Можеби до сеа мислевте дека баграта се шовинисти еден до еден, иако ние сите сме фини деца и само се зезаме :)
Овој пат спремивме извадоци од библијата кој се едни од најшовинистичките ствари кои сте ги прочитале.
Баш би сакале да чуеме коментари на оваа тема од вернички од понежниот пол.
"А на жената (Бог) & рече: "Ќе ти ги умножам и преумножам маките
кога си
бремена; со болки ќе раѓаш деца, и ќе бидеш под власта на мажот свој, и тој
ќе ти биде господар!"" Битие 3:16
"Кога жена има излив на крв, што тече од нејзиното тело, треба да биде
одделена седум дена додека е нечиста; и СЕКОЈ ШТО ЌЕ СЕ ДОПРЕ ДО НЕА, ДА
БИДЕ НЕЧИСТ до вечерта, и се, на што ќе легне таа, додека трае ОЧИСТУВАЊЕТО
нејзино, да е нечисто; и се, НА ШТО ЌЕ СЕДНЕ ТАА, ДА Е НЕЧИСТО. И секој што
ќе се допре до постелата нејзина, треба да ја испере облеката своја и да го
измие со вода телото свое, и ќе биде нечист до вечерта. А и секој, што ќе се
допре до што и да било, НА ШТО СЕДЕЛА ТАА, ДА ГИ ИСПЕРЕ АЛИШТАТА СВОИ и да
се измие со вода, па ќе биде нечист до вечерта. И ако некој се допре до што
и да било што е на постелата нејзина, или на што и да е, на што седела таа,
НЕЧИСТ ДА БИДЕ ДО ВЕЧЕРТА. А ако со неа биде некој, нечистотијата нејзина ќе
мине на него: ќе биде нечист седум дена, и секоја постела НА КОЈА ЌЕ ЛЕГНЕ
ТОЈ, ќе биде нечиста. Ако некоја жена има излив на крв многу денови, но не
во текот за време на очистувањето нејзино, и ако таа има излив подолго од
нејзиното обично ЧИСТЕЊЕ, се додека трае нечистотијата нејзина, нечиста е
како за време на ЧИСТЕЊЕТО свое. Секоја постела, на која ќе легне таа во
деновите на изливот нејзин, да биде нечиста како и постелата за време на
нејзиното ЧИСТЕЊЕ; и се она, на што ќе седне таа, да биде нечисто, поради
нечистотијата нејзина. И СЕКОЈ ШТО ЌЕ СЕ ДОПРЕ ДО НЕА, ДА БИДЕ НЕЧИСТ, да ги
испере алиштата свои и да го измие телото свое, НЕЧИСТ ДА Е ДО ВЕЧЕРТА. А
кога жената ќе се исчисти од изливот свој, да изброи седум дена и потоа ќе
биде чиста. Во осмиот ден да земе две грлици или два млади гулаба и да му ги
однесе на свештеникот при влезот од скинијата на сведоштвото." Левит
15:19-29
"...кога жената ќе забремени и роди МАШКО ДЕТЕ, нечиста ќе биде седум
дена...а ако роди ЖЕНСКО ДЕТЕ, нечиста да е четиринаесет дена..." Левит
12:2-5
"Ако некому му се случи излив на семе во сон; тогаш тој треба да го измие
со вода целото тело свое и ќе биде нечист до вечерта; секоја облека или
кожа, на која ќе се излие семе, треба да се испере со вода и ќе биде нечист
до вечерта." Левит 15:16-17
"Ако маж легне со жена своја со излиено семе, тие и обајцата треба да се
измијат со вода и ќе бидат нечисти до вечерта." Левит 15:18
"...и секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срамоти
главата своја, зашто сеедно е -како да е истрижена. Ако жената не сака да се
покрива, тогаш нека се стриже: ако, пак, е срамно жената да се стриже или
бричи, тогаш нека се покрива;"
1 Коритјани 11:5-6
"И така, мажот треба да ја покрива главата своја зашто е образ и слава
Божја, а жената е слава на мажот. Оти не е мажот од жената, туку жената од
мажот; и мажот не е создаден за жената, туку жената за мажот."
1 Коритјани 11:7
"Жената да се учи во мир и потполно покорство. На жена не & позволувам
да
поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна. Бидејќи порано
беше создаден Адам, а потоа Ева; и Адам не беше измамен, туку жената беше
измамена и направи престап..."
1 Послание до Тимотеја 2:11-14
"Жените ваши по црквите да молчат: ним не им е дозволено да зборуваат,
туку да се покоруваат, како што вели и Законот. Ако, пак, сакат да научат
нешто, нека ги прашаат мажите свои дома; зашто срамно е жена в црква да
зборува." 1 Послание до Коритјаните 14:34-35
"Кога браќата живеат заедно, и едниот од нив умре без пород, жената на
умрениот не смее да се омажи за надворешен маж, но деверот нејзин треба да
влезе при неа, да ја земе за жена и да живее со неа..."
Повторени закони 25:5
Последни коментари