You are here

Девојка за придружба

Беше петок, при крај на работното време, кога ми заѕвони мобилниот. Го препознав бројот на Лука и тоа ме штрекна. Лука беше мојот работодавец во сенка. Бевме договорени да не ми нуди тезги додека сум на работа и ова ме изненади.

- Итно е нешто? -го прашав веднаш – Нели знаеш дека не треба да ми се јавуваш на работа...

- Џули, моеш да збориш? Океј...почекај цигара да зеам...маче, не е итно, ама важно е. Види, иам некого за тебе, уствари сигурно ќе ти текне, Васо ма, Васо Аванти,... -тука направи пауза, го слушнав како издишува дим од цигарите врз слушалката, па продолжи – Плаќа за цела ноќ. Добри пари се тоа.

- Аванти? - потпрашав.

- Аванти му се вика фирмата де, па сите го викаат Васо Аванти -ми одговори Лука.

- Цела ноќ сака? А му кажа ли дека не прифаќам се и сешто? - прашав со недоумица.

- Знае бе. Те знае он од порано, само не бил со тебе. Со сестрите памтам дека беше еднаш или два пати. Ако не сакаш, знаеш дека не мора да идеш до крај. Ама пристојна фаца е дечкото, уживај и не се секирај за ништо. Договорено?

- Добро Лука, добро... Морам да прекинам сеа. Јави ми после кога да се најдеме. -завршив пред некој да го чуе муабетот.

Лука ми беше дечко едно време. Потоа кога почнав да сфаќам дека нема да биде ништо од нашата врска, тој постепено успеа да ме вовлече во бизнисот во кој сеуште сме заедно. Воедно и ми ја објасни теоријата за наплаќање на интимните услуги, услуги кои и онака многу девојки со години им ги пружаат бесплатно на своите дечковци, за да на крај завршат напуштени и искористени.

Знаев дека бев попривилегирана во однос на останатите девојки за придружба, можев да бирам со кого да бидам и со полно право да не прифаќам никакви изопачени предлози од страна на муштериите. За разлика од мене, сестрите не бираа многу и прифаќаа се што ќе се побараше од нив. Сестрите беа од внатрешноста, плаќаа кирија за стан и секоја пара им беше добредојдена. Имаше уште една девојка на лагер во агенцијата, Ивона ја викаа, но Лука ја избегнуваше и не сакаше да си има работа со неа бидејќи влечеше нерасчистени сметки со претходниот работодавец.

Од услугите што ги пружавме во агенцијата можеше лесно да се стигне до пари без некој посебен напор. Не постоеше некоја одредена клиентела, нашите услуги ги бараа припадници од машкиот пол на различна возраст, со различно искуство и од разни причини. Сепак најмногу сакав да работам или со многу помладите или пак постарите. Тие според мене, како да имаа оправдана причина да ги бараат услугите. Помалите ми беа поинтересни, нив ги издаваше неискуството и желбата за учење, секогаш кога со неуки раце истовремено ги стискаа облините на моето тело. Постарите пак не штедеа на комплименти изразувајќи ја својата благодарност поради возобновеното чувство на задоволство кое најверојатно се поретко им се случуваше во животот.

Васо Аванти не спаѓаше во овие групи, туку беше од оние помеѓу 25-35 години, кои не ми беа баш омилени затоа што обично бараа услуга поради некои неостварени перверзии.

Добро установено правило беше додека клиентот ја плаќа сметката во ресторанот, да станам од масата и да се упатам кон тоалетот. Тогаш Лука ќе се дигнеше од некоја од околните маси и ќе ме пресретнеше за да дознае на што сме. Ако прифатам да бидам со клиентот таа ноќ, навистина ќе одев до тоалетот, а за тоа време Лука ќе уговореше со типот и ќе ги броеја парите под маса. Ако пак се откажувам, наместо кон тоалетот ќе фатев магла надвор и право кај колата на Лука, да го почекам додека тој ја изглади ситуацијата со несудениот муштерија и на фин и културен начин му објасни дека ќе остане сув таа ноќ.

Меѓутоа, вечерата таа ноќ во ресторанот со Аванти помина добро и решив да одам до крај, иако Аванти по зборувањето, како и со дебелиот златен ланец, корпулентно тело и широкиот врат, ми заличуваше на турбо фолк типче. Лука го одработи својот дел, сметките беа платени, и јас и Аванти се упативме со неговиот мерцедес кон местото на настанот.

Влеговме во станот, Аванти запали светло и наеднаш сфатив дека овој дом ми е многу познат од некаде, но никако не ми текнуваше од каде. Се ми се чинеше како да сум била тука и порано. Аванти го сврте клучот двапати во бравата и го постави хоризонтално, за да не може да се отклучи од надвор, па побрза кон мене.

Со едната рака ме прифати позади половината и ме приближи кон него. Другата рака нестрпливо ја завлече под предниот шлиц на црната сукња под која не носев ништо и со неговиот прст полека продре во мене. Ја испуштив лежерно ташната на подот, веднаш потоа се слизна од мене и наметката која ми беше на рамењата и помислив дека почнуваме со ритуалот уште од врата. Гледајќи ме право во очи, Аванти продолжи да продира еднаш, двапати,...веќе почна и да ми се допаѓа, кога наеднаш престана, ја сврте главата и без да го вади прстот силно се провикна: „Симооо!“ .

Изреволтирано почнав да му ги тргам рацете од мене, но безуспешно бидејќи ме држеше приклештено, најверојатно очекувајќи ваква реакција.

- Што е ова?! -почнав да врескам избезумено- Вака не се договоривме, сакате еден да плаќа, за цела сурија да дупи! Ќе му се јавам сеа на Лука, има да ве срамни со земја! - викав удирајќи по него.

- Чекаај, чекај... - ме смируваше Аванти. - Само проверувам да не е Симо случајно сеуште во станот, негов е, не е мој. Требаше вечер да оди за Грчка, не стигнав да го контактирам уште еднаш откако го земав клучот.

Ова ме смири малку.

- И што ако е во станот? Што праиме тогаш? -реков.

- Гарант не е, ќе се јавеше до сега. Дојди, ќе прошетаме внатре, мора да се увериш дека нема никој.

- Ајде,… -воздивнав и полека се упативме од ходникот кон дневната. Прстот сеуште му беше укотвен во мене, па морав да потрчнувам со ситни чекори, како некое кученце на кратко каивче.

- Пали светло, од таа страна е. Еве ја дневната. Дојди наваму. Овде има купатило, гледаш некој Симо тука? Еве го бе, се удавил во кадата, хаха! - се правеше интересен типот. - Упсс, да го уклучиме бојлерот, ќе ни треба. Овде е спалната, врти назад сеа, полукружно, е тааака, ајде уште кујната да ти ја покажам и балконот.

Се вративме во дневната.

-Џули, глеаш дека нема никој.... Еј, ама ти е топла, врела ти е... Сакаш да те разладам? - најпосле го извади прстот премачкан со моите сокови и го помириса затворајќи ги очите.

- Мммм…добра си - го проба површно вкусот и ми рече- Излижи го цел, ама добро.

Го излижав, цело време следејќи ја реакцијата на неговото лице.

- Ух,…одлично -рече Аванти и почна набрзина да се расоблекува. Немарно ја префрли јакната на стол од трпезаријата, а на масата спушти некои дребулии како мобилен, паричник и некои клучеви.

- Ќе одам до кујна- рече- морам да ти ја разладам малку. Ќе видиш добро ќе ти дојде. Ти за тоа време соблакај све од тебе, све освен штиклите.

Упатувајќи се кон кујната, патем си ја соблече мајцата и ја фрли на подот.

Што ли ќе ископа сеа од кујната за да ме разлади, се прашував додека се соблекував. Мраз можеби, бррр... Се расположив кога се врати од кујната и видов дека носи спреј со шлаг. Кога ме виде само по штикли, забележав како искри почнаа да му севаат од очите, кои повеќе не се ни трудеше да ги тргне од мене. Со една рака успеа да ги раскопча панталоните и да си го поправи пенисот чија глава ѕирна над боксериците.

-Ајде, одиме во спалната.- ми предложи.

Ја грабнав ташната во која носев презервативи и се упатив гола кон спалната.

-Легни овде, само рашири ги нозете…е така, такааа…-рече Аванти.
Ги следев неговите инструкции. Легнав на грб, со широко раширени нозе кои ги свиткав во колената. Со штиклите се потпирав на лежајот. Видов како погледот извесно време му остана вперен кон мојот клиторис.

-Често доаѓаш овде? – го прашав неочекувано колку да го вратам во реалноста.

-Не бре, јас сум ти среќно оженет човек, со обврски - ми одговори и почна да се ослободува од панталоните.

-Па твоите што мислат, каде си сега?

-Моите, ако толку те интересира викендов се на гости, надвор од Скопје - рече Аванти и се искези- Е, многу прашуваш, стварно.

Го зема спрејот во раце и почна внимателно да ме прска со ладниот шлаг врз брадавиците на градите. Ме наежи цела. Потоа се спушти надолу и во секој момент очекував дека ќе го осетам студенилото од шлагот на клиторисот или усните. Но, тоа изостана. Ги олабавив вагиналните мускули и тогаш кога веќе не очекував да го искусам ладниот допир на шлагот, е тогаш, тогаш Аванти го нанесе во изобилство. На крај зема од шлагот доле, и со прсти ми го размачка и горе на усните, за да пробам.

Седна странично до мене за да не се измачка, се наведна и почна да ме бакнува по лицето додека целосно не го отстрани благото. Потоа продолжи кон градите и го излижа шлагот од врвот на пупките, површно гризајќи ги со заби и нежно гребејќи ме со брадата. Не беше лош и почна да ме пали, иако за мене Лука беше неспоредливо многу подобар од кој било друг. Се префрли меѓу моите нозе, се наведна со главата и почна да го смука слаткиот крем од моето меѓуножје. Со едната рака ми ги отвори долните усни и проба да продре со јазикот меѓу моите ѕидови, додека со прстот од другата рака кружеше полека масирајќи го клиторисот.

-Сакам да бидеш што повеќе влажна за мене- рече убедливо.

Најпосле целиот сладок премаз од мене беше отстранет, па Аванти ги соблече боксериците и ме опчекори врз лежајот потпирајќи се на колената. Пред очи ми се најде неговата машкост, која всушност беше масивен влажен пенис, помалку подвиткан нагоре и закривен кон едната страна.

-Многу сакам да го тријам меѓу цицки, а твоите Џули, се совршени за таква работа… – ми кажа и почна да си ја остварува желбата послужувајќи се со моите гради.

После некоја минута насладување и испуштање звуци на задоволство, почна со телото да се движи наназад. Притоа, неговиот пенис ме допираше со главата, пишувајќи мокри трагови по мојата кожа, додека тој се повлекуваше надолу со намера да пенетрира во мене. Му подадов презерватив од ташната и тој нестрпливо го намести, решен да влезе во мене.

. . . . . .


Помина шест саат сабајле. Си ги најдов делчињата од гардеробата низ станот и полека се облекував. Бев готова да заминам.

- Одиме? -прашав мамурно, порамнувајќи ги прекривачите.

- Ајде. Остави, не раскревај ништо - ми рече.

- Другар ти Симо нема да мрчи кога ќе го види овој хаос дома? -прашав помалку зачудено.

- Немаш гајле за Симо. Тој дури да се врати утревечер, овде бре све има да блиста. - рече Аванти подрипнувајќи на една нога додека си ги облакаше панталоните. – Сабота е, па секако доаѓа жена да чисти околу пладне. Може да останеме уште некое време, ако сакаш.

- Не, не, договор си е договор и готово... -се бранев.

- Ќе ти доплатам, тоа е најмал проблем за мене - почна да се воздига Аванти.

- Толку за денес -пресеков. – Лука ги прави моите договори, јас само ги спроведувам и подобро ништо да не превземам на своја рака.

- Лука, па Лука! Абе не гледаш дека тој само ти ги зема парите, паразитира и печали на тебе. Јас ти предлагам ние сами, без него да се договараме за во иднина. Нема да те извисам, дури и ќе ти плаќам повеќе од тие трошките што он ти ги фрла. Колку те плаќа он, а срц? - се обидуваше да дознае нешто Аванти.

- Морам веднаш да одам кај Лука - излажав.

Веќе стана густо и време за откачување. Почнав да повикувам такси од мојот мобилен, иако се наоѓавме некаде во близина на моето место на живеење.

- Абе ја ќе те однесам - се понуди Аванти.

- Не фала, стварно нема потреба, и онака Лука инсистира со такси да одиме до него -се вадев.

Се симнувавме по скалите. Вообичаено, се знаеше кој прв сака да го напушти местото на настанот, па така јас секогаш одев напред, а клиентот слегуваше зад мене. Упорно премотуваше пораки на мобилниот што му пристигнале во сандучето додека бил зафатен. Таксито веќе чекаше пред зграда. Чао! беше последното нешто што го разменивме пред влезот на зградата. Аванти нестрпливо далечински си го отклучи својот мерцедес компресор, на кој сигурно беше многу горд.

Влезе во колата, запали, но не поаѓаше. Сфатив дека чека јас прва да појдам со таксито, за да се увери каде навистина ќе одам. Понекогаш не е лесно откачувањето. Влегов кај таксистот и кажав дека треба да одам до Градски зид, дестинација во близина на станот на Лука. Тргнавме и како што си мислев, Аванти почна да не следи.

Конечно стигнав со таксито пред зградата на Лука и дојде време мојот веќе бивш клиент да се увери во мојата измислица, дека навистина во овие ситни саати ќе одам кај работодавецот. Како што забавуваше таксито пред зградатаа, почнав провизорно да пребарувам пари по чантата. Во истиот миг се случи и она што го очекував. Забележав како мерцедесот ревносно ме одмина, крвнички додаде гас и спрашти кон центар. Звукот остана уште некое време присутен во воздухот, одекнувајќи по пустите улици, за потоа да се изгуби без траг.

Меѓу паркираните коли пред зградата, по некоја чудна навика почнав да ја барам колата на Лука. Ја забележав, беше таму. Задоволно се свртев кон таксистот и му кажав дека сепак ќе треба да одиме до Карпош IV.

- Па нели од таму и дојдовме? -се зачуди тој, но се воздржа од понатамошни прашања и тргна.

Добро е, уште еден хепиенд, си реков себе си додека наближував кон дома. Лука ќе почека до вечер, како што впрочем и бевме договорени.





Категорија: 
Теми: 

Comments

aceva's picture

Ај пробај да напраиш затворена финансиска конструкција за јавна куќа со машки провајдери, да видиш колку е комплицирано. Најголемиот проблем ми е дали да се наплатува по време или по свршувачка. Овие нашиве женички како што знаат да изглумат оргазам, ќе сконтаат дека треба да изглумат неоргазам, никад нема да признаат дека свршиле и стално ќе треба да им се враќаат парите. Значи, втората опција отпаѓа. А, и првата нешто не ми се исплати (зборам од позиција на сопственик на фирмата), пошто ќе ми пресвисне работната сила после еден саат веслање, уште треба појачана исхрана, витамини, социјално..... Прооооблем, што да ти кажуам. Просто ми иде башка тема да отворам.

frajer's picture

Нема што да се наплаќа по свршувачка, си се наплаќа на саат. Дали девојката свршила или не е ирелевантно во ситуацијата.
Нема гајле, колку и саати да биде. Работа си е работа, кога се согласила да го прави, нема проблеми од физички аспект.
Си имаат тие жени капацитет за барем 8 часовно работно време.
Пак ќе повторам, пичката не се абе до толку. Да, си има прекумерната конзумација последици, но не е нешто драстично. Може сосема задоволувачки да се тера таа професија и 10-тина година. Затоа најважно од се е ставање на ваквите дејности под закрила на државата, не од етички аспект, тука етиката си е задоволена, се работи за индивидуи кои се зрели личности и кои се сложуваат за размена на услуга за пари, туку улогата на државата е во контрола на плаќањето на данок, сепак се работи за промет на пари, евентуално пензиско и здраствено осигурување.

aceva's picture

Скјузми фраер, за обратна ситуација зборуваме. Јавна куќа за ЖЕНСКИ клиенти, плаќачи, побарувачи, диктирачи на пазарот.
Ај сеа, препрочитај си го својот коментар во машки род - клку и тешко да ти оди ; )

frajer's picture

Глупости, зошто би постоеле такви јавни куќи, девојка ако не е отров во изглед, може сосема лесно да се изебе, имаш плејада на сосема згоди, излезени за секс дечки, ако не си до нивните критериуми си има и очајни машки кои со задоволство би копулирале со тебе. Од друга страна, ако е ептен гадна, значи неприфатлива ни за најочајните по клубовите, се сомневам дека некој би се нафатил, без разлика на парите понудени. Не е до немањето на желба, едноставно, хидрауликата нема да му работи.
Нема што да се плаќа навистина.
Всушност, нема ни што да жена да го бара тоа, вие сте за љубов, не за секс ;)

PetarK's picture

Тргајќи ја настрана заебанцијава (или не) со борделиве за жени, суштината на твојата порака е следнава:

Жените кои „пристојно“ изгледаат нема шанси да се чувствуваат сексуално незадоволени бидејќи немаат проблеми да си најдат „згодни, излезени за секс дечки.“

Кое тропање на глупости...

mao_ce's picture

Ne e do nemanjeto zelba,ednostavno,hidraulikata nema da raboti.

To majstore.Edna sto ja ima u moja naselba nikoj ne bi ja ni za 7 cifri cvrsta valuta.Ima brada ko Nikola Karev u najbolji dani.

Chombe's picture

Пак ќе повторам, пичката не се абе до толку.

П*чка не е сапун да се троши. - (ц) Стара pimp поговорка.

PetarK's picture

Хм... баш си го погодила главното прашање за наплаќање по оргазам или на време. :)

Само, зарем не било тешко на добар дел од жените да глумат неоргазам? Плус, веројатно екстра мазење после свршување би било стандардна работа, што тешко да се побара ако се глуми неоргазам?

Цццц, се гледа дека не ми се работи на школските работи во моментов.

Кого го интересира муабетов ќе најде интересни работи на економскиот блог Marginal Revolution.

frajer's picture

Нешто апстрактно ли кажав па да не разбираш?
Треба ли да повторам.. ај ќе елаборирам на нај low-level формат-

просечна девојка- тоа е девојка што ја означуваме со 6-7 максимум...
може да има проблеми со ебење, но најверојатно ќе се изебе, ако сака.
сите над неа имаат огромни шанси да се изебат...
како се оди накај 8-9 шансите експоненцијално скокаат - девојките немаат шанси да не најдат некој кој ќе е и повеќе од расположен да ги расположи.
за под 6..несакам да коментирам.. жално е навистина, но не гледам решение за тие девојки во one night stand.. незнам, евентуално ако најдат некого ептен запиен па да незнае што прави или некој со фетиш кон грозни девојки. Секакви ги има.

Така да одговорот на твоето прашање е да.. ако се двоуми некоја девојка дали да плаќа за секс, нека се замисли за алтернативите... Еве јас ќе се погрижам за некоја бесплатно, ако е добра. Алтруизам, особено кон македонкиве имам. Знам како им е. Но си имам критериуми. За нив, на пвт.
И за машките си има шанса да најдат нешто, но некогаш времето потребно за добивање на пичка, не е исплатливо. Треба човекот кој е заинтересиран за тоа да си прецени - дали вреди да се мавта со некоја девојка неколку дена пред таа да му даде и тој да се почуствува задоволено, или е поубаво да плати на некоја за истото. Дали можеби губи време на работа и не ја завршува работата оптимално, токму поради мислата за тоа дали ќе ја биде работата или не.
Значи проценката е важна -индивидуално си е секако, на кој како му одговара, јас немам ништо против желбите на останатите. На кој како му одговара, демократија си е кој што сака си прави.

frajer's picture

репликава треба да биде неколку сантиметри погоре.Ја имав прочитано претходно неговата реплика и милсев дека е истата Се извинувам за грешката, но истата е оправдана. Никогаш не би претпоставил дека човеk со воздржани и конзервативни ставови како ПетарK би реплицирал повеќе пати на ваква тема. :)

PetarK's picture

Очигледно јас треба тебе да ти објаснам на лоу левел формат. Фаличниот дел на твојата логика не е дека жените може лесно да се сексаат колку сакаат. Фаличниот дел е што мислиш дека секс колку што сакаш безусловно значи сексуално задоволување.

Инаку, ако под воздржани мислиш промислени ставови, тогаш да, такви мислам дека ми се ставовите. :) Ако мислиш конзервативни во смисла не-комунистички и тоа да, барем во контекст на срединава.

Арно ама, на основа што заклучи дека сум „сексуален конзервативец“, да измислам израз? :)

frajer's picture

Мојот пост беше околу тоа дали жените има смисла да плаќаат за секс. Мојот став беше дека нема, бидејќи сосема слободно и бесплатно, ако жената задоволува некакви минимални критериуми, може да си најде сексуален партнер, па во процесот кој следи има голема веројатност да пронајде сексуално задоволство на исто ниво кое што ќе и биде понудено и во професионалниот пеглачки салон.

Исто застапник сум на ставот, дека за машките е поприфатливо да се ебат со аноноимна девојка, отколку девојки со непознато машко.
Се разбира, пак ќе повторам, во некакви граници на толеранција во однос на физичкиот изглед.

Го предизвикувам на дебата мислењето дека ситуацијата тука е еднаква и дека нема разлика помеѓу машки и женски за ова прашање.

А за тебе лично, ќе бидам краток, сметав дека си човек кој се држи настрана од вакви теми.
Ништо лошо, напротив го почитувам и тој став. Но еве си го променив мислењето. Добредојде за муабет:))

солЗ's picture

За секс не плаќаат само припадниците на машкиот род кои што не можат на друг начин да го добијат. Некои плаќаат (и тоа подебело) проститутка за со неа да реализираат некои фантазии/перверзии кои не можат да ги остварат зошто се срамат, не сакаат или не можат со партнерката.

Е па и жените си имаат фантазии и настраности бе! Се случува и во подолги врски да не успеат да се опуштат и реализираат. А во тие неколкуте часа блискост со некој непознат кој го собрале во некое место каде што се конзумира алкохол, тешко дека веројатно е дека ќе се запознат доволно за да се навлезат во "мрачната страна" (можеби кај некои ова е обратно, и успеваат да се опуштат само со непознати, ама јас изгледа не знам такви). "Што ќе помисли за мене?" е малограѓанско мисла со која се себеизмачува скоро целиот женски род, а и не е толку неоснована кога ќе се земе во предвид големината на Скопје и потребата на машките да се пофалат за своите подвизи :-) (Чест на исклучоците, знам дека постојат и во двата рода)

Значи потребите за постоење машки проститутки се: загарантирана дискреција, екстремно мала веројатност да се заљубиш во него (пошто не улетуваш со лажни очекувања), скоро никаква веројатност да се заљуби во тебе па да биде повреден (да, да фрајер, и ова се случува).. и ред други работи како сигурност дека тој некој ќе се потруди твоето задоволување да го стави пред неговото.

И да, легализација на проституција, од сите причини што ги нареди фрајер погоре.

aceva's picture

Бравос, дубоки наклон.

toomuchisnotenough's picture

„Фаличен“ - баш го погоди :)

+1

toomuchisnotenough's picture

од моето скромно познавање на женската сексуална динамика, ми се чини дека е полесно да се препознае одглумен неоргазам, отколку одглумен оргазам.

додуше, мене никад не ми одглумиле оргазам... ;-)

kontraska's picture

"додуше, мене никад не ми одглумиле оргазам... ;-) "

Така е кога си имаш работа со аматери :)

toomuchisnotenough's picture

башка што се аматери -- пребрз сум за нив!

aceva's picture

Кај си ма тумачиште! Колку ми фалеше твојот аналитички пристап во решавањето на загаткава што сама си ја поставив. Де земи пенкалото, и дадените премиси и срочи еден бизнис план - краток. Колку за кредит да ни дадат. Имаш 35%.

toomuchisnotenough's picture

за пенкало да се фатам ме бива -- за да биде кратко исто така. иначе, имам ја цели 100%, али само изгледаат како да се 35%.

дополнителната анализа е мислам непотребна -- доволно е срамота и вака.

:(

п.с. и нема смисла да ми викаш "ма" -- и покрај горниот (односно долниот) дефицит, сепак формално можам да бидам сметан за "бе".

aceva's picture

: ))))) 35% од профитот на "женскоуживачкиот центар за реласкација" ти нудев, БЕ -формално, ако ja аргументираш идејата.
За памет те барам, не за оператива. Поготово не, ако сметаш дека твоите 100% ќе го расипат бизнисот ; )

toomuchisnotenough's picture

абе знам ја ти мене што ми нудеше, ама кај што боли забот, таму оди јазикот.

во секој случај, благодарам за понудата, но кога невестата ќе ми се врати од пат вечерва ќе имам 100% (бесплатен) пристап до мојот локален "женскоуживачки центар за реласкација". за жал, станува збор за монопол, така што било какви деловни (па макар и консултантски) ангажмани надвор од тоа би биле сметани за нелојална конкуренција со сериозни последици во поглед на долгорочната експлоатација на моите 35%.

aceva's picture

OK. Гот ит. Ти не си пазарно ориентиран, невестата заработуе : ) Оди ти забањај се за дочек, а ја сеа сама еден предлог проекат ќе зделнам, со сите воведи, оправданости, дифернцијални анализи, проценки на ризици и курчеви карики, па ќе го турам на општото мнение тукавашно.

toomuchisnotenough's picture

Мала исправка: невестата заработуе и ме ориентира за на пазар.

Ти фати се за делкање, а коа ќе доеш до делот за курчеви карики, консултирај некој друг, пошто кај мене е тоа решено со нанотехнологија.

StormAngel's picture

Фала богу тука никого не бричат...или грешам? =))))

Како и да е, реков ја дека те бива тебе за вакви раскази.

П.С- Дали Лука дочека?

toomuchisnotenough's picture

ми се допаѓа, само имам една забелешка: тоа што џули користи зборови како „пенис“ и „презерватив“ звучи малку стерилно и ја намалува нејзината убедливост како лик. џули е глорифицирана курва, а не наставничка по сексуално образование во основно училиште.

Букаро's picture

нели кур & пичка те вознемируваа?

Чоек смири се. Ќе ја ебам баба ти на летање оти.

toomuchisnotenough's picture

абе буки, како може да ме вознемирува кур или пичка? па има ли поголем извор на задоволство од нив? добро де, има, али друг пат за тоа...

она што ми иде на курац е кога тие се користат како главно средство за постигнување на ефект кај публиката, како што тоа го прават 3-4 годишни деца кога ќе забележат дека возрасните реагираат со шок и смеа на нивната употреба.

во оваа приказна има неколку места каде што токму тие зборови требало да се искористат во интерес на реалноста на ликовите.

иначе, ми се свиѓа тоа со баба ми... ќе може да глеам?

Bojan7's picture

Ti sakash da si ELTON?
Ke te smiri bate strpi se edno 5 dena
ti samo se navedni
o silno zamizi
ke go vidis Elton faking JOnh

toomuchisnotenough's picture

боки,

погрешен тред. ај сеа пробај пак, али на право место, па да ти одговорам...

aceva's picture

Се пее ли ова Бојане, жифти сфе. Пермишн барам да го навезам текстов : )))) И зашто мора човекон да се стрпува 5 дена, pls?

sheelanagig's picture

i ja sakam da gleam...

Robomarket's picture

Или па кога некој ќе напише к*р или пи*ка.
мх мх...БАГРА-БЕЗ ЦЕНЗУРА бре, дај олабавете се.

StormAngel's picture

Ај не ми јади пичката многу ти. =)))))))))
лол

triipol's picture

::::ти ќе ми се натртиш од љубов и почит::::

ме изнасме бе toomuchisnotenough
..............................................

А за расказот ок е, ако ти си го писувал/а браво

А за цурата што се ебе за пари, нејзин проблем, ако не и смета да го прима и да добива парична надокнада за тоа нека си продолжи да го работи

Неможе сите да бидеме доктори, директори и газди
Кој како ке си се снајде

IvZed's picture

проблем?!

devojceto's picture

"Му подадов презерватив од ташната и тој нестрпливо го намести, решен да влезе во мене".-----

Еееее,нај јакото и заврши....тууууууу за ѓабе гибање цело време!!!!:))))

tino097's picture

-Многу сакам да го тријам меѓу цицки, а твоите Џули, се совршени за таква работа… – ми кажа и почна да си ја остварува желбата послужувајќи се со моите гради.

ТУРСКА ЧАКИЈА закон!!!

ГоранОдЧаир's picture

интересно..само по муабетот треба она да му плати пошто ми делува као она да ужива повеќе...или си дозволи остварувањето на некои твои фетиши да го пренесеш тука...;)
а..за BMW-њата, мерцедесите, peugeot-а пред Гоце и Стив...има вистина има....!?

Mistress's picture

Фала богу некој да ме праша мене за мој фетиш. Епа дечки мој фетиш е лептир машна (ама не на врат...)

Use your imagination!

:)))

Букаро's picture

Каде бе? На газо? Сосе мустаќи?

уаухауахуахуахузхауахуахуахауахауауа

Mistress's picture

Опет криво. А на дофат ти беше...

StipJaNec's picture

Добро е, уште еден хепиенд, си реков себе си додека наближував кон дома.

Dobar Hapyend.. mi se dopaga super e !!!!

Mistress's picture

"Му подадов презерватив од ташната и тој нестрпливо го намести, решен да влезе во мене".-----

Еееее,нај јакото и заврши....тууууууу за ѓабе гибање цело време!!!!:))))

Девојчето: стварно доста се гибаше, ајде горе рацете ти се молам :)))

Сеа озбилно. Ме проваливте, нема што. Презервативот од ташната беше последното нешто што го напишав од двата дела. Кој пишел нешто свое знае дека не се оди хронолошки со пишувањето, туку скокаш низ редовите и верглаш напред-назад да пополниш празнини. Имав уште многу да кажам таму, но беше 4 ам и се предадов :))))
Додадов 5-6 точкици и толку беше.
Не стигнав да ги испукам сите dirty замисли до крај.

Да не заборавам: фала до админите што не ги објавија деловите истовремено, туку со размак од барем еден ден “како што впрочем и беше договорено“ ;)

PetarK's picture

Еден општ совет: освен ако не е deadline, никогаш не предавај работи кои си ги завршила во 4 сабајле. Еден ден да го оставиш напишаното, потоа со подруги очи ќе гледаш на истото.

Факат дека во 90% случаи ќе ти се чини многу помалку ремек дело отколку во 4ам, ама реалноста е корисна работа. :)

Mistress's picture

Знам на што мислиш и се слагам со тебе повеќе од 90 % :)

Се што се однесува до креативност го оставам да одлежи барем една недела и кога веќе ќе почнам да заборавам на тоа, е тогаш ќе ја растресам прашината и му фрлам по некој критички осврт итд... И ова беше спремно одамна, останаа само корекциите и делот со шлагот кој го нашлакав на брзинка :) Дури и се изненадив колку брзо го решив ;)))))

Pages