ЈАС
од macka на 18 фев 2005 - 01:06
Јас.Навидум тивка, љубезна, фина..со срце доволно големо за цел свет, бунтовник без причина, со празни сништа и невозможни желби..ЈАС..Толку едноставна,мила..Уште една во толпата безимени..Душа како и секоја која трепери во својот дел од времето чувајќи во себе една судбина, делејќи една иста тага со сличните на мене од целиот свет..ЈАС.Толку слична на стотици..А сепак различна единствена...
Само јас ја знам мојата болка.не дозволувам никому да продре во мојот свет, јас најдобро знам што е мое, што ми припаѓа, што е добро за мене..Не ми е потребен никој затоа што луѓето не се суштества на кои можеш да им веруваш беспрекорно да им се предадеш и да ги сакаш.Луѓето се егоистични креации на природата, жедни за моќ, за крв, за туѓо страдање.Нивните срца не знаат за љубов,затоа што се полни со болка и страдање..ЈАС....Некогаш верував во луѓето...Бев глупаво дете кое лесно можеш да го залажеш.Мислев дека љубовта е дар од боговите, дар што човекот го примил и тогаш дознал за среќа, животот му добил смисла.Но се појави ти и ми покажа дека љубовта е бајка.Тогаш сватив дека таа можеби некогаш и постоела - но ја убило лицемерието.Јас бев тоа глупаво дете кое верува во бајки кога те запознав тебе, бев глупаво дете додека ти постоеше во мојот живот.Те мразам од дното на мојата душа и посакувам да патиш, да страдаш онака како што страдав и јас заради тебе.Кога те запознав мислев дека си совршен.Те сакав со цело мое срце искрено безрезервно .Те љубев како никогаш порано, ти верував а ти ми врати така што ја уби мојата годост,секогаш имаше некој кој е поважен од мене,секогаш само ти имаше проблеми.беше толку себичен но јас бев подготвена да направам се за тебе само затоа што те сакав..додека копнеев по тебе се загубив себе, ја прегазив својата гордост..Те молев додека не го загубив и последното парче самопочит..а ти ни тоагаш не најде време за мене...Те замразив во тој миг, најголемата љубов се претвори во болка и омраза..Бев гневна на тебе затоа што ми го одзеде најголемото богатство на овој свет-да сакам, да уживам во љубовта. Бесна сум што ми ги сруши соништата,па ноќите ми се празни, а мислите ми лутаат во просторот бесцелни и мрачни.Го урна мојот свет како кула од карти.Долго време тагував по тебе.Седев затворена во четири ѕида тагував.Иако знам дека не ти значев ништо, ми недостигаше твојот глас, твојот лик.Се чувствував бедно затоа што не постоеше граница помеѓу љубовта и омразата упатени кон тебе..Долго време го мразев сиот свет,се додека не се појави зракот светлина на крајот од темниот тунел.Тогаш не ни верував дека може да се чувствувам вака.Се појави нов човек во мојот живот кој се трудеше за да ја заслужи мојата љубов, човек кој вредеше да биде сакан поради неизмерната љубов која ја нудеше за возврат.По долго време повторно научив да сакам,науучив да уживам во љубовта .Го освои моето срце иако тоа долго пружаше отпор.Не сакаше повторно да биде повредено.Но ти докажа дека можам да ти верувам и дека заслужуваш да те сакам.Затоа што ти си мојата сродна душа.
ПС. Марко те сакам!
|
Последни коментари