од AstralBoy на 28 мар 2005 - 19:01
Иако ова би било подобро (од стручен аспект) ако би го напишал некој кој навистина има добро познавање од економијата и стопанството (т.е. студира или пак имам завршено економски), или пак не (???), сепак мисалм дека подобро е да се каже на некаков начин, отколку никако.
Би сакал да зборувам за економската состојба во нашава земја гледано од страната, како ние како потрошувачи имаме голема (т.е. најголема) улога и сме директни кривци за состојбата каква што е. Ќе почам од сонот на секој човек: секој сака да биде среќен, здрав, љубен, да љуби но и да има доволно пари за да си ги дозволи како напрво, најосновните услови за живот, како и ако даде боже, нешто плус, или пак и нешто++. Неоспорно е дека парите се важни во животот, и тоа многу важни, но сепак не поважни од самите нас. Затоа мислам дека се излишни муабетете дека парите се вакви, такви и какви ли уште не, кога во суштината парите си се само пари, а тоа што се прави со нив е одговорност на тој што ги троши. Нема ништо во парите, што би предизвикале кога некој ќе ги има да стане лош, алчен, себичен и се останато, и со таква експоненцијална природа што колку повеќе ги имаш, толку си се и се порасипан.
Е сега да се вратам на главната мисла, а тоа е дека, како што напоменав, ние самите како потрошувачи и корисници на услуги, самите ја креираме економската состојба во нашата земја. Иако можеби има и други фактори, сепак мислам дека ние како фактор сме најважни. Како? Епа многу очигледно. Се што трошиме негде се произведува, а за производтсвото на тие добра се потреба во основа човечки ресурси. Епа тие вработени во сите тие различни фабрики, компании и фирми, за својата работа и труд земаат плата, и тие пари ги трошат повторно, во основа, за купување на производи и користење на услуги. Така, на најприроден начин е оформен еден ланец, синиџир по кој се вртат парите и сите се среќни и задоволни. Е сега да видими колку ние Македонците од тоа што го купуваме секој ден, а и нешто што е поскапо, е (очигледно ми е прашањето) произведоно во Македонија?, за да платата кои ја зимаат вработените во тие фирми и компании (кои во основа се нашите мајки, таткови, комшии, пријатели и ние самите) можат да ја искористат за задоволување на најосновните потреби и како што реков нешто++. Мислам дека иако решението во основа е лесно и просто - "Купувајте македноски производи", ќе се согласите дека не е и најлесно изводливо. Не е дека ние имаме куп фабрики што произведуваат најралични прехрамбени продукти, трикотажа, конфекција и техника, па така лесно да се префрлиме на македонски производи. Дури можеби и имаме произвотство на такви продукти овде, но колку ное сме слушнале за нив. Зошто немаат атрактивни продавници и реклами па да дознаеме за тие прозводи. Сега сигурно ќе речете "Па одвај некој купува во тие продавници, како тие што одвај вадат пари за плата, а евентуално и придонеси, можат да си дозволат да имаат атрактиви бутици во ГТЦ, или пак атрактивни амбалажи и уште такви рекламми?". Па во право сте, неможат (Со исклучок на неколки, секоја чест). Така сме доведени во една состојба во која ни едните, ни другите не се задоволни и секој офка. Како прво и основно, треба да се разбере дека гледано во целина, ние не сме две различни групи, потрошувачи и произведувачи, туку дека ние сме едно исто. Живееме во опшество во кое е увидено дека за да опстанеме подобро е направена таа поделба на трудот, а во суштина секој и произведува и конзумира. Затоа ако увидиме дека секој од нас, секој поединец, кога ќе ги потроши своите тешко заработени пари на некој производ или усуга кои се од македонско производство, истите тие пари ќе му се вратат и уште повеќе. Треба можеби и да се жтрвуваме на некој начин од високо квалитетните странски производи на смета на користење на нашите, но со знаење дека така, тие праи ќе придонесат за унапредување на домашните фирми и како возврат за нашата доверба (или пак ние како возврат на вашата доверба) ќе иаме високо квалитетни домашни производи. Дури истите тие можеми да ги пласираме во земји кои што би се наоѓале како во нашата сегашна "ментално/идеолошка состојба" па би ги користеле нашите производи, што би овозможило поголем прилив на пари за сите нас и многу подобар живот, како што сега ние го правиме тоа. Сега нашите пари се одливаат во сите земји низ светов и за тоа самите сме виновници, но бидејки тоа најпрвенствено зависи од нас, со верба, јака истрајност и работа на дело се може да се смени.
Тука сакам и да напоменам дека ова многу би ме радувало ако го прочитаат помладите и би го разбрале ова, бидејки од една страна, младите се главните трошачи на парите, а и плус се работи за нивната и нашата иднина. Ако денешнава младина мисли дека мора да носи облека која е Made in Italy за да покаже колку пари имаат, кога ќе пораснат можеби не ќе имаат што да им купат на децата, или пак најтрашно, не ќе имаат држава. Да не делувам престрог, но ако искрено и добро ја прегледате сигуацијата, може да се види колку многу пари се одливаат надвор во име на трендот, стилот на живеење и забавата.
Иако можеби ова изгледа утопистички, сепак ова може да биде и тоа како една убава реалност во која сме сите среќни и задоволни. Па сега погледнете дека самиот екран во кој што гледате, како и пола од работите во просторијата во која се наоѓата, сигурно не се од домашно производтсво, а замислите тие да беа од фирмата кај што работеше вашиот татко, мајка или пак моите, тогаш јас воопшто не би го пишувал ова, ни вие воопште не би ви паднало на памет, деке ете можеби ова лето не ќе можете да си дозволите одмор на Малдивите.
Последни коментари