Марихуана марш
од cerebrum на 18 фев 2005 - 01:05
На први мај т.е. првата сабота во месец мај (оваа година имавме среќа да биде 1ви) луѓето насекаде во светот се собираат за да ја поддржат легализацијата на канабисот. Сепак тоа не е само собир за легализација туку е и борба за човекови права. Во сите поголеми (а и помали) светски градови се одржуваат забави на кои учество земаат политички активисти, музичари, доктори, уметници и секој што сака да присуствува и даде допринос во борбата за човекови права и легализација на неправедно криминализираната билка.
Повеќе инфо на: http://www.cures-not-wars.org/cities.htm
Во Атина на пример оваа година се одржува 26тиот фестивал додека ние во Македонија мака мачиме со организација на првиот.
maktrevka@hotmail.com е отворена за сите кои би сакале да се организира нешто слично и во Македонија. Епа, млади (и не толку млади) бунтовници на вас е да ја земете судбината во свои раце, да и докажете на оваа држава дека постоите, да се изборите за своето право.
Тревка би ја земала организацијата во свои раце но моментално нема никакви средства, нема никакви членови, волонтери, активисти, па тоа во овој даден момент е практично невозможно, затоа и ни е потребна вашата помош, вашиот глас, вашето учество и вашето ценето присуство. Ова воедно е и јавен повик да се направи нешто на тоа поле, а не само да се полемизира криејќи се позади лажни идентитети, никови, ликови,...
п.с. Ова е објавено на страницата на тревка што се надевам нема да биде пречка да се објави и тука.
п.с.с. Знам дека нема да има никаков одзив ама ај.
|
Последни коментари