Епа вака, беше ноќ и отидовме на еден кров од зграда да гледаме метеорски дожд. Бевме дваесетина. По искачувањето горе почнавме сите да се глупираме и установивме дека уствари половината е одвишок, па одлучивме ние да бидеме таа половина. Се качивме во коли и тргнавме накај Видиковец, таму подобро се гледа метеорскиот дожд. Кога стигнавме таму што ќе видиме, ко да се праи журка у Колосеум, а во тој момент да го преместиле на Видиковец
.
И поради големата гужва и несогласност да останеме таму отидовме на средно Водно. Таму имаше гужва ама не колку што имаше на Видиковец. Сепак и таму не ни се свиѓаше па решивме на горно Водно.
Е веќе кога стигнавме на горно, прво нешто што ми се случи беше поглед со девојка ми .... бакнеж и во ист момент се вртиме надесно и гледаме како паѓа метеор кој неверојатно ме расположи. Е сега натаму да не навлегуваме во детали што се се случуваше додека дремевме таму, дека полудевме (пола од сево ова го имам на диктафон).
Одеднаш на Даниел му текнува нешто, им вика на сите надвор од неговиот џип, ме викна мене и тргнавме уште погоре од местото каде што бевме. Тоа беше луда вожња морам да признаам, адреналинот ми порасна за +1000 и тоа беше второто убаво нешто. После тоа ни текна да одиме накај дома, па тргнавме и се преправав дека сум пијан и цело друштво се исфура дека сум!
Многу интересно нели ? ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
И конечно стигнавме кај мене дома - јас, Даниел, покасно дојде Мики и Дарко со еден другар негов........... Седнавме, средивме и се напраивме дрва
:)
.
Од тој момент ........ се што имав - се заборавив, само знам дека сабајлето станав од кревет (а претходно сигурен сум дека дремев на фотеља) покриен среден, па во еден момент си помислив дека сето тоа било само сон, или моја халуцинација ???? Хух, се откажувам од пушење, НИКОГАШ ПОВЕЌЕ!!!!
:) ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
Последни коментари