8 јануари, 2009 - 13:21
[веб кирилица]

Жена која веќе никогаш нема да ја изневерат...

од гоце на 7 ное 2001 - 01:11
Дека жените во Хонг Конг не трпат неверство докажува примерот на една 54 годишна жена, која сомневајќи се дека сопругот ја изневерува, му задала болен удар врз неговата машкост, одсекувајќи му го пенисот додека спиел. После тоа мажот бил итно однесен во болница каде што органот му бил зашиен на место, но лекарите стравуваат дека може да остане импотентен. За судбината на сиротата несреќна жена се уште ништо не се знае, но јасно е дека веќе никогаш никој нема да ја изневери (се разбира никој нема ни да и пријде ;))