Доколку на компјутерот му кажете дека е нешто што не е, т.е. го излажете, он нема да сфати и ќе успеете да добиете систем кој е во заблуда, ама работи побрзо.
Како?
Во основа меморијата на Windows 95/98 зависи од улогата на компјутерот. Кога машината е дифинирана како десктоп компјутер, таа резервира меморија за 32 фолдери до кои е скоро пристапено и 677 фајлови до кои е скоро пристапено. Ова одзема околу 10KB меморија.
Измамата следи: компјутерот ќе памти повеќе фајлови и фолдери доколку му се каже дека е network server. Кога компјутерот е network server, во меморија ќе се чуваат 64 фолдери до кои е скоро пристапено и 2729 фајлови до кои е скоро пристапено!
Тоа е доста голема разлика. Негативности има: овие сетирања одземаат додатни 30KB меморија, и целосната сума е околу 40KB. Глобално гледано, тоа и не е толку многу.
За да го убедите вашиот десктоп компјутер дека е network server, треба да го направите следново:
1. Десен клик на My Computer.
2. Изберете Properties.
3. Отворете го Performance tab-от.
4. Клик на File System копчето.
5. Изберете Network Server во drop-down менито кај "Typical role of this computer."
6. Неколку пати Ok и рестартирање.
Ако користите Windows 95 или 95a, ова нема да можете да го наравите рачно.
Сепак и за тоа има чаре. Patch-от се наоѓа тука.
Последни коментари