Големиот брат те набљудува... НАВИСТИНА!
од гоце на 2 ное 2001 - 04:32
Ако досега ве фркаше параноја дека се што правите на работното место се надгледува, ова можеби ќе стане вистина и до најситниот детаљ. Заборавете на разни keylogger-и, сокриени web камери, микрофони и сл. Новиот софтвер кој се развива во САД може да препозне и да опише што работат вработените кога се на работното место. Ги анализира видео записите од работната просторија па потоа генерира запис во кој се опишува што се случува. Со употреба на само една камера шефовите и директорите можат да пратат што прават вработените. На пр. отвараат шкафови или телефонираат или кој им доаѓа на гости. Софтверот го препознава движењето на објекти со најновата генерација на CCTV технологија. Ако на софтверот му се дадат упатства за сопственоста на објектите може и да известува за кражба. Најтешкиот дел е пратење на движењето на рацете и прстите, но авторите на програмата тврдат дека се многу блику до 100% успех. Секако борците за човекови права ќе се бунат против ваквата употреба на технологијата. Ние само ќе потсетиме: „Големиот брат те набљудува... цело време“.
|
Последни коментари