Културен хаос(јужно од рајот)
од MacManiac на 18 фев 2005 - 00:53
Умре тој ден кога облаците се спуштија ниско на земјата.Зимски смртно досаден ден, создаден само за умирачка.Восхитот го обземаше пополека, ненадејно како мала закана тлеејќи таму негде на исток далеку зад огнената топка наречена живот.Најнемилосрдното нешто на овој свет го прогонуваше цел век, а сега дојде блажената смрт - кралица над кралиците.
Сињак на дрвјата, хаос во душата, искра во мракот.Потполн мрак.Темнина на секаде, светлоста го милува човекот, не натчовекот, не змејовите.Човекот да човекот.
Пустинска олуја, повторно хаос, радиус вектор со скалар.Загина едукацијата во стариот Рим.Хаос, восхит, повторно хаос.Смрта не го заборава хаосот, никогаш зависно од тоа дали постои хаосот.
Книга втора страна трета "Хаосот во задгробниот живот".Не, никако на оној свет не постои хаос.Или совршенството е хаос.КРАЈ.ТОЧКА, толку, не темнина.Па како КРАЈ во хаосот, тој нема КРАЈ.Сигурно дека нема КРАЈ, текстов е хаос, текстот има КРАЈ.Темнина згаснуваат искрите КРАЈ...
|
Последни коментари