8 јануари, 2009 - 13:38
[веб кирилица]

Колку њузери треба да сменат сијалица?

од Новица на 14 окт 2001 - 16:43
Сигурно ги знаете сите оние вицови:
Колку инжињери треба да сменат сијалица?
Колку гитаристи треба да сменат сијалица?
Колку пентиум чипови треба да сменат сијалица? итн.

Прашањето денес е: Колку њузери треба да сменат сијалица?

Одговорот....?

Одговор: 1,331

1 да ја смени сијалицата и да постува на њуз дека сијалицата е сменета.

14 да споделат слични искуства на мењање сијалица и како сијалицата може различно да се смени.

7 да предупредат за опасностите при мењање сијалица.

27 да укажат на грешните кирилични сетирања во постовите за мењање сијалица.

53 да ги појаснат борците за правилна кирилица.

156 да напишат жалба до администраторот околу дискусијата за сијалицата и нејзината несоодветност во дадената њуз група.

41 да ја поправат кирилицата кај тие што сакаат да појаснат.

109 да постуваат дека дадената група не е за сијалици и дека треба да се пренасочи во mk.alt.sijalica.

203 да бараат cross-posting-от во mk.alt.gramatika, mk.alt.kirilica and mk.alt.pravopis во врска со мењањето сијалица да престане.

111 да го бранат постирањето на дадената група со образложение дека сите користиме сијалици, и затоа овие пораки се релевантни на дадената њуз група.

306 да дебатираат за тоа кој метод на мењање силјалица е посупериорен, каде се купуваат најдобрите сијалици, кои марки на сијалици работат најдобро со дадената техника, и кои марки не чинат.

27 да пратат URL-акаде што може да се видат примери на различни сијалици.

14 да пратат пораки во кои ќе кажат дека претходните URL-а не се точни, и да ги пратат точните URL-а.

3 да пратат линкови кои ги нашле на URL-ата кои се релевантни за дадената њуз група, што исто така ги прави сијалиците релевантни за дадената њуз група.

33 да ги врзат сите постви заедно, потоа да ги цитираат целосно вклучувајќи ги сите хедери и футери, и да додадат „Се сложувам“.

12 да постуваат дека се одгажуваат од пртплатата на даденат њуз група, бидејќи не можат да се справат со контроверзијата за сијалицита.

19 да ги цитираат „Се сложувам“, и да додадат „И јас“.

4 да сугерираат соствување FAQ за сијалица.

1 да предложи нова mk.alt.kako.da.smenish.sijalica њуз група.

47 да кажат дека њуз групата mk.alt.fizika.ladna_fuzija е наменета за ваква дискусија, и дека истата треба тука да остане.

143 да гласаат за mk.alt.sijalica