8 јануари, 2009 - 18:55
[веб кирилица]

Маскембалска забава

од MissEva на 17 мар 2005 - 10:09
Ана и Васко планираа да одат на маскембалска забава, но таа имаше главоболка и му рече да оди сам. Тој како добар дечко, одбиваше, ама после расправија, таа рече дека ќе земе аспирин, ќе си легне во кревет да спие, а тој нема никаква потреба да си ја расипе забавата. И така, тој си го зема костимот за маскирање, маската, и отиде.

Кога се разбуди Ана, веројатно после едночасовно спиење, веќе не чуствуваше болка, па реши и таа да оди на забавата, да го изненади Васко, кој не го знаеше нејзиниот костим за маскирање. Си мислеше баш ќе и’ биде интересно некое време да го посматра што прави тој кога таа не е со него.

Пристигна на местото каде што беше забавата, и набрзо го препозна меѓу маскираните, го виде Васко како си поминува многу убаво. Па тој играше со секоја женска во негова близина, и не само тоа, плус гушни една, цмокни друга. Ана љубоморно му се пушти на Васко, реши да си поигрува малку со него, како заводлива мачка, да го излуди. Го провоцираше и дразнеше со секси движења и еротични допири во играњето, но го оставаше во исчекување.

По некое време, таа му дозволи да и’ прави што сака, разбирливо, па тој е нејзин дечко. Тој и’ возвраќаше, радосно ја прифати нејзината игра.
Најпосле, возбуден, не можејќи повеќе да се воздржува, тој и’ шепна да одат во кола, а таа се согласи, и го одведе во нејзината. Имаа одличен секс.

Утредента Ана се смешкаше. Немаше главоболка. Си лежеше и си читаше кога Васко дојде кај неа. Весела и насмеана, го праша како си помина на маскембалската забава?

„Па знаеш и сама, мене не ми е добро кога ти не си со мене.“ - рече тој.

Потоа таа го праша „а играше ли многу?“

„Не, ич, не ми се играше, веќе ти реков дека не ми беше убаво на забавата.“

Што ли збори, си помисли таа, а тој продолжи да и’ кажува.

„Кога стигнав таму се најдов со Јоцо, Игор, и некои други дечки, па отидовме до кај Сашо и се картавме кај него цела вечер се коцкавме. Ама нема да ти се верува што му се десило и како супер си поминал дечкото на кој што јас му го позајмив костимот за маскембал...“

Опции за гледање на коментари


сликата на Burdziski
Маскембалска забава - од Burdziski на 17 март, 2005 - 12:26

хахаххахахахахаххаххахахахахахахах..........лудница!

сликата на StobiFlips
Маскембалска забава - од StobiFlips на 17 март, 2005 - 13:22

Хахахахаха, стварно лудница. Јас прво си помислив дека го фати типката во лага, ама она дека не ја познал нејзината кола почна да навестува нешто друго. Ок, браво MIssEva.

сликата на Mistress
Маскембалска забава - од Mistress на 17 март, 2005 - 16:36

Браво Евче,

добар превод од


http://www.funnypart.com/funny_jokes/party.shtml

сликата на B.
Маскембалска забава - од B. на 17 март, 2005 - 16:42

полицаааааааааај! [се смее]

сликата на Mistress
Маскембалска забава - од Mistress на 17 март, 2005 - 16:52

Седи, не ме знаеш [намигнува]

Маскембалска забава - од MissEva на 18 март, 2005 - 06:40

A во друштво гарант те знаат ко тужибаба [се смее]

За виц нема никакво значење да се наведува линк [се смее]

сликата на JohnFoe
Маскембалска забава - од JohnFoe на 17 март, 2005 - 13:53

Наивно, ама сепак има некој од вас "врзаните" костум за позајмуење?

Маскембалска забава - од Calipso на 17 март, 2005 - 15:11

Super prikazna ama tesko deka nekoj nema da si go poznae "svoeto":)

сликата на Flanker
Маскембалска забава - од Flanker на 17 март, 2005 - 15:23

Зависи колку си пиел пушел итн итн.

Маскембалска забава - од Robomarket на 17 март, 2005 - 15:52

Идниот макенбан пак ќе ја боли глава =)

Маскембалска забава - од Vlad на 17 март, 2005 - 23:38

Woow,како те вози уводот,расправија,болка,воајерство,да си помисли човек дека следува снимањето на "Секси Маскембал".Штета што е само copy\paste на бајат виц.Извини Ева морав да промрчам ,првпат ми е [намигнува])

Respect

Маскембалска забава - од MissEva на 18 март, 2005 - 06:45

Нема потреба од извини, шо дека е бајат виц кога е смешен, го добив во меил, од оние што се препраќаат, имам и други вицови и смешни слики, затоа линкови и не знам. [се смее]

Маскембалска забава - од bgonev на 18 март, 2005 - 21:39

Ја мислам дека целата фрка настанала поради погрешна дијагноза уште во самиот почеток на приказната. За такви проблеми, девојката наместо аспирин требало да земе Мигосисал.

Боро