8 јануари, 2009 - 13:44
[веб кирилица]

Финти за користење на search engine

од икспе на 17 окт 2001 - 21:20

Yahoo!, Google, AltaVista, Northern Light, AstaLaVista, Argo...

Интернет врие од вакви пребарувачи!
Но, дали знаете да ги користите и да извлечете максимум од нив?

Читајте понатаму за некои од основните "финти" кои треба да ги знаете при нивната употреба.



За да пребарувачот бара веб страни кои ги содржат сите зборови кои сте ги внеле, ставете пред нив "+". На пр. ако внесете: +bagra +luzerski +portal , пребарувачот ќе бара веб сајтови кои во себе ги содржат сите 3 збора, а не барем еден од нив. Знакот "-" пред секој збор има обратен ефект, т.е. ги отфрла сите страни кои го содржат тој збор.

Ако сакате да барате точно одредена фраза, тогаш истата ставете ја во наводници. На пр. "bagra - luzerski portal". Притоа имајте во предвид дека секojа мала буква што ќе ја внесете во пронајдените работи може да биде и мала и голема, но секоја голема буква што ќе ја внесете се бара исклучиво како голема буква.

Секако запамтете го и т.н. џокер знак, т.е. ѕвездичка "*", кој заменува букви или дел од зборови (некаде се користи и знакот за процент "%" за замена на една буква). На пр. ако сакате да најдете веб страни што содржат зборови што почнуваат со bag додајте му * на крајот - bag*. Резултат може да биде во случајов и bagra, но и baggy.

Понекогаш е добро да се ограничи барањето така што ќе се пребаруваат само насловите (title) на веб страните, а не и на нивната содржина, што доста добро ќе ги "исчисти" резултатите од непотребниот вишок. На пр. ако го бараме зборот bagra, но само во насловите на веб страните ќе искуцаме: title:bagra

На сличен начин можете да ги користите и:
anchor: - ако сакате текстот да е дел од опис на некој линк
link: - ако сакaте текстот да е дел од линк
host: - ако сакaте текстот да е дел од url адресата
domain: - ако сакaте текстот да е дел од url адресата со зададен domain
company: - ако сакaте текстот да е дел од документ за некоја компанија
text: - ако сакaте текстот да е дел од од некој текст на страната, а да не се содржи во насловот, адресата или некоја слика

Сите наведени синтакси нормално можат да се комбинираат колку сакате или имате потреба. На пр. ако сакате да најдете веб страници кои гo содржат зборот bagra во насловот и зборот ikspe било каде на страната, и тоа само во рамките на mk домејнот би го внеле следното: +domain:mk +title:bagra +ikspe

И на крај да не ги заборавиме и логичките оператори: AND, OR и NOT. Операторот AND најчесто има улога како и знакот "+", а операторот NOT како знакот "-". Операторот OR најчесто е дефалтен и се употребува само во комбинација со другите, бидејќи ако внесеме во пребарувачот: Opasna Bagra ќе добиеме исти резултати како и кога би внеле: Opasna OR Bagra, но различни како кога би употребиле наводници: "Opasna Bagra". Ја сфаќате разликата? ;)

Нормално имајте во предвид дека наведените финти и правила се разликуваат од пребарувач до пребарувач, и некаде се подржани, а некаде не се.