Засекогаш со...
од PaLaVi на 24 фев 2005 - 14:51
Посветено на личноста која заслужува
многу повеќе од тоа што некој може да
и подари…на личноста со која за прв пат
видов колку може да боли љубовта и
како може да го измени животот на
оние што ги заразила.
Посветено на Даниела...
Повторно се роди тоа што веќе беше умрено. Воскресна старата рана и создаде нови безбројни рани. Повторувајќи ја грешката по втор пат од мене се создаде суштество без тага и без жал…не, не беше така но сите така ме замислуваа…идиот кој во секој миг може да ти наштети,а никој не знаеше колку жалам за тоа што го направив а со гордост го кажував. Ги изневерив сите околу мене…сите што искрено ме сакаа,почнувајќи од онаа која ме родила и ме одгледала, ме сакала повеќе од својот живот а јас ја напуштив уште од 17 години наоѓајќи работа во интернет кафе во друг град-Тетово. На крај излезе дека повеќе го сакам градот од сопствената мајка но не беше така…Повеќе ја сакав онаа за која мислев дека е мојот живот и дека засекогаш ќе остане со мене.Мислев и погрешив… Можеби пребрзо созреав и подруго ги гледав работите од останатите кои беа со мене. Но не беше вината кај неа…Премногу ја повредив и по неколку простени грешки се случи тоа што се случи-засекогаш се оттргна од мене,се спаси од болната “љубов” пружена од моето срце полно со омраза…омраза кон себе си и кон сите други.Во тоа срце секогаш имаше громовен дожд од солзи создадени во многуте ноќи пројдени со мисла што да поправам во себе…каде е грешката во мене а каде во другите? Секогаш размислував но никогаш не можев да го најдам одговорот.
Со многу копнеж, тага, јадост и страв секогаш го барав лекот во алкохолот и травата. Секое мое пиење завршуваше крваво за мене и за многу други вклучувајќи ги моите другари и онаа која ја сакав и некогаш ме сакаше. Нејзиното сожалување ме правеше уште понервозен и кога помислував на тоа во мене секогаш доаѓаше некоја топлина која го разбиваше мојот разум и едноставно ме исклучуваше од се околу мене. Правев нешта што не ни знаев дека ги правам,не го знаев нивното значење. Знаев дека не го заслужува тоа а пак ни јас нејзиното сожалување. Таа беше онаа која требаше да се сожалува и да и се помогне бидејќи беше девојка која уште не го видела животот и нејзиното прво искуство беше тоа да види колку луѓето можат да бидат злобни. Тие што ги сакаш повеќе од себе да те повредат, тие што ги мразиш да ти помогнат…
Беше се што беше… таа е веќе среќна, таа е “среќно” вљубена во некој кој прави список на девојки со кои бил само за забава,кој е добар актер и глуми добар човек-нејзин заштитник а е права пичка во сите работи,глуми и добар другар…како што некогаш ми беше. Таа е со него без разлика што мислам јас. Напуштив се што имав…го уништив сето тоа што сум го градел со години-мојата гордост,го извалкав моето лице, ја изгубив довербата во самиот себе и довербата на сите околу мене…Со мене засекогаш остана само лош спомен, остана нејзината слика во моите мисли, остана топлината од нејзините усни на моите… Остана се што беше нејзино…Дел од неа засекогаш ќе остане со мене…ЈАС И ТАА…Можеби засекогаш ќе биде далеку но сигурно засекогаш ќе ми биде во срцето…
|
Последни коментари