Една дискусија од њуз за ЛСД. Опфатени се скоро сите битни информации, од како е измислен, до сите ризици по здравјето.
Во дискусијата учествуваа јас, miopa, Челик, Реаниматор и др.
ЛСД е име за lysergic acid diethylamide-25 што е синтеза од алкалоидот кој
се наоѓа во лисергичната киселина, а може да се најде во габата Claviceps purpurea.
Измислена е 1938 од Алберт Хофман и Артур Стол, швајцарски хемичари кои се обидувале
да пронајдат лек против главоболка. Хофман си инјектирал дел од дрогата и ги
пронашол нејзините халуциногени ефекти. Тоа е една од најјаките хемикалии кои
ја менуваат свеста.
Обично доаѓа во мали (обично четвртасти) парчиња на хартија кои предходно биле
натпоени во ЛСД или во форма на микродотови (нешто како таблетка со дијаметар
неколку милиметри).

Се зима орално. Ефектите се многу варијабилни. Обично започнуваат во првиот
час после земањето и траат 8-12 часа. Најмногу зависат од расположението на
уживателот и предизвикува изкривување на видот и слухот, халуцинации и недостаток
на концентрација. Јачината варира и е невозможно да се знае колкава доза е земена.
Може да биде измешана перцепцијата за време, место, звук.
Може да се јават и „лоши трипови“, кај луѓе што се депресивни. Тие може да ги
имаат овие чуства во преголеми количини, а најчесто се изразени со параноја,
нестрпливост, страв, и луѓето забораваат дека дрогата ги предизвикува овие ефекти,
и мислат дека полудуваат. Во ваков случај треба да се однесе „жртвата“ на сигурно
место и да се убеди дека се е ОК. Ако уживателот е убеден дека полудува треба
да се убеди дека се ќе заврши за неколку часа. Во најекстремните случаи треба
да се однесе во болница. Седативи како Лексилиум може да ја намалат паниката
и напнатоста, но најдоброто решение е смирен разговор.
Во најекстремните случаи се јавуваат пролонгирани реакции (денови до месеци)
и хоспиталицацијата е неминовна.
Може да се јават „флаешбекови“ кои се честа појава при зимањето на ЛСД, дури
и после многу долго време по употребата.
Нема зависност. Во самиот ЛСД нема ништо што би те натерало да земеш пак. Ретко,
некои луѓе го користат како начин да избегаат од потешките дроги, како „помало
зло“.
Смртната доза на ЛСД е неколку десетици илјади пати од нормалната доза, што
ја прави (во смисол на отров) една од најбезбентите познати дроги. Можеш да
умреш и од два трипа (ова се случило неколку пати, но случаите не се до крај
испитани), или да не умреш од 20. Може да се случи и да не се вратиш никогаш
од трипот. Освен тоа, се таложи во рбетниот мозок и ако се конзумира често остава
трајни последици. Ако се додаде тука опасноста од бед трип, која не е мала кај
неискусните и неинформирани конзументи, далеку е од најбезбедните дроги. Американците
во шеесетите го имале во арсеналот на бојни отрови.
Легално, спаѓа во групата на тешки дроги (хероин, кокаин).

Последни коментари