, ниту полека да се разочарува во тек на филмот кога всушност разбрал кај се нашол, ниту преглумува за да додаде малку и тој на целата фарса, ниту пак зрачи со лажна животна енергиа за да биде малку сумњиво од кај му е.

Човекот земал, си го изглуми филмот најпоштено од почеток до крај. Да ти е задоволство да го гледаш како се труди без да смрди на трудење. Го носи целиот филм.

Е сега, проблемот е дека нема што да се носи. Филмот се случува во еден толку неизграден универзум, што е задивувачки како камерманите не дигнале бунт и не спалиле све заедно. Универзумот не е дури ни измислен, па да кажеш дека режисерот и сценаристот малку се испозанеле и си дале одушка: се случува овде и денес. Цел свет освен главниот лик и неговата 14тогодишна ќерка пие нафта, а некој таму компјутерски вирус се пренесува на нешто што личи на 5’25“ флопи што само искача кога ќе стиснеш тастер на тастатура. Филмот е навреда за чувства и common sense.

Освен очигледното прашање што бара Ал Пачино во филмот, очигледно е и тврдењето дека тој всушност го упропасти. Не требаше да го изглуми како што треба или, уште подобро, воопшто не требаше да се појавува во него. Дај му го таму на Robin Williams, нека забавља деца, супер е и за тоа - ти, Ал, не си.

И за крај, уште еден факт што доупропастува. Читам накнадно дека типот што го напишал и режирал филмот е истиот момак што го напишал Труман Шоу.

Неќу да ставам спојлери на поракава (no pun intended) и да зборувам што се случува во Simone, но ќе кажам дека и тој како и Труман Шоу воглавном се бави со тоа како човек да се снајде во околина со нови медиуми и нови вредности што тие ги носат.

И додека Труман Шоу беше филм за кој што секогаш ќе се искезам со задоволство кога ќе ми текне на него (освен овој пат), оваа глупост од Simone... кажав веќе. Но тој типот (се вика Andrew Niccol), изгледа не е во состојба да претпочита рамификации на еден нормален свет, затоа Труман Шоу, нели затворен свет, имаше доволно идеја да го опише.

Кога ќе се сетам сега, единствената работа што не ми се свиѓаше во Труман Шоу беше кога излезе на крај на скалите па таа сцена со рибата. Сценаристот изгледа не му оди баш да се занимава со надворешен свет.

Можеби е подобро да пишува бајки или Спејс-опери.

Опции за гледање на коментари


S1mOne - од jonycus на 14 март, 2003 - 13:18

генерално идеата на филмот е супер... стварно... то е нешто наредно шо би можело да се очекува од режисерот на The Truman Show и Gattaca... заглавуваш на детали кои мослиш дека се битни за филмот, а со тоа ја занемаруваш целата концепција на филмот... знаеме шо се деси со M. Night Shyamalan, коа после феноменалните The Sixth Sense и Unbreakable го извади Signs... сите очекуваа нешто стварно уште пофеноменално и поради тоа се разочараа, а не дека филмот е лош... истото е и тука... се разбира дека од режисерот на The Truman Show и Gattaca би се очекувало повеќе, меѓутоа ако тоа не се оствари, односно не направи филм ептен подобар од претходните, апсолутно не значи дека филмот е глуп!!...
мој единсвена забелешка на филмот е крајот... очигледно дека не е у стилот на The Truman Show и Gattaca, па најверојатно под притиско на студијата, морал да го прилагоди на глупата америчка публика...