8 јануари, 2009 - 18:15
[веб кирилица]

Терористички напади во САД

од гоце на 11 сеп 2001 - 21:43

Два авиона едноподруго удрија во двете кули близначки во Светскиот трговски центар во Њу Јорк, по што и двете згради се срушија. Во Вашингтон во зградата на Пентагон исто така беше удрена од авион. Овие настани се случија околу 13 часот по наше време.
Само во четирите авиони (последниот се срушил во Пенсилванија) имало 322 патници. Во зградите на Светскиот трговски центар работеле околу 40 000 луѓе, а дневно поминувале по 150 000.
Веќе има најави од американските тајни служби за сознанија дека позади нападите стои Осама Бил Ладен и нема да биде изненадувачки ако во наредните денови САД го нападне Авганистан.
Несомено е дека денешните настани ќе имаат огромно влијание на глобалната политика. Како тоа ќе се одрази на нас, ќе видиме.