САД, денот после
од гоце на 12 сеп 2001 - 16:03
Се уште не се знае кој стои зад нападите. Досега се знае дека биле киднапирани
4 авиони во рок од 30 минути. Неофицијално биле киднапирани 8 авиони, 4 од нив
биле срушени од американската авијација. Во еден од авионите киднаперите убиле
стујардеса за да ги извадат пилотите од кокпитот, а во вториот авион, кој се
сруши во кулите близначки, киднаперите сами го летале авионот и ги убедувале
патниците дека се ќе биде во ред. Експертите за тероризам претпоставуваат дека во сите напади киднаперите не биле
наоружани со ништо повеќе, освен со џебни ножови.
Бројот на жртвите се уште не се знае. Само во зградата на Пентагон (во која
работат 20 000 луѓе) има 800 жртви. Во Њу Јорк сигурно ќе има илјадници загинати.
|
Последни коментари