8 јануари, 2009 - 17:54
[веб кирилица]

Клоца на непотребните DLL-а

од икспе на 14 окт 2001 - 16:17

Кога ќе го затворите прозорот, прозорот е затворен.
Има смисла реченицава, нели? Епа според Windows логиката не баш!

Имено кога ќе затворите некој програм во Windows некои од неговите DLL-а остануваат во меморијата. Знам, знам, ви сметаат овие мали глупави компонентчиња и ви доаѓа да ги шутнете у три лепе!!! :)

Но, не се плашете, Баграта е тука да ги реши сите ваши проблеми, па и овој.


Доста дрвење еве го кратко и јасно решението:

1. Win+R - за да се појави Run... дијалогот.
2. regedit - за да се отвори регистри едиторот
3. "прошетајте" до HKEY_LOCAL_MACHINE|SOFTWARE|Microsoft|Windows|CurrentVersion|Explorer
4. Edit -> New -> String Value и дајте и име "AlwaysUnloadDll" (без наводниците нормално)
5. на новиот стринг дајте му вредност "1"
6. рестартирајте го Windows-от

Со ова сте го елиминирале кеширањето на DLL-а. Програмите нема да ви се ре-отвараат толку брзо како до тогаш, ама кога ќе ги затворите - ќе бидат затворени! Најдобра солуција за системи со малку меморија и програмерски околини.