Обавезно да се прочита до сите медиуми
Испратено од некоја будала на 7 март, 2005 - 00:02
From: Арсовски Александар [aleksandar_ar@yahoo.com]
Sent: Thursday, March 03, 2005 6:14 PM
To: Сите медиуми
Subject: Обавезно да се прочита до сите медиуми
Обавезно да се прочита до сите медиуми Господине уреднику на Списанието Ентер и господине сопственику на истото, јас како вас разочаран читател се решив да ви испратам писмо со надеж дека ке смени нешто во списанието...
Ова писмо ке го испратам и до сите интернет форуми и веб страни кои објавуват текст за да сфати народот зашто не чини списаниево и Интернет и Компјутерските фирми во Македонија. Надеж иако има некои кои и се рекламират кај вас се надевам дека ке бидат реални да прифатат и само критика. Ќе се обидам да бидам краток иако тоа би било невозможно. Барам да ги
согледате реално работите и не очекувам никаков одговор но се надевам ќе предизвикам промени. Моето име е Александар и еве ги причините критикувани по страни а во нив ке вметнам критики и за фирмите :
Стр.0 Реклама Амц.
Стр.1 Реклама Амц.
Стр.3 Реклама Ентернет.
Стр.4 Реклама Хундаи.
Стр.6 Реклама за вашиот рекламен простор од кој подоцна извадив груби проценки.
Стр.13 Реклама Он.нет и Ентер тука и мал текст за таа понуда наречена бесплатен интернет. Значи вие давате бесплатен интертнет наплатувајќи го "само" телефонскиот импулс е сево ова ќе беше одлично само цената на телефонскиот импулс да не беше оган висока. Се разбира благодарение на Македонски Телекомуникации и така ние благодарни на вашата понуда ќе ги полниме нивните џебови, а верувам дека и Он.нет зима некој процент од тие импулси инаку само би правел услуга на Телеком.
Стр.18 Текст земен од Он.нет што не е реклама но сепак е нешто што сум го прочитал пред недела две и не е така интересно.
Стр.19 Реклама од Он.нет и повторно еден текст за Интернет Провајдерите се рекламира Кабловски интернет и тука е најубавата понуда од така наречениот Фун пакет кој Вклучува "неверојатни" 200 МБ месечно, а секој следен мега бајт е само 5 денари, е убаво ама јас со Модемска 56к конекција правам 30сетина мега бајти на еден сат од прилика дневно а толку би правел и обичен корисник и таа цена од 500 денари ке падне во вода после 7 дена и ке ја достигнеме цената од 1.500 денари месечно што за наши услови е многу. А како втор услов за кабловски оператор го имаме неверојатниот т.н. "Брзиот" и "Стабилниот" МОЛ со малку поевтини цени и доста "побрза" и "постабилна" конекција што лугето кубат нерви и кубат коса од задоволство, а ќе ја заборавев и третата опција Нашиот Нај Мил МТ.НЕТ кој нуди неверојатна АДСЛ понуда за само мислам 2000 денари на 12 месеци со некој лимит на брзина ако се надмине доунлоад, е супер ама тие 2000 денари кој ќе ми ги дае кога сите знаеме колку е просечна плата на вработен човек а уште подобро колку фамилии имат по двајца вработени.
Стр.20 Неверојатно и после Рекламата на Он.нет има цели Две Страни посветено на јубилејот на Он.нет неверојатно бидејќи е срамота вие луѓе перете мозок бидејќи на 10тина места следи текст од минимум по една страна а пред него или после него понуда од истата фирма т.е. толку сте фини што по неверојатниот текст на страната ни покажувате и каде може да го купиме.
Стр.22 - Стр.25 Испреплетеност на Текстови за мобилни и реклами. За ИМПУЛС понуда на Космофон што е исто како и погорниот текст перење мозок толку сте фини што ни кажувате и каде може да ги најдеме телефоните.
Стр.26 Легален Софтвер посветен на Microsoft, не е дека не подржувам легален софтвар но дури еден лист подоцна, Стр.29, повторно сте фини и не упатувате каде може да го купиме.
Стр.30,31 Се стремите да не научите нешто, а не сваќате дека и PC Info и Plugin правеа такви глупави обиди од кој никогаш никој не научил , направете една анкета дали некој некогаш научил од две страни текст програмски јазик. Ве молам и ќе го исполнувате списанието цели 10 броја со Visual Basic, а никој нема да научи нешто од тоа, но важно ке сфати. Две страни што може да се искористи на Пример за споредба на некој Хардвер или Софтвер или Случувања на интернет или било што попаметно.
Стр.39 Реклама За Кафе во компјутерско списание, луге вие не ни бирате.
Стр.49 Реклама за Странски Јазик.
Стр.50 Шо би можел да кажам за текстот Се за Вашето Бебенце па нисто само повторно направете една анкета за да видите колку Проценти од Васите купувачи се Мајки со деца. а колку Млади луге кои не ги интересира тоа.
Стр.51 Реклама за Супааааааааа.
Стр.54/55 Реклама т.е Текст за некој добар продукт што може да се најде во АМЦ а на Стр. 55 се разбира реклама за АМЦ.перење мозок
Стр.56/57 Текст за монитор во АМЦ и на 57 Наградна Игра на АМЦ перење мозок.
Стр.58/59 Добра Графичка карта но повторно од АМЦ само нема после реклами на 57 се рекламите.
Стр.60 Реклама за Кингстон
Стр.62/63/64/65/ Текст за хардвер сега од Анкоч ама конечно нема реклама кај да се купи. или коклу пари е.
Стр.71 Реклама IVC со други
Стр.72/73 Хахаха неверојатно Текст за JVC а на 73 Уште една реклама во тост човек да не може да ја утне , ова не можев да го предвидам.
Стр.74-79, на Цели 5 страни текстови за мобилни и нивни Функции, и се разбира Реклами од Нашиот "Златен Мобимак" на секоја страна и како да стигнеме до неговите услуги.
Стр.80/81 Текст за компјутерски систем на Анкоч и колку бил добар и дури и лиценциран Дизајниран За ХР
Стр.83 Реклама за Коли.
Стр.85 Повторно нешто Дете Мајка и би рекол пак направете анкета колку читатели ви спагат во таа категорија.
Стр.87 пола реклама за Вас.
Стр.89 Мислев ке го нема но сепак реклама Јакиот систем на Анкоч и реклама мебел
Стр.93 1/3 реклама за пица
Стр.94/95 Децата треба да знаат све текстот е добар и има поента но проблемот е сто мене како потросувач не ми треба а колку проценти од васите потросувачи се деца а колку од нив ке го разберат текстот ??
Стр.96 Реклама за Антена5
Стр.99 Реклама за Wireless Lan
Стр.100-106 Малце претерано со Игрите
Стр.107 Реклама за DDS цомпутери
Стр.108-111 Пак претерано Игри
Стр.115 Реклама повторно
Стр.116-118 И уште ИГРРИ
Стр.119 Реклама Медиа Маркет.
Стр.120-123 Повторно Игри
Стр.124/125 Реклама Реклама за некој турнамент и на неоком
Стр.130/131 Реклама На МобиМак и се разбира Анкочовиот Голиат. и на крај Моби Мак.
Е па сега една критика за сите Компјутерски Фирми :
Вашите Конфигурации се прескапи и се тапа. Прво Интегрирана Графичка карта коа ќе видам некаде ми се лоши или конфигурација со 128 МБ рам, а ако е 256 Треба да сме среќни, а да не збориме за графичките што се употребуват неомојјј да ставите над Radeon 9550 или GeForce 5500 или 512 рам или не ви е ќарот голем на толку скапи компоненти.
Сега за уредникот и Сопственикот на списанието направив некои груби пресметки и сега ке ви ги соопштам ако не ги знаете . Имате Околу 35 страни со реклами една страна во просек со поцетната и крајната што се поскапи би дошла околу 550 евра , нека продавате 10000 примероци е сега 35стр*550 евра = 19250 ЕВРА тие 10000 примероци нека бидат Без зарабортка само за хартија и печатење. На сликата Видов 10 луге како вработени тие 10 нека зимаат плата по 500 евра =5000 и било какви трошкови плус нека се 4250 евра Пак ЌЕ ИМАТЕ ЗАРАБОТКА ОД 10000 евра што е прилично многу и под вакви Услови. Имате можност ДА ГО намалите Вашиот Рекламен простор Бидејки јас како Потрошувач не платив 100 денари од кои 30% се да читам реклами , 30% од списанието ви е реклами и тоа не ве загрижува ???? е па јас не планирам повеќе да го купувам додека не се сменат некои работи. Благодарам до сите Спомнати Страни што ме сослушаа и се надевам и они ке сменат нешто бидејќи вашите потрошувачи се далеку незадоволни....
П.С. Не сум вработен во ниедно препријатие што би ви конкурирало било на вас како списание или на Фирмите спомнати. Јас сум Студент по информатика 2 год. и се занимавам со неа веке 7 години.

»
- Најавете се или регистрирајте се за да испраќате коментари
- 8705 читања

Обавезно да се прочита до сите меди
која ли е оваа будала :)
Обавезно да се прочита до сите меди
А зашто не го среди текстот кога го објави?
Обавезно да се прочита до сите меди
Не го објавив јас
Обавезно да се прочита до сите меди
Дур не си го среди - неглавна.
Обавезно да се прочита до сите меди
Хехехехее, он е Студент по информатика веке втора година, а иде на Факултет само 7 години, сто посто кај мене на Електро е... така идат тие ствари... :)
Обавезно да се прочита до сите меди
Шо е со светов денес бе?
Обавезно да се прочита до сите меди
Така се вртеше
.
.
.
топката
Обавезно да се прочита до сите меди
Не дека го бранам ентер, ме заболе и за него и за тој што пишувал. сеа каде извадивме и ние некои посолидно списание за компјутери, не му чини имало многу реклами! па кој курац го купува, да ги брои рекламите и да им удира на рабуш кој колку дал за рекламата... Дечко ај иди претрчај околу зграда два круга, следниот пат пред да тргнеш да пишуваш оволкав текст...
те молам ако ти се занимаваш со информатика 7 години, и сеуште незнаеш за кирилична поддршка, или кој и да е проблемот немој да пишуваш нешто као,, рекламиранје,, или ,,сто сакате да писува,, бог да чува... на крај краева купи си го тоа Компјутер билд или како ли се викаше...
Обавезно да се прочита до сите меди
А што, треба да се радуваме и да викаме ура затоа што имаме списание за компјутери иако е тапа? А наместо на пишувањето да се сконцентрираше на содржината ќе видеше дека нема намера да го купува. Така да твојот совет малку ти е закаснет.
Oва очигледно е маил на латиница па конвертиран во кирилица па затоа има "писува", "рекламирајне" и останато...
Ќутите и пушите.
Обавезно да се прочита до сите меди
ашикере пациент :)
Обавезно да се прочита до сите меди
„Ова писмо ке го испратам и до сите
интернет форуми и веб страни кои објавуват текст за да
сфати народот зашто не чини списаниево и Интернет и
Компјутерските фирми во Македонијанадеж иако има некои
кои и се рекламират кај вас се надевам дека ке бидат
реални да прифатат и само критика .“
Слушај, направи и еден web сајт специјално за да го постираш ова... За секој случај. Откако се искара со пола Македонија, и откако покажа дека уште многу работи не ги разбираш (вклучително и граматиката и синтаксата), пријателски ќе те посоветувам да си го гледаш факултетот, а кога ќе ти треба духовна исполнетост, да го гледаш „Калимеро“. Ти ветувам дека во меѓувреме, додека пораснеш, ќе се средат работите. :-)
Обавезно да се прочита до сите меди
„се надевам дека ке бидат
реални да прифатат и само критика“
Ова со „само критиката“ вреди посебно да се спомне. Го спомнувам.
Обавезно да се прочита до сите меди
Абе, некој разбира ли каде му завршуваат старите, а почнуваат новите реченици. Се изнамачив дури го дочитав.
Згора на тоа и "латиничната" кирилица што ја користи...
Обавезно да се прочита до сите меди
Gi citam komentarive i se cudam.
Tipicno za nasiot mentalitet. Podobro e kuti, si traj si, se ke se sredi, bidi zadovolen so se sto ti e dadeno.
Najmalku bitno e sto tipot ne znae da pisuva.
Se pobunil, argumentiral, agumentite mu drzat.
AMC, Enter i kompanija, pridonesuvaat za se, samo ne za razvoj na informatickoto opstestvo.
Обавезно да се прочита до сите меди
Добро бре Amstel. Прав си. Важно е тоа што протестирал. Не велам не. Ама кога веќе тоа го прави и сака да го сфатат сериозно, нека го напише писмово како што е ред. На правилен македонски јазик. И со кирилично писмо. А не вака да се изнамачи човек дури го чита. Сигурен сум дека оние до кои што е упатено писмово после втората "збркана" реченица (ако не и после самиот наслов де...) се имаат откажано од читање. На тој начин се губи смислата, писмово да биде напишано. Вака писмово нема да стигне до очите на оние до кои е упатено.
Инаку списанието го немам купено. Нема ни да го купам. Зошто? Епа, ја имам гледано емисијата два-три пати. Кога ми претставуваат некој продукт (хардверски) - тоа го прават со класична негова реклама. Нема никакви тестови (споредбени пак со некои конкурентски продукти ни на сон не очекувам). Наместо тоа - едно девојче ми ги чита параметрите (како да јас тоа не можам сам да го направам од кутијата, или Интернет). Со два збота: тапа се.
Уште два три збора за цените ни македонски и услугата на нашите фирми. За никаде се. Имаме најскап хардвер на Балканов (освен можеби во Албанија). Во Бугарија е барем за 30 % се поефтино... Немам коментари.
Обавезно да се прочита до сите меди
Mozete da me moderirate i na (-1) ako sakate,
ama go podrzuvam tipot.
Обавезно да се прочита до сите меди
И јас престанав да купувам списанија (одамна) од причините наведени во писмово. Ама треба да се сфати дека општествено-економскиот систем е таков да списание и не може да изгледа поинаку. Од било која област, во било која држава, тоа е тоа.
Ако веќе се мрчи, треба против системот, не против Ентер.
Обавезно да се прочита до сите меди
Moжеш да го поддржуваш типот колку сакаш....Кој рече дека ова е компјутерско списание? Беше пред 2 броја...сега е списание кое сите го разбираат и одлично е како такво...Јас сум лаик во компјутерскиот свет и од Ентер добивам се што ми треба....изгледа перфекнто за малку пари...Поздрав до тебе и тој што го поддржуваш...
Обавезно да се прочита до сите меди
Тоа што те модерираат со 0 е поради латиницата, а не поради мислењето.
Обавезно да се прочита до сите меди
Има едноставно решение. Не го купувај. Како да ги намалта рекламите кога од нив заработуваат највеќе? Ако некој прозивод е неквалитетен, ќе го снема за брзо време. Уствари кај нас баш и нее така за се али, надевај се дека ќе замре :))). А зш ЕНЕТЕР а не РЕТУРН??? :)
Обавезно да се прочита до сите меди
Ти на Комодоре 64 работиш???
:)
Обавезно да се прочита до сите меди
:))) Не на спектрум, си го чувам во креденец.
Обавезно да се прочита до сите меди
Абе и тампони нека рекламираат ако сакаат, пошто нели само така можат да преживеат, ама содржинити им се екстремно за никаде. А за тоа не треба пари...малку ум и малку повеќе работа.
Обавезно да се прочита до сите меди
Абе нивно право е шо ке праат, тоа е приватен проект. Е сеа ако на конзументите не им се допаѓа, неминовно ќе пропадне. А да содржината е катастрофа, не викам не.
Обавезно да се прочита до сите меди
Да се разбереме. Значи Ентер не е списание за 1000 (или 10000) компјутерски образовани личности (од кои само 1% купуваат списанија затоа што мислат дека се најпаметни).
Списанието постои за помалку компјутерски образованите, за да сфатат дека компјутерите можат за се и сешто да се користат. Па и мајки, па и дедовци и сите останати луѓе кои уште имаат страв од напредната технологија. А богами у државава ги има МНОООГУ.
Размислете.
Обавезно да се прочита до сите меди
" Значи Ентер не е списание за 1000 (или 10000) компјутерски образовани личности (од кои само 1% купуваат списанија затоа што мислат дека се најпаметни)."
Каква констатација,... ти честитам. ИТ образуваните луѓе итекако читаат теми од браншата, веројатно многу повеќе од било која друга струка, заради брзиот развој на технологиите... ова морам тебе да ти го потенцирам бидејки според кажаното веројатно си вонземјанин во струкава.
Сепак мислам дека и да сакате да пишувате на постручно ниво не можете, па затоа демек намерно пишувате лаички текстови наменети за бабите што сакаат да мирцаат или за новопечените мобиљизирани типови.
Обавезно да се прочита до сите меди
Сакаш малце да се 'попукаме стручно' јас и ти?
Вонземјанин во струката? Хмм... Ваљда не сум. А?
Уствари, ти за кој струка зборуваш бе пријателе?
Обавезно да се прочита до сите меди
Со муабетот што го кажа само проба да ја искупиш некомпетентнста во ентер, па макар измислил и некои смешни теории за компјутерски поедуцираните луѓе во мк.
Еве бесплатни примери за стручни теми:
- Евалуација на 64 битни процесори преку перформанси на MySQL на 64битен Линукс.
- Компарација на главните графички чипови на пазарот со квалитативна, квантитативна анализа и се разбира оверклокинг.
- Упатство за инсталација и користење на distcc дистрибуиран компајлер за линукс.
- Вовед во ОО и UML.
- Самба - хетерогени лан мрежи
Секој знае да преведе некоја спецификација или краток напис од интернет. Ако се користите со интернет извори барем земете некои од подобрите:
-eweek.com
-infoworld.com
-osnews.com
-lwn.com
-anandtech.com
-arstechnica.com
-storagereview.com
-extremetech.com
-firingsquad.com
Среќно преведување.
Обавезно да се прочита до сите меди
Ти имаш искуство за ова, или само си читал???
Оти јас иначе го читам она српското, СВЕТ. Ти сигурно не знаеш таму што пишува.
Поздрав.
Обавезно да се прочита до сите меди
>>... ова морам тебе да ти го потенцирам бидејки според кажаното веројатно си вонземјанин во струкава.<<
ХЕХЕХЕХЕЕХХЕХЕ....ХАХХААХААХА.....хехехехехахаххехехеха
хехехахахехахехахехаехехахааххехехехеа
ехеехеа
ехеахеехехахахехеа
Морав ...хех....Ignorance is bliss :)...хаха
Обавезно да се прочита до сите меди
Долго време колекционирам компјутерски списанија а најомилениот ми е “Свет Компјутера“ .Нема да зборам за “СК“ бидејќи неговото опстојување докажува за квалитетот на едно списание - и тоа без поклон цд-а, работат повекје од 15 год. Кај нас опшо познат факт е дека се што ќе искочи за неколку месеца ќе пропадне. Без разлика за која област се работи. Лично јас сум исто така револтиран кон списанието “Ентер“, дури се мислев да им пишам за тоа што ме извади од такт. Да разјаснам една работа, наши весници купувам само поради подршка на истите. Прошлиот месец купив Компјутер билд - и во споредба со Ентер има каде каде повеќе информација, дури и подобар опис. Единствена разлика меѓу овие списаниа е тоа што едното списание не содржи цд-е, што кога ќе го видиш изборот не ни ти е потребен. Повеќе штета ќе ти направи неквалитетната изработка на истиот. на крајот чувајте стари или потребни програми како тоа го прават во баг, сепак големи сте и верувам дека знаете што правите. Да се навратам за статијата која ме изнервира. Вртам тоа страниците кој навистина се преполни со реклами и нема потреба да се “вадат“ со тоа дека нема да постои весникот. Како што кажав вртам страниците стигам до делот за игри, бидејќи сакам да видам што купувам, решив да прочитам некои од статите за игрите во новиот број на “ентер“. незнам како може типот да се нарече себе новинар, или кој е тој уредник што дозволил текстот да помине. Се работи за текстот за “панишер“ - кога гледаш списание, очекуваш да ти се опише што да очекува, што да не очекува, од продуктот кој може ќе го купиш, а може и нема. Во текстот типот пљука на најпрост начин за текстурата на играта. Како тепал некои манги и што ти ја знам. Детенце од 7 години по описливо ќе го направит тоа. Имаат флаш бак - рецензија на веќе издадена статија - што е целта со ова? оригиналност за разлика од другите списанија или немање текст или рекламен материјал да се исполни страната ? Сепак тие што си го работат весникот си знаат како да задржат одредена конзументска маса на нивниот продукт. Јас едноставно веќе после ова престанувам, има каде каде поинтересни списанија од ова. Само не би сакал да ги видам како се правдаат бидејќи пропаднале поради ова или она. Како што кажав, веснициве ги купувам за подршка иако може не ни им е потребна, сепак тоа ми е должност како жител на оваа држава. Нешто друго ме засегна во текстов. Нешто што сите се свесни но пак си ќутат, како за интернетот,импулсите и се останато во државата. Тоа се преголеми цени за неквалитетни конфигурации. До кога со таков грабеж ? Срамота е за самото општество, си кажува самото каков народ сме, после никој не ни е крив. Ме изненади текстот, но ме изненадија вашите текстови. Срамота, текстот е на место, и го оправдувам револтот.
Обавезно да се прочита до сите меди
Како што кажав, веснициве ги купувам за подршка иако може не ни им е потребна, сепак тоа ми е должност како жител на оваа држава.
Пријателе не ти држи објаснувањево ама ич.
Не дека имам нешто против ама...
Ако е така значи ние треба да им ги полниме џебовите на сопствениците за да испаднеме патриоти?
Ти мислиш дека немаат есап и се мачат да го одржат списанието без економска оправданост?
Никако,ни под разно.
Јас како и грото од лугето што трошиме не мали средства за купување на ИТ списанија ги трошиме со цел да ги видиме новитетите, прочитаме тестови,рецензии искуства итд итд.
Да не набројувам.
За жал нашиве "стручни" лица не знаат ни да направат плагијат.
Имаат од каде да копираат,учат,крадат..сеедно.
Не е срамота да се направи плагијат.Лошо е ако плагијатот е неуспешен односно лош.
За крај..не е за 100 ден колку што чини списанието.
Месечно купувам Bug,Vidi,Mreza,Pc play i Haker.
Значи не е проблем да одвојам уште 100 ден.
Проблемот е што не сакам да купувам списание што личи на флаер и со податоци
стари неколку месеца.
Обавезно да се прочита до сите меди
<i>Проблемот е што не сакам да купувам списание што личи на флаер и со податоци
стари неколку месеца<i>
Е добро де, си рече Цуцко погоре. Значи ти си дел од “напредните“. А читаш <i>ТОЈ<i>, машки свет? :-)
Обавезно да се прочита до сите меди
А читаш ТОЈмашки свет? :-)
Читам колку и ти :D
p.s
Ujutro ga osjetis,usnama ga dodirnes,rukama ga drzis,pogledom ga ljubis,volis ga vrelog,uzimas ga cijelog i kad ne znas da je kraj to je:
KAMILICA CAJ!
Обавезно да се прочита до сите меди
Не се револтирај,ами,читај си ти и понатаму “Свет Компјутера“ ,кој те тера да купуваш....Ентер се продава како лудо....значи?
Обавезно да се прочита до сите меди
Јас не купувам веќе ниедно такво списание. А на времето СК го чекав ко луд секој нов број, коа штракав на Ц-64/128. :). Абе шо ти треба имаш на нет, шо ке ти е да им даваш пари безвеза, коа се е пред тебе на дланка.
Обавезно да се прочита до сите меди
Абе живееме во демократија!
Што значи дека секој може да објавува што сака и колку сака се додека тоа што го објавува не се коси со законот.
Ако не ти се допаѓа.. не го зимај или направи си свое списание на кои нема да има реклами и од кое нема да заработуваш 500 евра него само 500 денари!
Бај д веј, објавиле 10 страни текстови за игри?!
Па што требаше да објават? Како да се снајдеш на С++?
Списаниево е за просечни корисници, а баш нив највеќе ги интересираат игриците..
Обавезно да се прочита до сите меди
Не ја сфаќам ама никако оваа тенденција.
Патем, што се очекува да се прочита на било какви списанија? Ако продукт не се рекламира, ондак нема шанси ни да се продаде, и одма прашањето кој ќе плати за да се печати списанието?
Е сега за Ентер, не дека сум го читал, ама сигурно е профитабилно списание, така да секое обвинение (за реклами и местоположби на истите) паѓа во вода. Мора да се рекламира, едноставно мора. Барем во наши услови така е.
За содржината нема ни да зборам, не сум го читал списанието.
За на крај, ај направи ти подобро списание, секој ќе го купува. Жими вујна.
Квалитет се бара само кога се плаќа колку што треба.
Хах, јеби га. Демократија.
Ах, кај е комунизмот кога ти треба?
Обавезно да се прочита до сите меди
SuperGirl...ако ти се допаѓа да ќутиш и пушиш, слободно продолжи! те молам не ни го рекламирај твоето ќутење и пушење на нас навистина не сме заинтересирани!
А да, Ентер јас го имам купено 2 пати тоа списание, а има 4 или 5 броја незнам...како што знаете зад Ентер стои А1, како за списанието така и за емисијата, па после стои АМС итн... Во секој случај, мислите ли дека овакви реакции ќе смени нешто кај купувачите на тоа списание? Јас мислам не!
p.s. АМС неможам да ги сварам ама никако, во продавницата кај кинг бургер им работат, неуслужливи, идиоти и итн. Фала на Ентер и сите други имам нешто попаметно да читам...да речеме bagra.org!!!
Обавезно да се прочита до сите меди
Пфффф ...ќе се рекламирам во Enter и онака им требаат реклами за леб да јадат...гарант ќе ми одвојат и цела страна, фул колор...
А ти толку си сфатил...твоја препорака беше да си ќутиме и правиме мутави и да не се пишува против бљувотина од списание пошто само такво имаме или пошто реакцијата нема ништо да смени...тоа е твое пушење друшкане, не мое.
Обавезно да се прочита до сите меди
SuperGirl па и не си ти така супер... по мене.
Некако многу испарадирано ми парламудиш.
Enter е супер. Баш како што рече Цуцко. Својата функција си ја врши и повеќе од што би можел да иритира рекламниот простор.
Башка, секој медиум има елевација на созревање. Чекајте, кај со тој памет? Кај така и толку на јуриш маме ебавате на списанието? Ќе се сменат содржините, па после ќе бараат title на содржинските теми..... поголем дел од вас.
Затоа... кроце...
Слушај Цуц, *-) викни му уште реклами. Нека има пари, нек се дели повеќе плата, и капиталистичката мотивација ќе си го направи своето. -)))
Ain't I гад дем рајт?? :-))
Обавезно да се прочита до сите меди
Ако според тебе е супер, според мене не е. И ако нешто не ми чини, ќе го критикувам...на ваков или онаков начин, кој како сфаќа.
Колку што едните имаат право да го фалат и купуваат, толку имаат другите да го критикуваат и не го купуваат.
Дечкото гласно проговорил за тоа што му смета и тоа е според мене супер. Вашиот обид да го убедите дека тоа што не му се допаѓа уставри е добро и дека така треба е непотребен. Не сите имаме исти вкусови, желби, потреби.
Обавезно да се прочита до сите меди
wrong idea, wrong terms, baby.
Watch after the context while replying.
Обавезно да се прочита до сите меди
А демек твојава проценка е најмеродавна??? Ти да внимаваше на контексти немаше да се фураш волку, него ќе почитуваше и туѓо мислење, па колку и да било wrong според тебе.
exit
Обавезно да се прочита до сите меди
неписмено мислење е тоа неписмено....
Обавезно да се прочита до сите меди
Istoriski komentar. Pa duri i na angliski, i neshto okolu 'context', i ich ne razbrav nishto. "Watch AFTER the context," demek, ili shto "Gledaj PO kontekstot"? Znachi, do diskutantot cel na gorenavedeniot komentar: chekaj neka pomine kontekstot, pa posle pogledaj go. Spepak, definitivno, nemoj nikako pred da pomine kontekstot.
Chuvajte si go jazikot i nemojte so vakvi ekskurzii vo TV English.
p.s. Izvinite za latinica, kletvata na javni kompjuteri kaj shto nemam administrativen pristap.
Обавезно да се прочита до сите меди
Супер си не ги слушај.
;)
Обавезно да се прочита до сите меди
Да се разбереме, списаниево го пишуваат дилетанти и компјутерски аналфабети. Кој читал Баг или ПисиЧип ова веднаш му упаѓа во очи зошто текстовите корнат на аматеризам.
За илустрација: во првиот текст што го прочитав на сајтот гледам една небулоза, имено процесорот Оптерон бил исто така и за домашна употреба. Многу корисници ќе им бидат благодарни за овој совет, кој покажува елементарно непознавање на CPU пазарот. За некаков тест со конкретни бројки да не помислуваме, бидејќи се сведува на трапав превод од странски сајтови.
Исто во текст за една графичка картица само летимично се листа нејзината спецификација со најосновните карактеристики (рам, in out portovi). Недајбоже да пуштат некоја игрица за да истестираат брзина(веројатно незнаат како се мери fps), иако спонзор им е дистрибутерот на картиците.
Содржината ќе се подобри евентуално ако за година-две авторите го продлабочат своето знаење во браншата. Учете од Баг и ПцЧип како треба, хрватите си ја знаеа работата, а ни народот овде не пасе трева, или барем на тие што пасат трева не им е многу до компјутери.
Обавезно да се прочита до сите меди
Мали не се обесхрабрувај. Сурова е оваа багра хехех сега ќе те издишат зошто не си пишувал во македонска поддршка но нејсе.
Искрено малку тежок ти беше текстот за читање. Ти мајку му ко да си правел анализа на списанието за предметот Јавно мислење и масовни комуникации на политички студии. Реклами помножено со страни па тираж и слично.
Само да ти кажам дека математиката ти погрешна ( нема списание месечно или двонедеделно кое има тираж од 10,000) Моментално Фокус држи тираж од околу 7000-8000 примероци и Форум е прилично блиску но ниту еден од нив не остварува 19.250 еур приход.
Е сега стварно да примаа новинарите во Ентер плата од 500 еур дали мислиш дека списанието ќе им беше "толку добро"
Обавезно да се прочита до сите меди
си викам ај да видам што презентираат ентеровци кога..упссс ..20 минути вика...
mysql://enter:@localhost/enter failed to connectToo many connections
не плакаат хост во македонија?гарант немаат ни закупен вод,се шлепаат на хоби пакет цела редакција.
Ping statistics for 216.239.39.99: ГУГЛ
Мinimum = 151ms, Maximum = 171ms, Average = 159ms
Ping statistics for 216.239.129.10: ЕНТЕР
Minimum = 254ms, Maximum = 370ms, Average = 303ms
Ме интересира на што ги трошат парите од заработувачката.
Зошто би бил ти патриот и би го купувал списанието а они ги даваат парите на некој друг наместо на домашни провајдери.Без разлика дали е мт.нет,он.не, мол,унет,сонет?
Пази парадокс еј.