BSA против отворените стандарди

BSA (Business Software Alliance) ја повикува Европската Комисија да ги олабави барањата за отворени стандарди во нивните проекти за е-влада.

Основните напатствија на ЕК за користење на отворени стандарди се јасни. Документот кажува „за да се овозможи интер-операбилност во контекстот на пан-европските е-влада услуги, мора да го фокусираме раководењето кон отворените стандарди.“

Комисијата ги дефинира отворените стандардите со следниве карактеристики: тие мора да бидат прифатени и одржувани од не-профитна организација; дека стандардот е објвен и спецификациите се јавно достапни; и дека интелектуалната сопственост во стандадрите е неотповикливo достапна без плаќање.

Интересна е забелешката на човекот од BSA: "...It is a false assertion to say open standards must be implemented in open source...". Ха, тоа е точно и никој не го спори тоа (така да не знам зашто морал да го спомнува). Но исто така е точно дека ако некој стандард/проткол/формат не може да се имплементира во слободен/open-source софтвер тогаш тој стандард сигурно не е отворен (за логичарите: обратното не важи!).

Во Македонија пак, BSA ни ја прави нашата IT стратегијата, така да вакви проблеми изгледа во старт ќе ги избегнеме. Г-динот Валентин Пепељуговски, претставникот на BSA во МК, инаку правник, е член на повеќето task-force-еви кои се формирани од КИТ, Сорос и UNHCR за правење на македонската ИКТ стратегија. Од друга страна, Слободен софтвер Македонија, како организација се занимава со проблеми од јавен интерес и за цел има
подобрување на IT статусот на сите граѓани - наспроти BSA која ги застапува интересите само на нивните членови - Слободен софтвер не е член на ниеден task-force. Дозволено ни е само да учествуваме во јавни трибини и да коментираме. За жал дури и нашата сугестија во стратегијата да влезе прашањето за отворените формати и законот за слободен пристап до докуметите од јавен интерес, беше одбиена, со сомнително правно толкување, токму од г-динот Валентин Пепељуговски. Барем знаеме што не чека :(.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на GoodBytes

BSA против отворените стандарди

Отворените стандарди се супер работа, но јасен е и мотивот на БСА зошто сака да ги олабави критериумите на ЕУ. Секако, не се во право, но тоа лобирање го прават од сопствен интерес. А и јасно е зошто БСА ја направила таа игра со зборови, уфрлајќи го open source во равенката. Како и да е, кога станува збор за ЕУ, во игра се големи пари. Мене ме загрижува она што се случува кај нас, целиот овој недостаток од стратегија и повремените лични интереси на луѓето кои се одговорни и платени од нас за да ги поправат работите. Во ИТ светот, работите се менуваат со голема брзина, но ние каскаме позади со својот медиокритет. Секоја чест на ретките исклучоци.

На друга тема: се надевам дека некоја од општините во Македонија ќе реализира Wi-Fi мрежа која ќе биде бесплатна за секого. Е, за таква работа веднаш би дал самопридонес. :-)

Слика на ufo

BSA против отворените стандарди

Они само ја уназадуваат работата... Ако не е на мајкрософт не е софтвер за нив.

Леле леле како би им се убацил со Ц4 околу стомак у тоа КИТ.. многу сум им накурчен! многу! на сите!

Е.. види што се дешава.. http://dnb.com.mk/upload/?act=dl&file=S29yaXN0ZXRlRmlyZWZveC5qcGc=

Слика на bojadva

BSA против отворените стандарди

Слободен софтвер само напред! се надевам ке се најде некој да ве помогне и материјално, покрај моралната поддршка.

овој цитат баш ме насмеа, пази само колку длабоко оди

"The day Microsoft makes something that doesn't suck is probably the day they start making vacuum
cleaners." - Ernest Jan Plugge

Слика на regan

BSA против отворените стандарди

За кај нас не се секирајте. Нашите органи слепо ги следат препораките не Европската Комисија. Значи порано или подоцна , без премногу размислување , ќе бидат имплементирани во законодавството. Ако поради ништо друго, само затоа што не носат “Чекор поблиску“ до ЕУ. Хе хе , фразата е излитена , но во случајот може да биде корисна.
Што се однесува до имплементирањето на отворени стандарди All the way, т.е. насекаде и во секое парче софтвер, полесно е да се рече отколку да се стори. Имено лесно е да се пропише и со закон уреди оваа материја, многу е потешко да се имплементира во пракса. Имајте во предвид дека на пример JPEG i PDF кои насекаде се користат се затворени стандарди. Или ZIP i RAR алгоритмите, кои имаат сопственици и за чија употреба е потребна лиценца. И најзначајниот од сите и главниот извор на приходи на “Микродофт“ doc форматот кој нема никаква сериозна конкуренција. Замената на овие стандарди со отворени решенија во најмала рака ќе биде многу тешка и болна, да не речам невозможна. Впрочем и вољата на некоја многу поголема држава од нашата за употреба на отворени стандарди ( Германија ) многу тешко се реализира токму поради тоа што овие стандарди ги употребуваат речиси сите , така да со еднострано прифаќање на нешто друго во владата и во компаниите, од нив ќе направи остров на копно неповрзан со никого ( ха ха не мислев на Тајван). Само Кина сериозно притиска во оваа насока , и тоа не само за софтверот ( ако некој се сеќава развиваа и неколку процесори кои скоро ќе почнат да се имплементираат).
Кај хардверот работите се многу почисти. Имено скоро сите Нови технологии се од отворен тип и ваквиот тренд мислам дека ќе продолжи. Ова се случува затоа што има огромен број производители на хардвер, но на крај опремата на еден мора да функционира со опремата на некој друг. Затоа најдобро решение се отворените стандарди кои во крајна линија ги донесуваат тела формирани од индустријата, или одредени компании кои сакатт своите производи да ги прифатат што поголем број други компании за да го зголемат Footprint-тот т.е. присуството на пазарот. Таков е случајот со HT магистралата на AMD и самите 64 битни х86 инструкции AMD64. Рамот исто така е отворен стандард кој го утврдува тело составено од представници на индустријата наречено JEDEC.
Мислам дека ЕУ со ваквите препораки сака да развие индустриска база и да биде конкурентна на САД , каде што владеат други правила кои се стриктно пазарни. Во Европа одамна слепо се прифаќа Американската технологија и Европските компании имаат многу мал дел од колачот т.е. не го покриваат ни Европскиот пазар. Со една ваква административна мерка ќе има можност , барем во европа да се заврти нова страница и да се развиваат производи кои ќе мора да почитуваат одредена регулатива. Ова ги става американците во втор план ( Случајот со Windows без медија плеер , само за ЕУ).

Агрегирање содржина