Нејзиното величество „Љубовта“
од Vuchko на 18 фев 2005 - 01:03
Љубовта е предизвик секој ден и секој час да тежееш кон Совршенството. А колку си поблизок до Совршенството, колку си поголем во љубовта, толку си попросветлен, толку си поблизок до Божественото БИТИЕ, зашто Тој е Татко на Љубовта, Тој е Татко на Светлината.
Љубовта е поттик секогаш да даваш повеќе, вложуваш повеќе, правиш повеќе... љубиш повеќе. А колку повеќе вложуваш, колку повеќе даваш, толку сме побогати сите ние, затоа што е се’ за сите нас, за сеопштото добро. Колку повеќе даваш, колку повеќе вложуваш, толку си побогат и посреќен, затоа што богатството и среќата на човекот не е во тоа колку има повеќе во својот џеб, туку колку повеќе дал и дарува.
Љубовта е вино. Жената е вино. Колку повеќе пиеш толку повеќе жеднееш и колку повеќе си опиен толку повеќе сакаш да се доопиеш.
Вистинската љубов не познава граници ни мерки, затоа што и потекува од неограничен извор, а тој е скриен длабоко под твоите гради. Ниту богатството на твојата личност не познава мерки ни граници. Погледни се во огледалото пред да си легнеш и во лицето ќе го видиш тој нескротлив вруток на БЛАГОДАТ.
Колку повеќе се спознаваш себе, се’ повеќе си поблизок до другите.
Колку си поблизок до себе, толку си поблизок до другите.
Скараниот со себе нема пријатели ни меѓу другите.
Гордоста е ужас. Гордоста е твој најголем непријател. Многу полесно е да се смириш со твојот најголем човечки непријател отколку со твојата гордост. А оваа е таква што постојано прави да мислиш дека си во право во твојот погрешен однос кон луѓето и другите нешта. Оваа упорна и зла илузија ја краде, ја убива љубовта во тебе, те прави самозаљубен, те прави возгордеан, самобендисан, и дрзок и непријатен...
Наспроти тоа, љубовта е тивка, мирна, послушна, понизна, љубовта не се срди, не мисли зло, во се’ верува, на се’ се надева, се’ истрпува и до бескрај простува.
Љубовта секогаш околу себе вселува мир, а Бог се вселува во мирот излевајќи ја Својата Бескрајна Благодат. Така Универзумот во кој Господари љубовта, е силна и блиска слика на Рајот.
Секогаш имај на ум дека
Кој брза ќе се сопне
кој бара ќе најде
кој мисли ќе смисли
кој сонува ќе види фантастични светови.
Смислата на животот е да го направиш невозможното
да направиш чудесен подвиг
чудесна љубов
чудесен свет
фантастична уметност.
Затвори ги очите
зачекори во вечноста
Ноќта е мистична
фантастична
необична
ЉУБОВТА Е ВЕЧНА
ТИ СИ ВЕЧНОСТ
Додека ако се јазици ќе замолчат, ако се пророштва ќе исчезнат. Таа останува за навек
Vuchko
|
Последни коментари