5 декември, 2008 - 09:33
[веб кирилица]

Работа на нафтени платформи

од Gorco на 12 дек 2002 - 17:05

Дали некој знае нешто во врска со работа на нафтени платформи ( т.е. работел на нив, слушнал од некого, се распрашувал....) ??

Опции за гледање на коментари


сликата на Chombe
Работа на нафтени платформи - од Chombe на 12 декември, 2002 - 17:24

Dude, НЕ ни помислувај да работиш на платформа! Ова ти е една од најтешките физички работи што постојат „у свемир“. Плус, кога ќе ти видат класик скопска конституција на тело аутоматски ќе те дисквалификуваат. [се смее]))

Ја ти препорачувам да идеш „конобар“ на оние cruise бродови - Кариби, Антили, палми, грас, банани и расположени креолки во споредба со Северно Море, ветар 300 km/h, ѕивра минус 20, нон стоп бура и нерасположени бркати фраери.

А башка ако работиш на брод можеш у секое време да се изгубиш негде у USA (ја овде познавам бар 5 луѓе што направиле така) а од платформа можеш да се изгубиш у Северно Море ако не се врзеш за „гелендер“. [се смее]