од toomuchisnotenough на 17 фев 2005 - 09:40
Една банда диви мајмуни ме бркаа низ куќи едно дваес минути. На крај им се скрив у вецето. По едно пол саат тишина излегов од вецето за да ги видам ѕидовите целите испишани. Еве шо викаат мајмуните:
Си викам, ако више идеш да кркаш, барем да се изнакркаш ко шо треба, а не нешто фолирање, као, една табла и пет трипа, па ќе збориме наокулу дека сме трипале.
Ми се јави едно другарче да ми каже дека ќе праеле некoe МНОГУ мало журче у пустината у сабота. Пошо и онака немав нешто боље за праење, си викам, ај ќе идам и ја – ми се чинеше како одличен момент за експериментирање со едно стварно јако кркање. Што има боље него да си под Кумовата Слама и да се пулиш како ти играат галаксиите над тебе!
Пошто не ми се праеше ќеиф да умирам од досада тие три и пол саати вожња до журката, си изедов пет трипа уште на тргнуење. Се разбира, не се сеќавам нешто многу на патот, освен тоа дека имаше некои светла што трепкаа, и некои чудни бели и црвени линии по аутопутот. Журката беше во еден мал кањон, едно 45 километри од пичке си материне. Последните километри возевме надвор од патот, што за џип и не е проблем, али ние бевме у обична кола. Ко да се возевме низ пекол, ништо не се гледаше (журки на млада месечина у пустина, ураа!) и се испогубивме едно сто пути. Кога стигнавме на крај, сите беа накурчени, а ја само што почнав да пикирам и ептен добро да си проаѓам.
Почнавме да го местиме звукот и шаторите и свеќите и сите други стварчици за пустински рејв. Музиката почна да иде окулу полноќ со језивите звуци на Science of the Gods од Eat Static. Ова дотогаш го немав чуено на голем звук и ме напраи крш :) Момакот сврти 3-4 ствари од овој додека му траеше сетот и ми напраи ептен ќеиф. Тие два саати додека му траеше сетот пафнав пар џоинти. По него дојде Џон Марк и почна да го пушта тоа језивото пустинско трансче за кое што сите дојдовме од каде не све за да го слушаме. Журот стварно се залауфа. Едно два и пол саати идеше една супер ствар по друга и ни ги акињаше тоа спржените мозочиња у песокот. Пошто го знаев диџејот што идеше по него и што музика пушта (СТВАРНО болно сајтрансче, онака поише за забегуење со глаата него за играње), си реков дека би било добро да почнам со MDMA-та. Сакав таман да истемпирам да почне убо да ме пука на изгрејсонце. Исто, планирав да акнам едно 21.5 мг 2cb кога пустинското небо ќе почне да станува розево. Само што новиот диџејот почна со својот сет, закачив една капсула од 125мг чиста MDMA и залепив уште десет трипа. После едно саат време почнав да ги чувствувам блажените бранови емпатија како ме преплавуваат. Играв неколку саати во една измешаност на испреплетени звучни текстури и мелоди што се чинеа дека се дел од се’ окулу мене. Можев да видам линии со различни бои и текстури како шибаат од звучките право во луѓето што играат и потоа од луѓето што играат во другите луѓе. Се’ беше поврзано со линии што се пресекуваат... звуците, луѓето, мислите и чувствата. Можев да видат што луѓето мислат и чувствуваат преку боите и интензитетот на линиите што ги поврзуваат со звуците и другите луѓе.
Изгрејсонцечкиот диџеј почна со својот сет едно пола саат пред сонцето почна да ѕирка со своето божествено лице над пустината. Пошто не знаев колку ќе му треба на 2cb-то да ме стигне (ова ми беше прв пат да пробувам), го гутнав 2cb-то со уште три капсули MDMA. Првото здраво-живо ми се кажа кога забележав дека небото не е веќе виолетово туку ЏИШ пембе! У рок од едно 40 минути небото се смени од пембе, до неонско пурпурно, до светло розе, до џиш розе, до светло сино, до боровинка. Не бев баш сигурен што ќе ми направи 2cb-то -- имав некаква општа претстава од тоа што сум читал за триповите на други луѓе, али не бев сигурен колку ќе биде јако.
Кога сонцето конечно изгреа и почна да топли наокулу, пустината оживеа со боја. Цветовите пулсираа со највибрантни пурпурни и розеви и жолти бои што може да се замислат. Поголемиот дел од утрото го поминав играјќи на врв на една карпа и прашувајќи се дали е могуче чоек да се осеќа боље од ова. Немав појма што допрва ме чека :) По некое време MDMA-та почна да ме пушта, а и визуелничињата почнаа да ослабуваат. Уште се осеќав убо искривен од есидот, али не онака ко шо сакав, па некако се довлечкав до колата да се појачам со 2cb. Пошто оралниот пат ми се виде малку досаден, решив да шмркам. Ми имаат кажано дека ептен боли да се шмрка 2cb, али тоа е благо кажано. Го извадив 2cb-то, го нацртав на тетратка и акнав две црти, по една у секоја од ноздрите. По едно 30 секунди мојот свет стана свет на болка. Ми се чинеше дека лицето ми гори цела вечност (подоцна израчунав дека траело 13 минути). Потоа полека ми се врати видот и кога погледнав во пустината се чувствував како да сум во друг универзум. Предметите се претопуваа едни во други. Невозможно беше да се открие каде завршува небото, а каде почнува земјата. Карпите играа со музиката, луѓето имаа повеќе димензии и оставаа зад себе најненормални траги. Рипнав надвор од колата со уште три ампули 2cb и се упатив назад кон толпата. Прво што забележав беше дека сум тотално неспособен да комуницирам со луѓето. Гледав како усните им се движат во неколку димензии. Слушав, гледав и знаев што комуницираат луѓето, но до мене доаѓаа толку многу информации што не можев да дешифрирам што е што. Во која димензија е вистинскиот човек? Кој тек информации сакаат да го искомуницираат? Ова ми напраи ептен збрка, па наскоро го баталив и отидов да си бркам поинтересни работи. Едно нешто што не го очекував од 2cb-то беше засиленото сетило за мирис. Можев да намирисам СЕ’. Растенијата, земјата, луѓето (бљак), се’ имаше сопствен мирис. Сега знам како се чувствуват кучињата :) Бев преплавен од милионите мириси во пустината.
Проблемот со шмркање 2cb, освен болката, е тоа колку кратко трае трипот. Една ампула трае саат и пол до два. Од друга страна, не развива толеранција. Ако сакаш можеш да седиш горе со недели (како што открив подоцна) на 2cb. Почиње да те пушта? Нема гајле, шмркни си уше малку. Секое шмркање е исто онолку болно колку и претходното, али само 13 минути. Се издржува. Па, така и ја... пак и пак и пак и пак, вкупно ишмркав седум ампули од по 21.5мг 2cb.
Тука негде, меѓу шмркањата, успев некако да им го најдам крајот на уште 200 и кусур мг MDMA и уште едно 20 трипа. Ова го знам само затоа што на крај ми ги немаше у торбулето, а ја нешто не се дружев баш со луѓе поголемиот дел од трипот. Ако не сум наранил некои змии со еден куп амфетамини и есид, мора да сум ги искркал самиот.
На крај морав да се вратам на планетата Земја. Имав уште две ампули 2cb, али носот не можеше да ми издржи уште ќутек, а и почна опасно да ми треба храна. Некако стигнав назад кај шаторите и почнав да пуштам звуци за идење по храна и спиење. После неколку саати прибирање луѓе и поздравување, конечно се спакувавме и тргнавме. Откако стаивме нешто у уста у едно ресторанче по пут, ги ишмркав и последните две ампули 2cb. Вожњата накај дома беше прилично неинтересна, ако ги рачунаме исчезнувањето на путот у карпи и претворањето на коли во кучиња како неинтересно :)
Кога стигнав дома гутнав шака 5HTP и потонав во сон едно 12 саати. Ми требаше нешто више од два дена скроз да се опраам, али си пројдов ко цар :)
Со ум: не се дрогирај. Остаи им го тешкото забегуење на професионалците (и администраторите :).
_______________________________________________________________
Преземено од: http://leda.lycaeum.org/?ID=6235
Секоја сличност со препевувачот е само концептуална.
Последни коментари