8 јануари, 2009 - 17:59
[веб кирилица]

Апел на aсоцијацијата на производителите на вибратори

од гоце на 11 окт 2001 - 18:14
Асоцијацијата на производители на вибратори од САД ја повикува нацијата да се врати на нормала и да купува вибратори, по намалувањето на продажбата по терористичките напади во САД. Асоцијацијата на производители на вибратори се повикува на патриотизмот на Американците и ги моли граѓаните да ја помогнат американската економија и индустријата за вибратори со купување на секс играчки. „Исто како и други индустриски гранки и ние сме погодени по скорепните настани“ изјави портпаролот на асоцијацијата, Ричард Грантам. „Најдобар начин да му ја покажеме на Осама Бин Ладен нашата решителност е да се вратиме на нормала и да почнеме да купуваме вибратори, како што тоа го правевме и пред се ова да се случи.“, рече Грантам. 14 инчен црвено-црно-плав "Star Spangled Rammer" вибратор ќе се појави ви продавниците ширум САД.

The Onion