Аххх,живот!
од StormAngel на 18 фев 2005 - 01:02
И после непрекинато размислување пак останувам без одговор на клучните прашања.Кој сум јас и што барам тука? Имам ли причина?А која е таа причина...Нема врска!
Сакам да кажам дека се е толку досадно што самиот збор досаден е ептен досаден!
Ме сфаќате нели? Можеби и не,сакам да кажам дека се ми е онака глупо и депресивно,не знам дали е до мене или пак до светов кој што ме опкружува,но се чувствувам секој ден помал и помал...ко некоја супстанца која што се смалува и знае дека некој ден ќе ја снема.
Грција победија на фудбал...парадоксално ама некои викаат дека заслужиле,а бе ај не заебавај...како тоа заслужиле?
И одма после тоа глеаш у друга страна Шекил големиот чоек О`Нил реши дека ќе му биде подобро во плажите на Мајами,не го кривам чоекот,да бев ко него ќе правев што ќе сакав.=))))
За жал или за среќа не е така,морам да жиевам по некои си општевствени стандарди кои што врска неам кои се и за што служат.
Ај и ова нема врска,батали,се ќе биде океј,вика гласот длабоко во мене.Ама дали е така? Дали се ќе биде во ред?
Дали сум ја во ред или дали редот не е таков каков што треба да биде....аххх толку многу прашања а никој нема одговор!
Толку залудно го барам моето место во ова општество,во овој така наречен свет и никако не можам да се најдам нигде,не знам дали и има место за мене!
Матрикс заебанција и глупи инсерти во филмови ти даваат надеж дека и твојот живот е таков...ама мојот живот не е како на филм.Хепи енд!
И излегуваш низ град,си вртиш еден круг и седнуваш пред пц во некое нет кафе и одма крај тебе ја глеаш женската во која што си бил зацапан толку време а таа е толку јака шо немаш муда да и кажеш нешто.=))))))
Летово е тука,сонцето грее...ама јеби га и тоа мора да има некој дефект,два дена врнеше,и пак досадно е.
Што да се прави? Кај да се тера?
Гледам вчера низ град кај мене овој Даниел од Авалон Продукција си шета онака шмекерски и се прашуем,а бе чоеков е сигурно среќен?? Сигурно дека е чим е така насмеан...Да бидеш среќен значи дека живееш така како што треба.Сите се стремиме кон среќни денови и ноќи ама толку многу ни недостасува таа СРЕЌА.
Океј,пак нема врска,текстов ми станува досаден.Куцам без везе,
Ама ви кажуем на концерт на плоштад беше супер,и сите беа таму,и секој потпевнуваше и се смееше...и на крај сите си заминаа!
Секој на свој пат,секој си ја бара својата среќа.=))))
Не ми преостанува ништо друго освен да ви посакам да си ја најдете среќата,било каква да е.Знајте,доброто секогаш носи малку лошо со себе.
И толку,20 години живееш а можеш својот да го прераскажеш во 20 секунди!
Кој е крив? Јас или ова што се случува...оваа матрикс револуција таканаречена динамичен свет во кој што нема место за лузери?
И уште една година доаѓа полека но сигурно кон својот крај,ги положив испитите...Очекувам одмор!ама нема!
И како што некој ќе рече:Нече среча поштеног човека.
Се извинувам што моите стресови и прашања вака јавно си ги искажувам! Се надевам ме сфаќате.=))))
Бидете среќни!
|
Последни коментари