8 јануари, 2009 - 13:57
[веб кирилица]

И тоа се случува

од n00ne на 4 мар 2005 - 09:44
I.

- Не мочај на Земјата!
- А што да правам? Бродот е скоро километар од тука, да не сакаш да пешачам цел километар за да се олеснам?! А, и нема лошо да и дојде малку вода на земјава, ха, ха! Знаеш дека после 10,000 илијади години може живот да настане од оваа урина, ха, ха.
- Не би се кладел на тоа.
- Хаха, него собравме камења има за цела куќа што би се рекло, ај да си одиме дома.
- И мене ми недостига Хионис.
- Хионките особено, хаха!


II.

130,000 илијади години подоцна.

- Господ! Господ!
- Гооспооооод!
- Кажи Ное.
- Венера премногу се доближи до сонцето, ништо на планетата нема да преживее доколку не им помогнеме.
- И со Меркур беше истата приказна.
- Па знаеш каков е тој квадрант.
- Аххххх. Добро, ќе им помогнеме.

III.

- Станува се полошо.
- Планетата веќе е премногу блиску до сонцето.
- Знам. Само премногу касно дојдовме до сознание како всушност функционира вселената. Сонцето полека ги привлекува планетите кон себе се додека не ги собере сите планети во себе, потоа некоја поголема ѕвезда ќе го привлече сонцето кон себе, а некоја сосема седма многу поголема ѕвезда од претходно споменатите помали ѕвезди ќе ја привлече новосоздадената ѕвезда. И сето тоа се случува низ целата вселена. Вселената се собира цело време, за на крај да дојде до едно огромно сонце кое најверојатно ќе експлодира и се ќе почне од почеток. Обичен рисет. Долготраен процес секако, но кога ќе помислиш дека тоа може да оди така до бесконечност не постои бројка за која може да се каже дека е долгораен процес.
- А сето тоа може да биде сместено во еден мал украсен предмет изработен на планета која е екстремно поголема од целата вселена, оваа што ние ја познаваме секако.
- Кога само би имале технологија да се преселиме на Земјата. Планетата веќе се доближила на идеално растојание од сонцето за создавање на жив свет. Според сателитските снимки има огромни животни кои ја населуваат.
- Диносауруси.
- Да така ги викаат.
- И што ќе правиме?!
- Ништо не ни можеме да правиме, освен да се молиме за чудо.

IV.

Тоа попладне на Венера се случи чудо.
Слета вселенски брод точно пред владата на Венера и нормално од него излегоа двајца вонвенерци опкружени со уште неколку вонвенерци. Едниот се претстави како Адмирал Господ, а другиот беше Командант Ное, другите не беа битни. Обајцата доаѓаа од планетата Рај на која што Господ беше сосема вообичаено и најмногу користено име, додека Ное беше нетолкувообичаено име како претходно споменатото.

Венерците беа пресреќни кога слушнаа дека ќе бидат евакуирани на Земјата. Потоа малку се зегрижија зошто таму има огромни животни кои ќе ги гледаат како свежо послужена храна, но љубезните посетители спасители од Рај ветија дека ќе ги истребат сите диносауруси на Земјата пред да ги евакуираат.



V.

6 дена подоцна.

- Ное.
- Да Господ.
- Знаеш што треба да правиш така?
- Знам.
- Заврши со евакуацијата, подучи ги Венерциве за Земјата и врати се дома.
- Добро. Ти одиш?
Да, морам да се вратам на Рај. Потребен сум и таму. Еј, и кажи им на венерциве дека за 341,093 години ќе мора сами да се евакуираат на Марс. И нека пробаат да не направат депонија и од оваа планета.

Седмиот ден Господ одмараше.

Опции за гледање на коментари


сликата на Mistress
И тоа се случува - од Mistress на 4 март, 2005 - 10:24

Кратко, слатко и под конец. Вака сите да пишувате од сега [се смее]

Ќе останев во заблуда дека жените се од Венера, а мажите од Марс. Мажите од Меркур да ти биле [се смее]

И тоа се случува - од devilll на 4 март, 2005 - 12:58

Браво n00ne, одлично навистина.

сликата на JohnFoe
И тоа се случува - од JohnFoe на 4 март, 2005 - 14:14

Простодушно, потпросечно. Кратко, ама боговеми - досадно.

сликата на искра
И тоа се случува - од искра на 4 март, 2005 - 19:07

Мене ова смешно ми е [се смее] ама добар обид, поинаков забавен стил некој...

сликата на StormAngel
И тоа се случува - од StormAngel на 4 март, 2005 - 19:55

Крајот е ептен интересен. =)))

И тоа се случува - од bgonev на 4 март, 2005 - 20:08

Да разбијам монотонија:

Најдов Jim Beam бело литарско за 600 денари. [се смее]

Aj ziveli !

сликата на StipJaNec
И тоа се случува - од StipJaNec на 4 март, 2005 - 20:42

Neka e! A kaj go najde ziti se?

.. a da super (zabavna) storija, a onie vanzemajcite se iselile na kraj neli...

И тоа се случува - од Alchemist на 4 март, 2005 - 23:50

Interesno... definitivno interesno, i smesno [се смее], aaa da
I mene mi nedostigaat Hionkite isto taka...

И тоа се случува - од tino097 на 6 март, 2005 - 00:28

а диносаурусите ????!!!!!!

сликата на ГоранОдЧаир
И тоа се случува - од ГоранОдЧаир на 6 март, 2005 - 01:00

ќе биде ли глупо ако прашам кои се уствари тие Хионките....!?!?! мене нешто нејасно

сликата на PSYCHOpatka
И тоа се случува - од PSYCHOpatka на 6 март, 2005 - 01:06

Видиш, и мене ме тепаат прашалници од вчера за тоа, ама ај.
[намигнува]))))

И тоа се случува - од SamoSvoja на 10 март, 2005 - 11:10

Bas efektivno.

sorry for the "latinica" [се смее]