8 јануари, 2009 - 15:22
[веб кирилица]

Смртен грев

од PaLaVi на 18 мар 2005 - 19:01
Потковав срце со лага, го заштитив од сите вистини кои носеа бол. Вербата во БОГ почнува да се губи. Дали постои - секако дека не... или можеби да... Ако постои тогаш ова е неговата казна за мене. Скитник, просјак, трагач по љубов, трагач по богатство, по моќ и по сила... Дали е тоа неговиот пат или тоа е само патот до пеколот? Дали Ѓаволот создал нешто или ние самите создаваме? Дали тој уништил или ние самите уништуваме? Дали...

Под црно небо,во темни ноќи се слуша само шепот… Глас на тажен човек…Плач… Солзите кои капеа на водата ја растураа рајската тишина… Внатрешен немир… Горчливо срце затаено длабоко во љубовта, во темната ноќ ги пали своите фенери и се присетува на сите спомени. Спомени од минатото и визии за иднината. Во тоа се криеше неговата сила,во тие визии кои го одржуваа во живот,визии за кои мислеше дека вреди да се живи,но сите се уриваа една по една а со него остануваше само омразата и желбата за одмазда. Создаде војна, Војна против сам себе си,се бореше против љубовта,разумот против срцето и душата. Сакаше со срцето, сакаше со душата, сакаше со Се, но не го сакаше тоа… Не сакаше да сака а да биде мразен, не сакаше да сака камен но сакаше… Камен во кој нема ништо човечко освен изгледот. Статуа пред која се молат за љубовта,а не знаат дека таа статуа се храни од омраза… Како крвник ги следи трагите на темнината и ги убива сите по пат… ги убива со својата убавина и шарм и ја краде нивната душа,за секогаш да биде сакана а никогаш да не го возврати тоа. Знае… Знае дека мртвите што искрено сакале, сакале со душа а душата никогаш не умира… Ја благословував, но таа ме проколна. Ме проколна на живот без љубов,на живот без ништо живо во него…

Солзите на сонцето пресушија… Да… ЈАС ЌЕ ЗАБОРАВАМ,ЈАС ЌЕ ПРЕБОЛАМ, но ти со својата горчина ќе си се труеш, ќе патиш како што пателе за тебе, ќе сакаш како што некој те сакаше тебе, во ноќи ќе го чекаш одговорот за кој знаеш дека нема да стигне, ќе сонуваш и со отворени очи, будна, ќе сонуваш како што сонувал некој дека можеби некогаш ќе биде среќен и ќе знаеш дека тоа е само сон,сон кој нема да стане јаве, ќе молиш да ти се прости но од сега знај дека ќе остане непростено бидејќи гревот е преголем, гревот е огромен,кој само ГОСПОД може да ти го прости, а јас… јас не сум Господ нити ќе бидам... јас сум само обичен смртник,кој нема веќе сили,нема чувства,бездушник кој само сака одмазда за потоа да може мирно да умре…

Опции за гледање на коментари


Смртен грев - од bgonev на 18 март, 2005 - 21:29

Јас ова не можам да го разберам, па ќе замолам некој од следните читатели да ми објасни за што се работи ???

Боро

сликата на StipJaNec
Смртен грев - од StipJaNec на 18 март, 2005 - 21:57

ni jas.....!
ama ne molam za objasnuvanje.
pozdrav!

Смртен грев - од Obi на 18 март, 2005 - 22:23

Во кратки црти се работи за раскинување и патетика иако во примарно време патетиката е скриена од некои си квазидлабоки чувства на КАО-љубов иако всушност се работи за егоистична повреда на самодоверба.

[се смее]

сликата на GoodBytes
Смртен грев - од GoodBytes на 18 март, 2005 - 22:50

Човекот душата си ја истура тука, срцето му е скршено, надежта изгубена, бојлерот испразнет. За среќа, тој ќе заборави и преболи, а таа ќе се труе и пати. Неговата сила е во визиите кои се уриваат една по една... Додека пресушуваат Теars of The Sun. Тој ја благословува, но таа го проколнува на крај... Го проколна на живот без љубов... Да... Можеби... Не... Бидејќи... Мртвите најискрено сакаат...

Сети се, сети се, и барем еднаш јави се... STOP! - ова станува заразно...

сликата на JohnFoe
Смртен грев - од JohnFoe на 19 март, 2005 - 11:01

PaLaVi.
Имам новост. gOD is Dead. You are God.

сликата на PaLaVi
Смртен грев - од PaLaVi на 19 март, 2005 - 11:53

Текстов е напишан пред едно...5-6 месеци. Не знаев шо да му праем па реков багра е гуд плејс:Р

сликата на TaaZmej
Смртен грев - од TaaZmej на 19 март, 2005 - 18:40

Mене баш ми се свиѓа:)

Смртен грев - од Bojan7 на 20 март, 2005 - 02:35

I mene mi se sviga ako tebe ti se sviga,Zmejke ubava.

сликата на JohnFoe
Смртен грев - од JohnFoe на 20 март, 2005 - 16:01

А шо, ти као мањак си нешо?

Смртен грев - од iljo_boks на 20 март, 2005 - 21:14

Да да екстра е Бојанчо [се смее]:) има такви типчиња,седат притаено посматраат и меркаат и ептен коа ќе неможат - ете ќе си напишат нешо овака [се смее]:)

тоа се вика сајбер со намена! [се смее]

сликата на Mistress
Смртен грев - од Mistress на 21 март, 2005 - 00:47

Абе тие најбоље проаѓаат, а не тука да крши тастатура од везење по форуми [се смее])))

Смртен грев - од iljo_boks на 21 март, 2005 - 01:53

дада ако бе си знае он [се смее] земи изговори го тоа што го напишал и пробај замисли му ја фацката:)[се смее]:)[се смее]:)

сликата на anastas87
Смртен грев - од anastas87 на 21 март, 2005 - 00:11

Ахахахахааааааааааааааа

Не можам да се соземам!!!

ААААААААААААА!

Смртен грев - од Bojan7 на 21 март, 2005 - 01:55

Ne sum manjak!!!

сликата на taz
Смртен грев - од taz на 21 март, 2005 - 03:33

Не бе, вишак си... [се смее]

сликата на toomuchisnotenough
Смртен грев - од toomuchisnotenough на 21 март, 2005 - 04:49

ама ептен ти дојде ова на волеј, а?

+1

сликата на taz
Смртен грев - од taz на 21 март, 2005 - 07:05

Остај, несакајќи [се смее]))))