8 јануари, 2009 - 14:35
[веб кирилица]

Животните се делат на ...?

од PetarK на 18 фев 2005 - 00:56
Извадок од одредницата Животни на кинеската енциклопедија: „Небесна продавница на добронамерно знаење“ (Celestial Emporium of Benevolent Knowledge)

Животните се делат на:
а) тие кои му припаѓаат на царот
б) препарирани
в) прасиња
г) сирени
д) фабулозни
ѓ) улични кучиња
е) тие кои се вклучени во оваа класификација
ж) тие кои се тресат како да се ненормални
з) безбројните
ѕ) тие кои се цртаат со многу тенка четкичка од влакно од камила
и) други
ј) тие кои само што ја скршиле вазната со цвеќиња
к) тие кои оддалеку личат на муви


Горнава листа, најверојатно измислена, е спомената од Хорхе Луис Борхес во неговиот есеј „Аналитичкиот јазик на Џон Вилкинс“. Многу луѓе имаат коментирано дека овој фрагмент најубаво ја покажува апсурдноста на верување во апсолутни категории и квалификации, нешто што често им се случува на многумина и тука на Багра.

Опции за гледање на коментари


Животните се делат на ...? - од PetarK на 28 февруари, 2005 - 21:24

Да си ја рекламирам сторијата, добра работа е ова, треба да се прочита. О:)

сликата на ZisDead
Животните се делат на ...? - од ZisDead на 28 февруари, 2005 - 21:35

Каков е овој солипсистички ерес? [се смее]

Инаку, горниве редови не докажуваат апсолутно ништо.

Животните се делат на ...? - од PetarK на 28 февруари, 2005 - 23:42

Не докажуваат туку покажуваат, а можеби најдобро - укажуваат.

сликата на ZisDead
Животните се делат на ...? - од ZisDead на 1 март, 2005 - 01:47

Сеедно.

сликата на GoodBytes
Животните се делат на ...? - од GoodBytes на 1 март, 2005 - 05:39

Прочитај го последниот параграф. Жените се делат на повеќе од 3 милијарди индивидуи.

Животните се делат на ...? - од Detule на 1 март, 2005 - 00:54

На Вилкинс, како автор на "A Discourse concerning a New Planet", "Mathematical Magick", и најважно од се, "Mercury, or the Secret and Swift Messenger" (или ако го прашате г-н Stephenson, Cryptonomicon) му се простува што на крајот на животот решил да се посвети на таков апсурден проект. Можеби не бил оригинален во повеќето од своите дела, ама бар имал добра замисла.

сликата на Chombe
Животните се делат на ...? - од Chombe на 1 март, 2005 - 03:32

Според американската урбаната легенда за локалните кинески ресторани, животните не се делат туку се јадат. Сите! Без исклучок! Постои верување дека во радиус од 500 метри од кинески ресторан, не се збираат мачки и кучиња луталици. Но, според квалитетот на исхраната, јас би го потврдил истото и за Burger Zhdrig и McGomnald's. [се смее]

Животните се делат на ...? - од PetarK на 1 март, 2005 - 21:03

Другарка од МК во Австралија која работи/ше во кинески ресторан ми раскажуваше како еднаш на staff dinner и послужиле нешто вкусно, ама што не и кажале што е... [се смее]

сликата на TedBundy
Животните се делат на ...? - од TedBundy на 1 март, 2005 - 21:49

Тоа е од виетнамската кујна:)
Непишано правило - разликувај ги кинезите од виетнамците, особено ако вторите се готвачи во кинески ресторан [се смее]))

Животните се делат на ...? - од PetarK на 1 март, 2005 - 22:26

Абе и виетнамската и корејската кујна не се гадат од кучиња, ама верувај и Кинезите исто се по Фифи. А овие биле 100% Кинези, само таа како Македонка била различна. [се смее]

сликата на toomuchisnotenough
Животните се делат на ...? - од toomuchisnotenough на 1 март, 2005 - 22:49

Мислам, ако више човек јаде ствари што имаат чмар, онда што има врска што за што животинче станува збор? Голема работа што кучињата си ги јадат гомната, свињите го прават истото. А се знаело која била најбоља пица -- пица прасица. Или, што викаат браќа Срби, "јебеш рибу која не грокќе"

Така што, да не се расправаме, јадете што ќе ви се сервира, пошто за добра свиња, нема лоша помија.

Ај да не гушам уште со народни јазикотворби, пошто [Appropriate proverb not found, Ignore, Retry, Abort?]

сликата на taz
Животните се делат на ...? - од taz на 2 март, 2005 - 01:23

"Нема птице до прасице!", или во превод "Нека е и риба, само да е свинско" [се смее]

сликата на гоце
Животните се делат на ...? - од гоце на 1 март, 2005 - 23:25

У Софија има некои т.н. виетнамски згради. Еден таксист ми кажуваше дека кога таму имало Виетнамци во градот немало кучиња скитници [се смее]

сликата на TedBundy
Животните се делат на ...? - од TedBundy на 1 март, 2005 - 23:34

Вистина е:)))

Едно време, пред 6-7 години во Софија можеше да се најдат виршли произведени од виетнамци.бљак
Од тогаш мрзам Хот Дог:))))

сликата на Mistress
Животните се делат на ...? - од Mistress на 2 март, 2005 - 19:01

Според американската урбаната легенда за локалните кинески ресторани, животните не се делат...

Не знам колку се делат, ама сигурно се множат [се смее] А тоа што одбегнуваат кинески ресторани е можеби поради фактот што не ја сакаат кинеската храна „пребогата“ со MSG - monosodium glutamat. Кинезите ресторани се на некој начин озлогласени поради претераната употреба на овој подобрувач на вкус кој има долга листа на side-effects.

сликата на ogie
Животните се делат на ...? - од ogie на 1 март, 2005 - 23:08

Кога сме веќе тука, можеби ќе ве интересира да прочитате за проблемот со (воглавно ИЛЕГАЛНО) увезување на секаков вид на месо од Африкански животни на разни места на светот во кои има пазар за него.
Во суштина, може да останеме без уште пар видови на животинки заради преференсите за вакво месо на некои луѓе.

Bushmeat on the Menu

At a market in a warehouse, a dozen or so vendors display tables stacked with smoked meat priced from $5 to $8 per pound. Sellers cheerfully answer questions about their wares, which come from monkeys, small antelopes, and rodents such as the cane rat. Biologist Justin Brashares, who studies wild animals that are hunted for meat in Ghana, paid a visit to this market last year, not in rural Africa, but in New York City. Given that the meat was almost certainly smuggled into the United States, the market "was more open than I thought it would be," says Brashares of the University of California, Berkeley.