8 јануари, 2009 - 14:34
[веб кирилица]

Банер на bagra.net.mk

од гоце на 29 окт 2001 - 22:34
Поставивме нов банер доле. Автор е miopa. За да нема забуни тимот на опасна багра многу не го интересира политика. Ова е пародија на банерот „Биди ЗА!“ кој се вртеше по многу македонски сајтови, но секако е и глас против капитулантската политика која се води во Р. Македонија и перењето на мозок кое ни се случува и за кое се фрлаат тешки пари, а многу од нас се несвесно внесени во тие кампањи.

Ние не сме против мирот.

Ние не нудиме решенија за проблемите. Ви нудиме нов поглед на работите. Free your mind!