Багра сајтот има потреба од вас ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
Кој сака да биде модератор нек се пријави тука. Плата нема, али затоа ќе бидете главни фраери/ки ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
Модератори можете да бидете или на форумите (во одредени теми) или на главната страна на сајтот. На форумот ќе имате привилегии да бришете коментари, едитирате итн, додека на сајтот ќе можете да давате оценки на коментарите. За форумот мислам дека нема да е потребно дополнително објаснување.
Е сеа модерирањето на сајтот ќе иде одприлика вака. Тој што е модератор ќе може да дава оценки за коментарите. Под секој коментар ќе ви се појави паѓачко мени со кое ќе дадете мислење за коментарот. Опциите, и која што значи (негативна или позитивна) ќе ви бидат накнадно објаснети. Оценките во старт почнуваат со 1. Секој регистриран корисник може да си подеси кои коментари сака да ги гледа тука: http://www.bagra.net.mk/user.php?op=editcomm
На пример ако наместите „-1 Нескратено и сирово“ секогаш ќе ви се гледаат СИТЕ коментари. Ако наместите 2 тогаш нема да ви се гледа ниту еден коментар кој предходно не бил добро оценет од некој модератор. Нерегистрираните корисници ги гледаат само коментарите кои имаат оценка над 0.
Вашите задачи ќе бидат непристрасно да оценувате, а со тоа да го елиминирате спамот, но не и „непожелните“ личности. Значи ако некој не ви се допаѓа како пишува нема секогаш да му давате негативна оценка. Исто така нема повеќе пати да оценувате некој коментар. Барем двајца модератори/администратори ќе треба да дадат негативна оценка за некој коментар да добие -1, а со тоа и да стане невидлив за повеќето посетители. Имајте на ум дека и сите други коментари под коментар оценет со -1 ќе станат невидливи за повеќето.
Како сетоа ова ќе функционира највише зависи од Вас. Да го направиме Багра сајтот подобар! ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
Последни коментари