Ме интересира зошто тимот на Багра, додека со отворени писма се фали дека сајтов демек бил „можеби најпосетениот македонски сајт“ (иако знаат дека има попосетувани). Ова ширење на дезинформации оди со истовремено криење на релевантните податоци за посетеност (број на единствени посети на ден).
Еј дечки, колкава е реалната посетеност на сајтов?
PS
Исто така, ме интересира зошто продолжува цензурата на моите постови, особено на оние на тема „дроги“?
1. Туу, што компјутерџија ќе беше, испаѓа не знаеш еден прецизен одговор да дадеш. Колку се тие „неколку“ илјади? 0.5, 0.7? Со оглед на тоа што до сега неколку пати бевте фатени во лажење, ќе те замолам да го докажеш ова твое тврдење.
2.1 Дури и како диктатори испаѓате некомпетентни. Ако ги цензурирате _сите_ мои пораки (што е поприлично долно и подло, за оние што не знаат) зошто тогаш не ја цензуриравте Поканата за трибина на тема малиот број на Интернет корисници во Мк, на пример? На таа тема мојот коментар дури доби и оценка +1!
2.2 Хммм, веројатно сеуште не сте нашле начин да ги цензурирате пораките во анкетите, инаку и таму ќе ги направевте пораките и линковите од лево „невидливи“. Затоа и ми имате ставено забрана да пристапам на првата страна, нели.
Како што забележал Тукидид: „правдата е збор кој има вредност во расправиите помеѓу луѓето само кога двете страни имаат подеднаква сила; во останатите случаи силните го прават она што можат, а слабите она што мораат“.
1. Направи модул кој ќе брои прецизно јуник хитови и ќе го ставиме (можеби).
2.1. Која работи тој греши. Се извинуваме за пропустот и ќе се трудиме да не ни се повтори.
2.2. 15 минути работа е, ако некогаш ни е доволно досадно ќе средиме. Ама нема зашто да се грижиш, ќе ти остане форумот, таму секогаш ќе можеш да си кажеш све што ти лежи на душа.
1. Наједноставно е да се постави независен бројач, како на пример оној од јеп ком (ама тој не е убав поради тоа што бара сајтот да прикажува реклама за казино). Од мое искуство, Сајт митер е прилично добар, иако неговите резултати не се поклопуваат со анализата на серверски логови на Вебтрендс. Еве идеја: објавете барем (статичка) анализа на логовите, оние од кои шпујунирате ајпи адреси и слично. И покрај можноста да чачкате во неа, ќе биде подобро од сегашново умусено ќутење, додека одберете.
2.1. Ај, не сте ни вие до толку смотани да ја каснете раката што ве рани, односно да го загрозите и со тоа и налутите господарот. Или сте?
2.2. Је, јеее - рајт... Јасно е дека цензурата е нешто што ја претвора досадата ви е движечка сила во животот. Од таму доаѓа и безидејноста на сајтов. Прекинете со лошотилаци, ќе видите како ќе процвета.
Последни коментари