8 јануари, 2009 - 18:25
[веб кирилица]

Доживувањата на една смока

од StobiFlips на 11 мар 2005 - 17:32
" Јуху, здраво"- извика смоката, пред Игорче да си ја наполни устата со неколку такви, а воедно и да ужива во тоа. Веднаш потоа замолчи. Се најде во нова средина. Беше влажно, топло и црвено. Прво се зачуди, па се исплаши, а потоа веќе немаше храброст да прави било што, сети само мирис на нешто што луѓето го викаа паста за заби, пред да биде сомелена. Така неславно заврши краткотрајниот живот на малата, премногу амбициозна смока.

А, беше пресна. Се испржи само пред неколку дена во една претерано чиста просторија, па се возеше по една лента, па ја затворија во некаква си кеса. Од краткиот разговор со присутните кои личеа една на друга, се охрабри, мислејќи дека за неа се предодредени големи дела. Одвај чекаше да излезе од тоа загушливо место, а кога конечно тоа се случи, немаше време ни да помисли во каква каша се најде.

Јеби га, "недостатокот што беше премлада, не доби шанса да го поправи, пополека, по многу години".

Таков е животов, понекогаш...

Опции за гледање на коментари


сликата на StobiFlips
Доживувањата на една смока - од StobiFlips на 16 март, 2005 - 03:08

Шо бе нема коментари? Деца, че ве пратам во Витаминка да ве направат смоки. Јасно...?
Се зезам бе, и онака без врска е ова кратково т.н. раскасче....

сликата на Lenin
Немој многу да - од Lenin на 11 јуни, 2005 - 22:58

Немој многу да се *зезаш* ОК...

р) - од Open на 12 јуни, 2005 - 16:21

ок е дечкич. Јас сум голем гомнојадач кога стнува збор за пишување, ама ти си ок. Имаш надреалистичка машта, а тоа ми се свиѓа кај лугето. Ќе те биде кога ќе најдеш повеќе време за тоа што сакаш да го правеш:)