Американската влада си прави свој интернет
од Новица на 11 окт 2001 - 23:10
Американската администрација проценила дека интернетот не е доволно сигурен за нејзините потреби и предложила да биде креирана нова мрежа за размена на критичните владини информации.
Новата мрежа - GOVNET-, е идеја на Richard Clarke, новоназначениот претседателски советник за cyberspace безбедност и треба да пренесува податоци, звук и можеби видео.
Планот за вакво нешто наводно траел веќе неколку месеци. Агенцијата задолжена за снабдување на американската влада со опрема и услуги, веќе ја повикала high-tech индустријата да понуди потенцијални нацрти за изгледот на новата мрежа.
Новата мрежа ќе работи според стандардните интернeт протоколи, но ќе биде ограничена само за владините агенции и други овластени корисници. Комуникација со интернет и други мрежи нема да има.
Според планот сите податоци на мрежата ќе бидат енкриптирани по предлог стандард кој го користи НСА. Мрежата исто така би требалo да биде заштитена од црви, вируси, ДОС напади и други интернет штеточини.
Каков предизвик! []-)
|
Последни коментари