Се смета за највлијателна фигура во повоената јапонска архитектура. Роден во Осака, израснал во скромни услови, завршил архитектура на токискиот унверзитет, каде подоцна станал и професор. Бил голем љубител на делата на Le Corbusier, што оставило и длабока трага во неговите дела.
Првата поголема задача му била ре-планирањето на Хирошима по уништувањето на градот со атомска бомба фрлена од Американците. Во текот на животот има дизајнирано многу зданија низ целиот свет. Најпознати дела му се Центарот на Мирот во центарот на Хирошима, гимнастичките сали близначки изградени за олимпијадата во Токио 1964, Јаманаши прес центарот во Кофу, комплексот на Градското Собрание, катедралата Св. Богородица и Tokyo Dome хотелот во Токио, Вајтовиот музеј на уметноста во Минеаполис, United Overseas Bank Plaza во Сингапур.
Бил голем љубител на големи и сурови бетонски градби, и под негово влијание во шеесетите се појавила цела генерација архитекти - бруталисти. Овој „брутализам“ ептен се забележува и во Скопје, делото на Танге кое нас најмногу не тангира ;).

Последни коментари