8 јануари, 2009 - 14:04
[веб кирилица]

Мојата потсвест и Јас (прв дел)

од stojche_sk на 20 фев 2005 - 05:07
Пред да почнам да објаснувам, сакам да искристализирам нешто. Ова не го правам за пари, ниту од досада, ниту пак поради некоја конкретна причина. Едноставно сакам да опишам што ми се случи, бидејќи знам дека такво нешто му се случува барем еднаш на секој човек во животот. Нормално е дека никој не мора да го чита мојов текст, но ќе претпоставам дека некој сепак се решил да ме "ислуша", па затоа ќе се обраќам во второ лице, и ќе се обидам да воспоставам некоја комуникација со читателот.

Од морални причини, решив да пишувам за нешто што комплетно, го смени мојот живот, а веројатно ќе го измени и твојот неколку минути, откако ќе дочиташ. После она што го доживеав, се наоѓам во некоја состојба на благодет, поинаку гледам на работите и мислите ми се сосема чисти... и знам дека ќе трае. Можеби досега, ти, си створи мислење дека сум некаков "избеган" социопат, но биди сигурен-на дека последната работа што ми паѓа на памет е да те малтретирам со неважни работи. Да се разбереме, ти го читаш овој текст по твој личен избор и не одговарам за твоето понатамошно расположение. Не те обврзувам да го дочиташ, зошто ова го правам пред се за мене, а потоа за тебе. Но ако си сеуште тука, и ме читаш ти ветувам дека ќе го искусиш сето она што јас го доживеав... и постојано го доживувам. Она што се обидувам да ти објаснам е дека кога на некој ќе му се случи нешто неверојатно, како што ми се случи мене, посакува тоа да го сподели со блиска личност. Јас после долго размислување решив да го споделам моето со било кој писмен македонец-ка. Еве вака... ако подразмислиш малку, сигурно ќе се сетиш дека понекогаш, во тебе се буди некоја друга личност, алтер его, верзија од тебе што не ја познаваш. Можеби се се напил-а малку, можеби тоа било поради некоја друга личност, не е важно, одеднаш ќе се почувствуваш толку слободно, супериорно и во тие моменти чувствуваш дека можеш да правиш што ќе посакаш. Знам дека тоа мене ми се има случено повеќе пати, но секогаш завршува следното утро додека се прашувам "Wooow, дали бев тоа Јас ???". На некој начин и да и не :) ... види ако мислиш дека се дрогирам, веднаш откачи се, неќам таков читател, не дека имам нешто против вас џанаците(кулирајте), но поентата е сосема друга. Да разјаснам, прашањето е како да се продолжи тоа чувство, таа состојба на самодоверба. Она што го постигнав, и што сега ќе ти го раскажам, е подобро од било која дрога. Можеби е некој вид умствена дрога, на некој начин остварување на фантазијата без употреба на средства. Да! Те уверувам дека чувството на супериорност, можеш да го повикаш, засилиш и можеби да го задржиш колку што сакаш. Зависи од тоа колу ќе запнеш. Сето тоа е психолошки процес, кој треба внимателно да се разгледа. Ако не сакаш да го научиш, живеј во твојот мал "интересен" свет или па... дрогирај се. А ако те интересира, само продолжи да читаш. Едно би сакал да ти кажам, дека тоа не доаѓа само, значи бара мало пожртвување, пази... ако ги направиш вежбите(ништо тешко), што сега ќе ти ги објаснам, онака како што јас пробував, првите достигнувања ќе ги почувствуваш за 10-12 минути. Потоа ќе можеш да експериментираш колку сакаш и постепено ќе се усовршуваш. Ќе се чувстуваш како рок ѕвезда, бизнисмен, манекенка и се што секогаш си сакал-а, бидејќи од твоите желби зависи твојот благодет. Могу е јасно дека ти нема стварно да станеш тоа што ќе посакаш, но реално ќе го почусвтуваш тоа, и така ќе се однесуваш. А тоа е се што е важно, зошто кога ТИ ќе поверуваш во тоа, околината бездруго ќе поверува. И тоа е 100% точно зошто се уверив многу пати во различни средини на различни места(најчесто забави) и секогаш ми успеа. Тоа би ти го објаснил вака... најчесто луѓето се како овци и кога ТИ ќе им ја наметнеш твојата самодоверба, автоматски стануваш нивниот овчар. Кај нас, на балканот, луѓето отсекогаш се поклонувале лидер. Во чувство на немоќ и страв обичните луѓе бараат некој на кого ќе веруваат и кого ќе идолизираат. Кога ти, со следниве методи, ќе научиш како психички да се трансформираш и да ја постигнуваш онаа состојба која ТИ сакаш, во момент кога тебе ќе ти треба, многу лесно ќе ги увериш сите дека си таков човек, на кој тие можат да веруваат. Тогаш ќе се почувстуваш моќен-на, а кутрите волнени животинчиња пресреќно мееекаат и ќе јадат од твојата рака, не знаејќи што ги очекува. Да не се оддалечувам премногу, ќе ти покажам еден конкретен пример. Ова е всушност и првиот метод кој ќе ти го откријам. Замисли дека имаш можност да управуваш со мислите на еден човек, да речеме некој глупичок. Замисли го како робот кој наивно, дури и идиотски ги следи сите твои наредби. Сега помисли како тој човек не сфаќа дека го "работиш" и е пресреќен додека ги следи сите твои упатства. Стави се на негово место и размисли... дали можеби ТИ, би сфатил-а дека си овца (меее) и дали би знаел-а кога треба да престанеш. Неее... Пријателе-ке, ТИ читаш со отворена уста и не сфаќаш. Не трепнувајќи би ме читал-а и до утре, додека јас некаде уживам и не сфаќаш колку си очаен-а. Како и да е, нема да има втор дел од приказнава (за твое добро). А колку и да изгледа неверојатно, следува...
К р а ј   н а   п р в и о т   д е л
Добро... олади малку, престани да пцуеш :)) !!! Те зафкнав, па што ?!? На пауза сум на работа, немам што да правам па занесов малце. Извини што те издриблав толку ама ти кажав ако сакаш да читаш- твоја одговорност е, и ТИ одбра да продолжиш. А и нема што да се лутиш, што да ти правам кога не ти текнува. Фала на упорноста, сега морам да одам, имам работа. Поздрав, се читаме... можеби...

Опции за гледање на коментари


сликата на devojceto
Мојата потсвест и Јас (прв дел) - од devojceto на 20 февруари, 2005 - 19:08

а бе типче,ок е ,ама додека читав устата ми беше затворена и за твоја информација не пцуев,и ми се има случено тоа милион пати,ама јас сум главната секој пат!! фтор дел ке има???

сликата на bst^^
Мојата потсвест и Јас (прв дел) - од bst^^ на 20 февруари, 2005 - 19:28

Глупаво.

сликата на devojceto
Мојата потсвест и Јас (прв дел) - од devojceto на 20 февруари, 2005 - 19:30

ti si glupiot:)))))

сликата на Angella
Мојата потсвест и Јас (прв дел) - од Angella на 20 февруари, 2005 - 19:30

, па затоа ќе се обраќам во второ лице,

no vo tekstot se obrakash vo prvo lice, ili jas navisitna nemam vrska od makedonskata gramatika ..... ako e taka togash pomognete mi da go usovrsham mk jazik .... i koja e poentata na tekstov?

Мојата потсвест и Јас (прв дел) - од talker на 20 февруари, 2005 - 19:45

стварно... која е поентава на текстов?

сликата на ogie
Мојата потсвест и Јас (прв дел) - од ogie на 23 февруари, 2005 - 22:55

Сосема е возможно и да го постигнеш тоа што го опишуваш - да повикуваш одредена ментална состојба (која веќе некако ја познаваш/си ја осетил).

Бидејќи мозокот памти работи по пат на асоцијација, возможно е да асоцираш одредена состојба на свест со нешто друго што ќе ја симболизира.

Најпрост пример, насмевката им е на виртуелно сите луѓе асоцирана со позитивни чувства.
Во екот на најголема депресија, можеш со (присилено) смеење подолго време (барем една минута) да си повикаш, барем привремено, малце „добри“ чувства.
Без депресија, позитивното чувство може и подолго да трае...

... само размислување, па камо ли гледање на некоја Рандом тетка [се смее] сигурно ќе предизвика некаква физичко-ментална реакција.

Еве едно текстче на Багра, поврзано со темата:
Класично Условување

Around the world, around the world...