Пролетен ден во Европа
од Julls на 14 мар 2005 - 15:05
Во недела во градскиот парк и кај нас ќе се одбележи Пролетниот ден во Европа.Настанот ќе се случува во недела 20-ти, понеделник 21- ви и вторник 22-ри Март 2005. Истиот ќе се одржи по трет пат оваа година, првиот пат беше инициран во 2003 година од претстедателот Борис Трајковски. Минатата година манифестацијата беше одбележана во негова чест.
Настанот се случува во сите Европски земји истовремено и претставува годишна традиција која се почитува и во нашата земја. Целта е да се презентира платформа за младите луѓе од оваа земја на кои им се дава можност да го презентираат своето мислење во однос на нивната иднина. Да се донесат граѓани од цела Европа во Македонија и во исто време да му се покаже на светот дека Македонците заслужуваат да станат граѓани на Европската Унија. Манифестацијата треба да започне во 10 часот на 20-ти Март 2005, во Градскиот Парк во Скопје, покривајќи го просторот на стариот дел од паркот, од фонтаната до Зоолошката Градина. Овој дел ќе биде трансформиран во микрокосмос на Европското општество, со присуство на сите елементи на тоа општество: политичкиот, културниот, духовниот, еколошкиот итн.
Започнува во недела во 10 часот, со програма за деца. А во рамките на програмата предвидени се и промоции, јавни настапи, настапи на ДЈ-и, бендови, млади артисти со свои workshop-ови, кратки филмови, глобално село, уметнички и спортски активности, јавни дебати („Македонската младина треба да се журка со Европската“) итн итн.
Деталите околу комплетната програма на http://www.proletenden.org.mk
|
Последни коментари