Ако E.T. испраќа малечка порака накај нас шансите дека ќе ја пронајдеме се подобри. Тоа е затоа што
Seti@home - peer-to-peer компјутерскиот проект што поврзува милиони компјутери кои испитуваат радио бранови што доаѓаат од вселената планира да ја зголеми фреквенцијата на електромагнетниот спектар кој го анализира.
Проектот ќе анализира до 20 пати повеќе податоци затоа што има толку многу корисници е е во опасност да неможе да испраќа радио податоци на нив.
Има два различни процеси што се вклучени во
Seti@home компјутерскиот проект: снимање на податоците и нивно анализирање. Во минатото анализите беа лимитирачки фактор. Проектот можеше да сними многу податоци од вселената, но пради слабата компјутерска моќ само мал дел можеше да биде анализиран за вонземски пораки.
Но сега има 3 милини корисници на
Seti@home и илјадници нови луѓе се приклучуваат секој ден со што го прават
Seti@home проектот многу помоќен од најголемите суперкомпјутери.
Толку моќен што според Ден Вертхимер, главниот научник на Универзитетот на Калифорнија во Беркли кој раководи со Seti проектот, постои можност дека ќе снема податоци за обработка.
За да се реши овој проблем
Seti@home инсталира Linux базиран супербрз дигитален снимач на податоци кој е дониран од Hewlett-Packard. Според компанијата новата машина може да снима податоци 10 пати побрзо од стариот снимач.
Според Hewlett-Packard, податоците ќе бидат стрим кој доаѓа од 13 телескопи со брзина од 5 MB во секунда по телескоп. Со поголемиот капацитет, бендвит и зголемена брзина системот ќе биде одличен за програмирање во реално време.
Во
Seti@home сеуште се тестира новиот снимач и се очекува дека ќе биде вклучен за два месеци.
Корисни линкови:
Потрага по вонземски цивилизации - прв дел
Потрага по вонземски цивилизации - втор дел
SETI@home HARDCORE
Последни коментари