7 најкратки НФ раскази
од n00ne на 5 мар 2005 - 23:52
Фредерик Браун, познат по суперкратки СФ раскази во 1948 ја напиша веќе на сите добро познатиот расказ:
Чук Чук
Последниот човек седеше сам во собата.
Некој чукна на вратата.
Долго време ова беше најкраток СФ расказ и никој не пробуваше да напише нешто слично. Но во последните десетина години се појави некоја мода за пишување мини-мини СФ раскази. Еве некои од нив.
Љубовна приказна
Младичот сретна девојка,
Младичот губи девојка,
Младичот прави девојка.
Автор: Џеф Ренер, објавено во списанието F&SF во 1964 година..
Најкратката СФ приказна некогаш напишана
Времето застана.
Вчера.
Автор: Роџер Дилија, 1972 година.
Космичка карта
Ф
Автор: Форест Џ. Акерман. 1973 година.
Атомигедон 2419
Крај.
Автор: Форест Џ. Акерман. 1973 година.
Да не затруднеше Ева
.
Точка – цела приказна на Еда Велен, напишана 1974 година е само една единствена точка.
Зошто атентаторот Бут не го уби Линколн
Празно, нема ништо, зошто атентаторот Бут го уби Линколн.
Автор: Еда Велен, 1974 година.
|
Последни коментари