8 јануари, 2009 - 13:48
[веб кирилица]

Фудбалерки позираат голи за календар

од гоце на 26 окт 2001 - 09:48
Фудбалерките од англиската премиер лига од клубот Бристол Роверс ќе позираат голи за календар со цел да му помогнат на тимот за да ги плати тековните трошоци. Дел од средствата ќе бидат наменети за хуманитарнии цели. Тимот кој минатата сезона стигна до полуфиналето на женскиот FA куп ќе се слика за календар во А3 големина кој ќе биде премиерно прикажан пред мечот портив Queens Park Rangers во недела. На насловната страна ќе биде одбрамбената играчка Мишел Пеарт. Капитенката Марициа Дин се надева дека календарот кој чини £5,99 ќе им помогне да ги платат сметките за сезоната и да соберат пари за болницата за интензивна нега за бебиња во Бристол.

„Мислевме дека ова е нешто различно“, рече таа. „Луѓето имаат стереотипен поглед на женскиот фудбал и мислат дека ние сме жени со големи газови што само ја шутираат топката наоколу. Сакавме да докажеме дека сме прилично женствен тим.“
Постојат планови следната година да се издаде календар со машкиот тим.

Календарот може да се купи онлајн на www.brlfc.co.uk или www.bristolrovers.co.uk