од TaaZmej на 16 фев 2005 - 17:06
"Исповед на една девојка која со своето простачко и вулгарно пишување упорно се обидува да создаде некој систем на слобода што всушност е класично ропство здобиено како последица на погрешно или воопшто никакво задоволство во текот на сексуалните активности." Наивна кучка, саркастична и дотерана и тоа претерано исфилирана, поврзана со мистифицирани квази интелектуални идиоти класифицирани во најлоша верзија на идиотизам, надоврзувајќи се со постари водници, заставници и умивалници да не речам будали, воздигнати од некој fucking амбис, криејќи ја својата жед проклета за некоја наредна фрка, и сите тие дефинираат некоја си наивна симбиоза, наводно алтруистичка, но напротив тоа е заебана шовинистичка структура готова да заебе све живо и диво.
Некои се фолираат, слушаат Berry White и се шетаат у парк, додека другите ручаат по пицерии и се снобчиња без разлика дали им смрдат чорапите или имаат сида а истовремено ги штитат интересите на грчката амбасада посебно кога се нашминкани а немаат дечковци и ги носат мачките во влае во на чичко им трафиката за новини карши сервисот.
Не давам жолчни искази на апатија, сочни исповеди за сексуалните искуства, и мрчам зашо не сум на радио. Понекогаш и јас во рамките на успехот дозволувам реформи, зашто не е лесно да си човек чија среќа не му е наклонета, особено ако си девојка. Јас среќата ја доживувам на начин кој го убивам на почетокот и корнам меѓи на изолација од восхит за една необична харизма. Јас- Ахасфер. За мене среќата е голем луксуз..и..тука прекинувам со овој текст и овие останати тракатанци, шлакатанци, блуеници и будалштини, да не речам заебанции. Имам важна средба.
Таа ноќ
Алкохолот полека испарува од мене.Се трудам помалку да се глупирам..Можеше да биде и подобро и подолго мислам. Да, претпазливо од кога паметам се трудам да не бегам, правам се за да добијам, да возвратам.
Понекогаш се заборавам во тоа немирно тело и го покривам со целото тело мое од билки миризливо и се топлам.
Полека мугрите стануваат пристапни и како острица ноќта тупка по моите стуткани од студ раменици.
Многу полека алкохолот испарува од мене. Ќе биде потем доцна да го отфрлиш твојот штит на душата мој Ланселот.
Најмногу ме израдува мислата оптимистичка, иако свесна бев за ризикот. Тогаш малото дете го виде отворот на душата и си ја протна раката барајќи го тешко дофатливото, грчевито настојувајќи да ја докаже својата желба и волја. Замислено лице со претходен занес се вовлече во една страдална душа, а тоа или го црпеше или даруваше некоја сила, без да знае никој, апсолутно никој.
Ете го сега нашиот човек повторно сам без самиот себе. И додека во десната рака држам метафизички зрак на ноќта, повторно без да сум свесна, станувам зависна...и некаде меѓу масичето и креветот ја губам моќта, се сепка од камче на камче и се спушта небото за да го фатам првиот облак.- Паѓам!!-реков
-Уште неколку секунди-...и неизвесност. Дали кругот се скрши и останав грубо сама и нема со заробен ум во интимниот микрокосмос со поткренати рамења и не толку пријатна воздишка? Повторно се прашувам себеси, убавица на светот. Се ѕверам во срце во кое ме нема, уште еднаш преморена сваќам дека сум убила уште еден погрешен ден!
Додека се галам зјапам во зачадените прозорци на тоа лице и ловам дијаманти. Си ја шетам преостанатата моќ низ собата во која се случуваа доста работи, така лежерно.
Многу полека истата таа ноќ ја крадеше од мене дрскоста и уште еднаш посакав да го величам тоа тело и ја исцеди од мене преостанатата жед за нектарот на мојот Бог како на древна тажаленка да клечам додека ги чувствувам алкохолните октани, абер немаат да испарат.
И додека мислите ми се затворени во собата, како вампир да ги забива своите остри заби на мојата мазна, испотена кожа сеуште од билки миризлива, и боли во таа немоќ залутан сончев зрак...на мојата постела...изгужвана, испотена перница на најслатки задоволства ја впива во мене и последната капка течност на аристократијата.
За свеж зрак, го палам претпоследното чкорче на терасата на таа душа, да видам чии сенки го нарушуваат мирот во мојата мала соба, да ги видам, силуети на Млечниот Пат и гледам збунета статуетка скаменето гледа во нечиј ѕид. Чиј?!!
И додека збунето ми трепери телото со крилја на пеперутка, ги гледам тие секогаш прекрасни очи постојано го поставуваат истото прашање. ""Ќе те видам ли повторно"? И сребрена насмевка и глува тишина...додека јас го сонувам наредниот Феникс.
Дали ќе сочувствуваш или ќе ми судиш?
Јас го доживувам својот тотем, многупати, а сепак ретко.
Возбудата избива преку моите образи и пука обрач од лажни сомневања. Крццц. За мене, за хиерархијата. Воздухот станува тежок, студот ја боцка под кожа и преостанатата топлина и задава неподнослива болка, немоќно го фрлам ладното оружје на Брегот на Слоновата коска.
Зошто толку доцна забележав несакано мнение? А тебе, тебе ќе те наречам муза зашто не сакаш да си човек, ме гледаш иако си сега слеп. Твоите очи му се насмевнаа на уште едно непосакувано утро. Дури сега дознавам, мозочната кора ќе ми ја разнесе, веднаш потоа мигот ќе го прелаже, сега го дознавам твоето срце од божурка што се дави немоќно во дно на бескрајни лаги. Можеше да трае и подолго, мислам.
Додека те чекам во најсилна возбуда, со измамничко лице замрзнуваш на подот од желби и ги гледаш целиот универзум, зашто си слободен ко птица, а јас уште еднаш немоќно го поминувам телото твое во боја што во спектарот не постои и гледам во животот, ми црта зимска пеперутка. Колку и да сака да ти наштети мојава мрачна совест, да те обои во боја на инферно, да ти постели легло од саѓи потемнето, ти, како те нареков, муза, заробен си во бесмртна душа на отруен ум. И додека тебе те сквернавам, веќе целата галаксија е во загуба.
Во собата студенило го гризе и последниот обид на зракот. Жеден за крв вампир ја соблекува твојата душа пред мене и повторно живеам на туѓа болка, повторно лажлив студ сонот вечен го прави и дури тогаш се откривам. Сум убила уште еден погрешен Бог!
Ја затварам портата на пиедесталот со големина на мојата соба на чекор пред да затропа сонцето на прозор. Претпазливо низ душемето во галоп се слуша коњот на неговиот живот. За момент го изгубив од пред очи зашто се скрил во спомените и ми пристапува само кога сум сама. Веќе се чувствувам осамена, алкохолот се вивна во бура од сомнежи. Ми падна на грб целава приказна, ми ја стутка сукњава, молкум ме подбутна од место и дотурка до овде, за да сватам дали си замислувам или лажам или сево ова е вистина. Простум црвените образи на мудроста затетеравеа на мојот под од желби. Каде исчезна љубовта без да ме допре мене?
Залутана мисла скита по моите улици и дури сватам јас сум во слепата.
Што направив од мојот воин?
Богата трпеза чека да го викнам наредниот сопатник на вечера. Ќе јадеме риба. Животот продолжува и без нашите прашања и одговори, а мојава "приказна" завршува овде. Имам важна средба.]
За Саган
Космичката фуга ја осетив,
Спонтано,
насмеано
Неограничено избавена
Од полудимензионалната
Кочница на животните.
На умов стар закачив нова
Од александрија книга-дар,
Па отстранив една рана
Засевена, стара,
За дупка да оставам тајна.
Предговорот го посветив нему
Заслепена што ми го осветли векот,
Мојот дух излезе тогаш-
Пред очи за да ме води,
Небаре одам по него-
Си мислам,
За во место да стојам,
Вонсредина.
Кој е мојот одисеј?- го прашав
А тој: на патот твој смеј му се, радувај се.
Убава песна
Убава песна ноќва сонив
Штета-ја заборавив.
Се трудев да го дочека
Утрото магливо тогаш
И на лист да легне таа
За да замачка стари рани
А петли пеат: кој рано рани.
Го испушти денот таа
Се изгуби песната убава
Ме направи празна, ме натажи
Но на сонот убав: благодарам, благодарам.
Последни коментари