УА ЦИГАРИ!
од солЗ на 21 мар 2005 - 14:11
Да даде Гос*од да ви ги поскапат цигарите за 1000%, па да размислите двапати пред да ја запалите следната дали СТВАРНО ВИ СЕ ПУШИ ЦИГАРА или ЕДНОСТАВНО НЕМАТЕ ШТО ДА ПРАВИТЕ СО РАЦЕТЕ.
Сцена 1: (Зима е, журка во стан, или уште полошо, афтер)
СИТЕ пушачи палат цигара за цигара (и покрај молбите од останатите да намалат пошто не се дише) и го затвараат прозорот бидејќи им е ладно.
Сцена 2: (диско, гужва стискавец)
Неможе да се стигне од шанк до WC, не може да се има повеќе од половина пијачка во чашата заради луѓето кои се обидуваат да поминат или да играат. И покрај тоа, луѓето палат цигари, пушат цигари и ги гасат од кожата на другите луѓе.
Сцена 3: (после роденден)
Пикавци фрлени по саксии и во дворот по тревата (кои после вас некој ги собира со рака еден по еден), завесите корнат, намештајот да не го спомнуваме, пошто може и со друго да го изгореле :-).
Сцена 4: (после било кое дружење во затворена просторија)
Облеката ми смрди на цигари, косата ми смрди на цигари, не можам да заспијам, не можам да се поднесам.
Пичка ви матер!!!
УА ПУШАЧИ!
Да даде Гос*од да ви ги поскапат цигарите за 1000%, па да размислите двапати пред да ја запалите следната дали СТВАРНО ВИ СЕ ПУШИ ЦИГАРА или ЕДНОСТАВНО НЕМАТЕ ШТО ДА ПРАВИТЕ СО РАЦЕТЕ.
И што сега? Ваше право е да пушите што сакате, исто како што е мое право да прдам, ждригам или да ги замарам со монолози присутните во просторијата. Барам само поголема толеранција. Еве неколку корисни насоки:
- Пушењето е лоша, штетна и скапа навика, признајте го тоа.
- Не заборавете да прашате дали смее да се пуши во просторијата или автомобилот.
- Не ги лажете луѓето што сте ги изгореле дека ќе си фатат дечко/девојка, туку извинете се. И внимавајте да не се повтори.
- Намалете со пушењето ако е присутен непушач, кога сте во затворени простории или автомобили (на отворено нема гајле). Например, ако сте повеќе пушачи, обидете се да не палите повеќе од една цигара во исто време. Или пушете по пола цигара со некого.
И одвреме-навреме пробајте да се откажете.
|
Последни коментари