8 јануари, 2009 - 13:16
[веб кирилица]

Фајрфокс на македонски

од Глиша на 24 мар 2005 - 18:41

Додуше одамна е на македонски ама од верзија 1.0.2 има и официјални македонски верзии со инсталација за Линукс, Виндоус и Мак Ос Х.

За тие што сеуште(?) незнаат - Фајрфокс е слободен софтвер, или ако повеќе милувате, софтвер со отворен код. Ова, покрај тоа што можете да го користите за било која намена, тоа што кодот му е достапен и можете да го редистрибуирате и делите, значи и дека можете бесплатно да го преземете од www.getfirefox.com.



Во случај да се прашувате зошто да го смените вашиот IE, обратете внимание на можностите на Фајрфокс. Прелистување со јазичиња (табови), блокирање на непожелни скокачки прозорци, активни обележувачи, интегрирано пребарување со Гугл или било кој друг сервис кој ќе си го подесите... и огромен број на екстензии кои можете сами да си ги инсталирате за да го прилагодите Фајрфокс на своите потреби.

Главна заслуга за македонските верзии на прелистувачот Фајрфокс имаaт Новица и Дамјан, со срдечна помош и подршка на целата македонска заедница за слободен софтвер.

Ако сакате посетителите на ваш сајт да имаат поубаво и комплетно доживување препорачајте им да го користат Фајркфокс со некој од овие банери.

Опции за гледање на коментари


сликата на Новица
Фајрфокс на македонски - од Новица на 24 март, 2005 - 19:53

Како „одговорен“ за ФФ на македонски, се чуствувам обврзан да кажам дека не баш сите билдови на Фајрфокс се целосно слободни. Но, се сомневам дека ова ќе им значи нешто повеќе на обичните сурфери, иако би требало да им значи.

Тоа.

сликата на Mistress
Фајрфокс на македонски - од Mistress на 24 март, 2005 - 20:01

Кои екстензии ги препорачувате?

сликата на Новица
Фајрфокс на македонски - од Новица на 24 март, 2005 - 20:09

Јас ги имам:

Download Statusbar
Flashblock
Tabbrowser preferences (проблематична со мк-фф, заради некои глупости со чешки превод, али лесно се поправа)
miniT
QuickTabPrefToggle
(Овие три се преклопуваат во некои фунцкионалности.)
Go Up
Gmail Notifier
Checky
Web developer
Live http headers

сликата на GoodBytes
Фајрфокс на македонски - од GoodBytes на 24 март, 2005 - 20:26

RE: Gmail Notifier

Не знам дали знаеш, но веќе некое време GMail може да се чита/праќа преку email клиент.

POP: pop.gmail.com
SMTP: smtp.gmail.com

сликата на солЗ
Фајрфокс на македонски - од солЗ на 24 март, 2005 - 22:48

Јас ги имам овие, и прилично се корисни:

UndoCloseTab
ImageZoom
Session saver
Download Statusbar
Adblock
Flashgot (ако ти треба интеграција со некој downoad manager)

Фајрфокс на македонски - од Глиша на 25 март, 2005 - 13:08

StumbleUpon е интересна.

сликата на ZisDead
Фајрфокс на македонски - од ZisDead на 25 март, 2005 - 14:00

ForecastFox

Idiocy Level

Virtual Joint

сликата на BugS
Фајрфокс на македонски - од BugS на 25 март, 2005 - 14:01

- AdBlock
- FoxyTunes
- FoxyTunes skin FIRemote
- CuteMenus
- Session Saver
- StumbeUpon

сликата на Pontius_Pilatus
Фајрфокс на македонски - од Pontius_Pilatus на 24 март, 2005 - 20:06

Мене стандардниот firefox ме зезаше при логирање на xxx сајтови, односно, ќе си најдев user name и password негде на нетов и не мозев да се логирам асално, а преку I exolorer си се логира без проблем. Некое чаре? Да не треба да се симне некоја заштита?

Фајрфокс на македонски - од дамјан на 24 март, 2005 - 22:30

Најверојатно тие сајтови сакаат да ти убацат некој тројанец, спајвер, сида или друг вирус и пошто тоа не можат да го направат преку firefox, те тераат да користиш IE со тоа што „не работат“ со firefox.

Провери си го компјутерот.

сликата на GoodBytes
Фајрфокс на македонски - од GoodBytes на 24 март, 2005 - 22:05

Покрај можностите (ОК се), мене ме интересира и сигурноста. Тоа е всушност и поважно. Дали некој од вас знае за реалните опасности при користењето на ФФ?

Да појаснам: пред да се префрлам на ФФ, го користев ИЕ со Spybot, со активен скрипт блокер. Брзо забележав дека ФФ не ми блокираше скрипти кои Spybot веќе ги блокира. За жал, сеуште не сум чул за верзија на Spybot која ќе се интегрира со ФФ. Втора работа, благодарение на ФФ, добив некој тројан кој се закачи во некоја стандардна Јава архива. Трета работа, преку ФФ ми се инсталира некаков viewer за џиџи-миџи, без јас тоа да го побарам или да знам дека се инсталирал. Четврто, ФФ попап блокерот не успеа на неколку наврати да ми блокира попапи, а истите попап блокерот на ИЕ ги блокира. И така, се вратив на ИЕ за сурфање, а ФФ го користам многу поретко, и секогаш по потреба.

Јас не знам дали ова се официјално признаени проблеми со ФФ, дали некаде се пријавени. Може да се работи само за моја „перцепција“ или преголема предострожност, со обзир на тоа што си ги ценам податоците кои ми се на компјутер. Значи, колку навистина е безбеден ФФ?

(Би бил среќен ако ме убеди некој дека Е)

Фајрфокс на македонски - од дамјан на 24 март, 2005 - 22:45

Статистиката за сега е на страна на Firefox.
Е сега:

1. Спајбот - каков софтвер е тоа? Ако не можеш да му го видиш source-от не би му верувал. Сигурен ли си дека те штити од нешто или само „се прави“ дека блокира некои тиси скрипти колку да те залаже дека е корисен?
Какви скрипти не ти биле блокирани од Firefox? (ако можеш ова убаво да го документираш ќе го пратиме во bugzilla па набрзо ќе добиеме и решение на проблемот - ако постои).

2. Јава - Firefox-от нема никаква врска со сигурноста на Јава плагин-от (или пак Flash), затоа на пр. јас воопшто него ни користам (а за flash имам flashblock екстензија - и ги пуштам само по потреба). btw каков е тој тројан што си го добил, проба ли да ти направи нешто, успеа ли? (мислам дека е можно со Фајрфокс да симнеш некои сомнителни фајлови но не значи и дека тие направиле нешто опасно).

3. Какви џиџи-миџи? никогаш не ми се случило Firefox да ми инсталира билошто без да ме праша за тоа???

4. Од мое искуство поп-уп блокерот во Фајрфокс беше нешто полош во 1.0 отколку во 0.9.x. Во 1.0.1 и 1.0.2 ги исчистија тие багчиња.

Икрено кажано не можам никако да ги поврзам твојата „преголема предострожност“ и користењето на windows и IE - ама ти си знаеш [се смее].

сликата на GoodBytes
Фајрфокс на македонски - од GoodBytes на 25 март, 2005 - 00:40

Не ме зезај сега и ти, со финти од админ оператор фром хел... [се смее]

Програмер сум, па познати ми се тие финти. Да мислев да седнам да анализирам браусер, тоа ќе го направев. Или пак да документирам багови - од тоа ми е веќе преку глава. Уште помалку ми е добар аргумент дека сигурноста ќе ја добијам преку анализирање на кодот. Нема и не може секој тоа да го направи.

Тројанот не беше опасен, не стигна ни да се активира. Не е тоа поентата. Стигна на мојата машина.

Тоа џиџи беше некаков viewer, Viewpoint ми се чини се викаше. Појма немам како се инсталирал, и рака на срце, не сум 100% сигурен дека е преку ФФ.

Значи, да бидам и јас поконкретен, ако не бев... ФФ навистина ми се допаѓа, особено со екстензиите. Го користам од промоцијата на верзијата 1. И САКАМ да го користам. Но, пред да го сторам тоа, пред да сменам една досега за мене сигурна околина, сакам да се уверам што е тоа што го прави безбеден. Или барем да ги чујам искуствата на другите.

Фајрфокс на македонски - од Глиша на 25 март, 2005 - 14:05

>Тројанот не беше опасен, не стигна ни да се активира. Не
> е тоа поентата. Стигна на мојата машина.

[се смее]))))

Логично дека тројанот стигнал на твојата машина кога си кликал “Yes“ кога те прашала јавата дали сакаш да го извршиш. [се смее]))

сликата на GoodBytes
Фајрфокс на македонски - од GoodBytes на 28 март, 2005 - 14:06

Јас не би се смешкал така наивно, ниту пак сакам слепо да верувам... Инаку, овој тројан го користи Firefox за да го нападне ИЕ. Значи, не е опасен ако користиш само ФФ, или ако имаш добар анти-вирусен софтвер. Проблемот е што сигурносни дупки има, и што нивниот број не е конечен. Затоа и ме интересира реалната безбедност на ФФ. Ниту го напаѓам, ниту сум негов адвокат. Или поточно, ништо не ми значи.

Java Applet trojan that infects Internet Explorer even when run in Firefox

What is happening here is that, the trojan is in signed Java archive, that is signed with VALID certificate.

сликата на GoodBytes
Фајрфокс на македонски - од GoodBytes на 28 март, 2005 - 14:16

Исто, прочитај го овој блог: http://www.vitalsecurity.org/2005/03/firefox-spyware-infects-ie.html

(не сум сигурен дали ова се однесува на „мојот“ тројан)

Фајрфокс на македонски - од Глиша на 29 март, 2005 - 23:04

[се смее] За истото и јас ти се смеев.

Ти си сурфаш на некој сајт на кој НЕ ОЧЕКУВАШ да работиш со јава аплет, ама сајтот те прашува дали сакаш да се инсталира аплет на кој НЕМОЖЕ да му се потврди идентитетот.

Ти одбираш дека сакаш и после се жалиш зашто тој сајт ти инсталирал тројанец и слични работи.

Нели си програмер треба да знаеш подобро.

сликата на GoodBytes
Фајрфокс на македонски - од GoodBytes на 25 март, 2005 - 02:54

Еве по нешто на темата:

А за статистиката: ФФ има околу 5% market share, додека ИЕ околу 90%. Никој не може да предвиди како ќе се движат работите ако ФФ стане повеќе популарен. Освен тоа, 43% од статистиката е неточна.

Фајрфокс на македонски - од motherfucker на 25 март, 2005 - 08:56

Фајрфокс е и секогаш ќе биде посигурен од ИЕ, од едноставна причина што не е интегриран во оперативниот систем и што нема подршка за Active X.
Второ, Фајрфокс (и секоја опенсорс програма) можат да издаваат нови верзии со поправени багови кога ќе им текне (имало случаи и за два дена од откривање на некоја критична сигурносна грешка), за разлика од Мајкрософт на кого му требаат години за да издаде нова верзија на ИЕ.
И трето, не е до ФФ, до Оперативниот систем е. Стави си Линукс.

сликата на GoodBytes
Фајрфокс на македонски - од GoodBytes на 28 март, 2005 - 14:41

Тоа веќе сум го прочитал, и аргументите стојат. Повеќе е проблем што ова е кажано од Mitchell Baker, president and chief lizard wrangler of the Mozilla Foundation, што не ја прави информацијата независна, но сепак не е проблем, еве „ќе му верувам“.

За темпото со кое излегуваат закрпи, МС е неспорен шампион. Но, тоа и не е некоја голема утеха... Баш напротив, значи има многу дупки за крпење. Значи, многу дискутабилен аргумент. А за новите верзии на ИЕ, ми се чини дека МС си „легна на брашното“, бидејќи до скоро немаше некаков сериозен конкурент на пазарот. Појавата на ФФ е позитивна работа.

За промена на оперативниот систем... Тоа е убивање мува со топ. Што е со милионите корисници кои веќе го користат Win? Или со илјадниците фирми кои веќе користат решенија развиени под Win? Дури и Линукс да е совршен, вклучително и совршено безбеден (далеку е од тоа), миграцијата ќе потрае долго и ќе чини многу скапо.

сликата на ZisDead
Фајрфокс на македонски - од ZisDead на 25 март, 2005 - 13:48

Ова ти е вообичаениот FUD (Fear Uncertainty Doubt) што го шири М$ преку нивниата маркетиншка машинерија.

Инаку за сигурноста можеш лесно да провериш со алатки за проверка на firewall-и, како на пример http://tooleaky.zensoft.com/.

Oваа алатка константно го пробива Zone Alarm (добро конфигуриран, со очистен спајвер), зошто на еден круцијален спајвер програм му е овозможен пристап на интернет- факин Интернет Експлорер. Со оневозможување на пристап на интернет за ИЕ firewall-от е непробоен.

За разлика од IE, Firefox го нема тој проблем.

сликата на GoodBytes
Фајрфокс на македонски - од GoodBytes на 28 март, 2005 - 14:51

Ја проверив алатката, фала ти за тоа. Да, и кај мене помина низ FW без проблем, што секако е загрижувачко.

А за стравот... Тој излегува НЕ од вербата во МС, или од НЕвербата во други технологии, туку од големата вредност на податоците. Тие се на пиедестал тука, само сигурноста е важна... Ама баш воопшто не ми е важно што користам, ниту пак „бранам“ некого ако соочувам аргументи за да добијам поточен одговор и за да ги исфилтрирам полуинформираните адвокати. Дури еве, ако се прашувам ЈАС што би САКАЛ да користам, кажав и погоре: ФФ!

сликата на Julls
Фајрфокс на македонски - од Julls на 25 март, 2005 - 16:08

сликата на Mistress
Фајрфокс на македонски - од Mistress на 25 март, 2005 - 16:15

Отиде Е-то [намигнува]

А во банерот горе фали уште само:

Не е тестирано на животни.

Често го има на козметички препарати [намигнува]

сликата на BugS
Фајрфокс на македонски - од BugS на 25 март, 2005 - 16:16

[се смее]

сликата на KenobiBen
Фајрфокс на македонски - од KenobiBen на 27 март, 2005 - 13:00

ц ,ц ,ц ,ц ... не ми се верува, малку беше што се трудеше да ми убунташ слободен софтвер ?

Фајрфокс на македонски - од grof на 25 март, 2005 - 09:39

Да се вратиме на темата, т.е. Фајрфокс на Македонски јазик.

Сакам да ве прашам дали при преводот учествувале и стручни лица за проверка на сработеното или се' се сведува на познавањето на информатичари?

Знаете, глупо би било во преводот да има грешки, мене лично многу ме нервира.

сликата на bst^^
Фајрфокс на македонски - од bst^^ на 25 март, 2005 - 10:06

Не учествувале никакви стручни лица веројатно.

сликата на BugS
Фајрфокс на македонски - од BugS на 25 март, 2005 - 10:29

Што подразбираш под "стручни лица"?
Некој од ману, од мајкрософт, од филолошки?

Јас тврдам дека Фајрфокс моментално е апликација со најквалитетен македонски превод.

Фајрфокс на македонски - од дамјан на 25 март, 2005 - 14:31

има грешкички, никој не е совршен. ќе биде подобро во следната верзија [се смее]

инаку никој „стручњак“ не учествувал во преводот ПОШТО КУР ГИ БОЛИ.

сликата на ufo
Фајрфокс на македонски - од ufo на 27 март, 2005 - 12:46

Стручни лица?! Кои се тие стручни лица??
Башка во македонскиот јазик нема стандардизирано термини од компјутерската област така да „this is as good as it will ever get“.

сликата на dimitar27
Фајрфокс на македонски - од dimitar27 на 25 март, 2005 - 14:05

E aj штом сте толку вољни за помош помогнете:
Ја сум нов(ептен нов) корисник на ФајрФокс,и еве идам на сајтов за превземанје екстензии и све сто е тамо дадено е за WINDOWS XP и после не можам да го инсталисам на моево ПиСи?
И да,да прашам,може да си користам сосема нормално ФајрФокс ако сум позади Фајрвол или како веке се вика тоа,пошто работам у една поголемка фирма па све е преку некој главен сервер,појма нема како ама знам дека некој сајтови сто се со 128битна енкрипција не ми ги отвара Фоксов.

Фајрфокс на македонски - од PetarK на 25 март, 2005 - 15:53

Ако само 128 битен ССЛ прави проблеми, тогаш не е до фајрволот.

Фајрфокс на македонски - од дамјан на 26 март, 2005 - 13:51

како бе не ти ги инсталира екстензиите???
кликаш на install на страната, ако не е сајтот во дозволени сајтови ќе ти се појави една жолта лента над страната, размислуваш, му дозволуваш (или не) на firefox да инсталира екстензии од тој сајт и на крај единствено што мораш да го исклучиш и вклучиш пак firefox-от.

За она другото како го објасни (лошо) не ми личи дека има врска Firefox-от со фирмата/фајрволот/другата-фирма итн... да не имате некој посебно додаван сертификат во IE-то? Ако да, можеби треба да се додаде и во Firefox-от.

Фајрфокс на македонски - од recidivist на 28 март, 2005 - 18:49

Екстензии за секоја препорака :

adblock -content filtering plug-in

bookmarksftp -апдејт преку фтп

copyplaintext-копирање на цели страни во тхт

bugmenot (екстрмно корисно)содржи јавно достапна база на јусери и пасворди(се ажурира често) и ви штеди време и живци за таканаречена "фри регистрација"

dict-0 -јасно е нели.

fireftp- и ова е јасно [намигнува]

TinyUrl Creator - за неупатените го скратува урл-то.

quicktabpreftoggle -ултра корисна и едноставна работа со табови.

gcache-снапшот на гугл кеш

FoxyTunes-интегриран(стабилен) плеер

DictionarySearch-(по потреба)

Dimitar кликаш на екстензијата,се појавува поп ап прозорот што бара дозвола за инсталирање и одбројува 3,2,1? и кликаш инстал? само рестарт на бровсер после треба.
пробај да ја реинсталираш мозилата ако не иде.
Za ssl-ot ...
Има и клиентски и серверски SSL Certificate..

Да не треба да инсталираш некој сертификат посебен во мозила?пробај иди на хоум пејџот на фирмата би требало да ти даде да го инсталираш.
Одбери перманент инстал,како на њњњ.мобимак.цом ако ти текнува.
Треба да работи и кај вас без проблем.

Пробај тестирај ја мозилкава ептен брка работа.
Ке ти олесни веруј [намигнува]

Putuj (copy) by goedo kacanicko