Петре, не знам јас кои ги нема по видеотеките. Бев со намера да одам на фестивалот. Одбрав неколку филмови од програмата и после сфатив дека тие филмови, веќе ги има по ДВД-теките. Инаку се ориентирав од информациите што ги најдов на нет, како и според user comments и рангирањето на филмовите на imdb.com внимавајќи на спојлери Ќе ти бидам благодарна ако имаш да предложиш добар филм кој може да се види единствено на фестивалот...
За жал не сум во Скопје, па слабо ми се исплати напорот да се задлабочувам во конкретните филмови.
Не навлегувајќи во муабетот ДВД или кино, тоа што го правам кога сум во близина на овакви фестивали, а немам фаворити, е одење на тепка. Некои од најинтересните филмови што ги имам видено ги имам откриено токму на овој начин.
Да си жив и здрав за ова.
Дефинитивно најдовбро е одење на тепка, зошто колку повеќе читаш за филмовите толку повеќе предрасуди ти се создаваат, или пак имаш преголеми очекувања од филмот што планираш да го гледаш.
Дефинитивно најдобро е да не знаеш ама баш ништо за филмот што го гледаш зошто тоа е единствениот начин да го доживееш онака како што режисерот го замислил.
Оваа година веќе утнав неколку филма или поточно да кажеме 4 дена.. Денеска одам на мојот прф филм . морам да се испофалам . Да не мрчам многу, има разлика Кино и дома .
Е баш сакам да одам да гледам некој филм, али немам кога. Филмскиот фестивал е за студенти, вработени во државна администрација (значи со фиксно работно време) или пензионери.
Јас одвај еден филм месечно у кини можам да видам.
Последни коментари