од B. на 23 мар 2005 - 10:47
(Ијаааааасаааааааа! тоа е звукот на маваши џигери, изведено од Љубе.
Ооодоооојдаааајаа! тоа е звукот на мортале салто мавнале, изведено од Рамуш...
Борбата е прекината на пола, причината е во судијата кој инсистираше на употреба на пропорционална сила, имаше двојни аршини во бодувањето на ударите изведувани од борците.)
Вака сега, Кина донела закон со кој доколку Тајван прогласел независност ќе употребеле воена сила. Тајванците, нормално, рекле дека тоа е отворена закана кон нив. Но малите жолти тоа одлучно го негираат, тоа било закон со кој ќе се сочувал мирот помеѓу нив. Абе ајде?! Во вакво нешто тешко дека ќе може да се убеди и некој што секојдневно е подложен на центрифугирање на мозокот. Многу слична ситиуација како нашата со името, грците(мало г) нас не убедуваат дека ние не сме биле Македонци него незнам којзнае кој и слични ми ти тракатанци. Или просто кажано тоа ќе му дојде некоја ваква хипотетична ситуација: Гледам јас на маса некој бел лист: Ми доаѓа некој багабонт, а истовремено и убиец кој убива од забава и ме прашува “ Каква боја е тој лист “, јас ке му речам “ Бела “, ми врзува една воспитна, “ Како рече ? “, “ Бела “, ме мава од земја едно 5 минути, пиштолот на чело, и пак ме прашува “ Каква боја е? “, “ Црн е листот, црн е, се ми е црно! “. Ама сепак мислам, дека во реална ситуација можеби ќе ризикувам и ќе останам на своето мислење.
Во корелација изведена од корелационите табели и во врска со горенаведените примери, Љубе Бошковски оди во Хаг. Во ред нека оди, среќен му пат. Но, има едно големо НО! Не бил обвинет за воени злосторства, туку за непочитување на воените закони. Поточно кажано за кршење на законите и ОБИЧАИТЕ бе!, на војната. Военото лудило има закони?!(има да, на лист хартија, мејд ин Женева, многу ми е криво што судот не се наоѓа во Женева). Ова обичаите, нешто како адети му доаѓа?, дај некој адет кажете ми, просветлете ме. Пола од речениците во обвинението со кои се опишани настаните се copy-paste (објавено е во Дневник, среда 16 Март). Прв пат слушам дека некој што не е обвинет за воени злосторства оди да му суди суд, строго наменет за судење на лица обвинети за воени злосторства, уф и јас ја заплеткав реченицава како што на Карла и се заплеткала нејзината бела коса во правдата. Алоооо, Карла душо, смешно е, смешно! Шмркни една линија и пак натипкај го обвинението, има Рамуш цел контејнер немај гајле. Ах Карла, мила моја, знам дека на крај Љубе нема ни да биде осуден, а богами ниту Харадинај. Те читам како шведска курва(уф, извини мислев да кажам куварица, ама некако несакајќи ми излета...), срце мое белоглаво. Аууу Карла! во белата боја бил одговорот... Се е бело...
Како ли само можат тие хашки мршојадци да бидат толку видливо лицемерни. Да знам дека тие се барони и грофови, но во реалност се уствари фрогови на потонати бродови(ме инспириравте и поезија да пишувам бе судии). Какви само фарси се сите досегашни судења во Хаг, без разлика кој е осуденикот. Го пратија Харадинај пред некој ден, уствари батката сам си отиде (бреј ама храбар бил Рамуш!). А по два, три дена поради одржување на рамнотежата во регионот и бла,бла,бла..., Хаг виа Скопје виа Пула виа Хаг и Љубе лет, лет кај Карла во скут. Знам дека Љубе по пат ќе се прашува себеси дал можда Карла и него би му дала. Љубеее немој бе, имаш гратис цел шлепер ДУРЕКС од мене, само немој Карла да ја онадуеш! Рамуш немој ни ти да си ја чепнал, разбра! Па шо ако белата боја ви е заедничка љубов? Тоа не е причина за онадување.
Ај сега малку доказен материјал. Обвинението се темелело на кажувањата на роднините на обвинетите, бидејќи тие истите роднини наводно не дозволиле да се изврши ексхумација и испитување на телата. Еве јас ви кажувам дека вчера видов како нашиот Големоглав шеф силува едно малолетно момче, парче го направи! Ај и него да го пратиме во Хаг врз основа на моево трачарење.
И покрај сето тоа можеби донегде е во ред да оди и да биде осомничен како тогашен министер за внатрешни работи. Но тој направил неколку големи грешки, требало да се изживува врз жртвите, да ги мачи, со тапи ножеви да им црта на грбот македонски симболи и да им ги прави сите останати максимално ненормални и забегани работи на кои човечкиот мозок може да се сети, а на крај да ги префрли до дома, па да седне на ручек со нив, на јагнешко мевце. А можеби подобро ќе беше ако низ цела западна Македонија ја сопреше водата за пиење, во времетраење од едно 3 летни месеци. Абе будала си бил Љубе, стварно ти фалела штица. Во таков случај ќе имаше премногу сведоци и никој немаше да може да те обвини и испрати во Хаг. Ај памет за другпат. Ау, заборавив бе! Ако ги направеше сите тие работи, денес сеуште ќе си седеше во парламетарните столици, ќе си лапаше дневници дебели, ќе членуваше во одбори и комисии и кур ќе те болеше што некои цивили цело лето немале вода или за тоа дека си ја празнел твојата уметничка енергија и инспирација на кожа од живи луѓе, нормално без анестезија поради создавање на јак импресионистички уметнички ефект. Даааааа бееее! Како порано не се сетив! Карла ти гарант си некоја хард садо-мазо типка, сигурен сум 100%. Затоа си ќутиш за твоите импресии и скриени овации предизвикани од новосоздадената уметност.
Сите останати случаи кои Хаг ги истражувал ќе се пренасочеле во Македонија. Ха! Нели во името на вистината господа-фрогови и баби-куварици од Хаг, треба да бидете спремни на сите добри или лоши последици што може да ги предизвика таа вистина? Нели гласот на вистината е секогаш приоритетен во правдата? Јас пак ќе напишам нека оди Љубе Бошковски во Хаг можеби и има зошто да оди, но во името на вистината и без оглед на последиците, кои се останатите кои треба да одат заедно со него? Во ова прашање е кажана целата вистина. Карла Дел Понте(ова презимево Понте е скратено од имПОтЕНТно?) и вие нејзини хашки швалери(да не бидам премногу груб, ама мислев ПОНТЕ ебачи), знаеме кој се, и вие и ние и тие. Хм, а зошто го нема на списокот на обвинети и тогашниот министер за одбрана Карла? Нели во обвинението е наведено дека и војската учествувала? Ма ај заеби, не мора да ми одговориш на ова мило.
Цела бивша СФРЈ си ја собрала во Хаг, само Словенците ги нема. Први беа Србите, па Хрватите и Босанците, Албанците, а ние на крај. Пак сме последни! Аман веќе бе, ние секогаш последни, бар во Хаг први да бевме мајку му хашка! Да не се спрема таму некоја конспирација, некое ново обединување наше или така нешто? Недај боже!
Имам чуено од сигурни извори дека ти Карла, си била неизлечива југоносталгичарка. На времето, секое лето си била на Јадран, а Љубе ти бил некој бивши фраер што те заебал и поебал во младоста, па сега демек си сакала да му вратиш. Карла дарлинг, сите ли тие во Хаг ти се бивши? Сите те поебале демек? Ма лажеш ти, само сакаш да се направиш важна, не ти верувам. Со Анте легионерот што ќе правиш, сакаш нешто да ти зготви? А како си можела со Ратко, Милован и со Биљанче плавата да легнеш во ист кревет? Кај ги најде нив, во Сутоморе ли? Еј, дај пушти на нет некое home video од тоа време, гледаш сите познати фаци пуштаат во јавност филмчиња, дај и тебе да те видимие каква си била како млада девојчица.
Сето ова погоре, беше научно докажан-недокажан типичен Македонски Кинеско-Тајвански синдром на успешно-неуспешното пробивање на мозочната кора. Всушност ние во Македонија го имаме измислено и први употребено... Ех, и тоа ни го украдоа...
П.С.П(рашање) Зошто на Јохан Тарчуловски и на влашки не му го прочитаа обвинението??? И на цигански, и на српски, и на турски, на македонски не мора. Дискриминација! Сега и Адолф се врти во гроб, ќе се повампири човекот, ни крив ни должен.
Последни коментари