од B. на 14 фев 2005 - 09:33
Шок
Недела, 15.00, 4 Март 2001 година. Седев дома и гледав телевизија, на вестите кажуваа дека на Скопска Црна Гора загинале од нагазна мина војници на АРМ. Вестите завршија и онака неверувајќи во тоа што го чув размислував за тоа. Негде окулу 15.20 ме прекина ѕвончето на влезната врата. Станав, отворив и видов двајца полицајци, ми дадоа една покана за мобилизација, и ме собраа со нив.
Бев во бунило, не ми беше јасно ама баш ништо во тој момент. Стигнавме на некојси собирен пункт во една зграда од државна установа, а таму веќе имаше 70-80 луѓе, и сите го имаа истиот израз на лицето, се правеа дека не се уплашени и збунети, но сето то беше неуспешно, сите бевме негде од 20-35 години Седевме таму негде до 20.00, имаше неколку полицајци и неколку инсепектори заедно со нас. Дојодоа неколку полициски возила, некој од нас се качија во нив, а оние со свои коли тргнаа по нас. Стигнавме во полициската станица и таму така дремевме цела ноќ, се до утрото. Не ми беше јасно што чувствувам во тие моменти дали шок, дали страв или изгубеност, најверојатно од се по нешто. И не само јас, скоро сите, се чувствуваше тоа во воздухот, и кај нас и кај полицајците. Од сите тие луѓе што беа таму и што доаѓаа во текот на ноќта јас, Марјан( надимак му беше Чкрп, беше постар од нас, имаше 35 годими) и Тони некако се најдовме на иста бранова должина и уште од првата вечер се зближивме. Утрото окулу 8.00 не викаа во магационот и не задолжуваа со униформи и оружје.
Првиот пат
Ние тројца се наместивме да бидеме во иста група, останавме до 19.00 таму, а потоа отидовме по дома, во униформи. Првите неколку дена седевме само во станицата, и по потреба не праќаа негде низ градот. Стравот сеуште го чувствуваме, никој отворено не го кажа тоа, но се разбиравме. 20 март, првпат не испратија на пункт, горе над Љуботен, окулу 40 минути одалечено од градот. Тој ден почна таканаречената акција за потиснување на терористите од тетовското кале, ги гледавме хеликоптерите како летаат и се слушаа некои далечни експлозии. Тами бевме цел ден, среќа што ни се погоди ден како за првпат, да беше ноќ којзнае колку страв ќе претрпевме. Лежевме на земјата, а дуваше еден силен ладен ветар, се смрзнавме, и конечно окулу 19.30 дојде смената...
Навика и среќа
По тие неколку дена ситуацијата малку се смири, отидоцме уште неколку пати по тие шумите, или возевме со џип по планината. На почетокот на мај се случи Арачиново, следуваше уште една мобилизација на тие што првиот пат не ги нашле или не ги викнале, односно се скриле. Лицата им беа исти како и на нас првиот дем не дека сега ние сега бевме нешто имуни на се, но сепак малку се навикнавме на ситуацијата. Меѓу нив беше и Малиот, имаше 20 години, а во фебруари се вратил од АРМ. Имаше големо срце Малиот, за цело време додека бевме заедно ниеднаш не приметив некоја екстремно лоша карактерна црта. Само што дојде одма се приклучи во нашата тројка, станавме четворка. Кај и да не праќаа секогаш се местевме да одиме сите заедно, да си го чуваме стравот еден на друг. А таму горе на планината, не праќаа некаде до месец Јули, потоа го презема војската. Одевме и дремевме таму по цела ноќ, како жртвени јарци, со десеткилски панцири на себе, со 150 куршуми, и ништо повеќе. Едноставно се навикнавме на сето тоа што го носеше таа скапана војна или што ли веќе беше. Имавме среќа, не само ние четворица, туку и сите останати пилиштарци како нас, без разлика на годините сите бевме пилиштарци. По тој исти пат и на тоа исто место од каде поминувавме и ние, во заседа загинаа 8 или 9 војници во хермелин, а нас претходно не праќаа со џипови. Едноставно кажано имавме огромна среќа, којзнае колку пати не деменеле или ги демнеле другите, но не не нападнале, среќа, тој збор го повторив многу пати но пак ке кажам среќа.
Првиот страв на неплашливите
Ноќ, негде окулу 2.00, а имавме и едно куче (никогаш не реагираше ако во близина имаше неко животно, реагираше само на луѓе, во тоа се имавме уверено неколку пати претходно) со нас, исполегнати по земја по двајца (бевме вкупно 12 луѓе), значи во парови, темно, џабе се мачев ако сакав да пробам нешто да видам, па затоа го користев само чулото за слух. Одеднаш кучето рипна почна да лае и се упати нагоре, трчајќи. И ај Јас и Тони го собравме Чкрп и трганавме во истиот правец со кучето. Тоа беше едно мало ридче, т.е. мала височинка, бешена 200 метри одалечено од бункерот. Стигнавме на височинката, легнавме на земја, одалечени еден од друг десетина метри, и слушавме и и зверевме во темницата. Кучето беше негде пред нас 50 метри и упорно лаеше и трчаше наокулу. По петнаесетина минути нешто почна да се движи, не видовме ништо но слушавме, (пред нас имаше дрва густо распоредени), ги репетиравме автоматите, и чекавме. Осетив како срцето почна да ми чука со невидена сила, мислев дека ќе ми излезе, а и дишев некако се потешко и потешко, а истовремено се напрегав подобро да гледам и слушам. Пак почна некое гласно шушкање. Чкрп прв почна да пука а и ние по него, потрошивме по два шаржера. Ги користевме мобилните, и од долу штом чуле пукање ни се јавија и ни кажаа дека ќе испрателе уште двајца, дојде Малиот и уште еден, носеа пушкомитролез, десетина бомби и уште малку муниција. Прекинавме да пукаме и лежевме таму уште сигурно два часа додека не почна да се разденува. Кога се раздени тргнавме накај малата шумичка да видиме дали нешто ке најдеме. Не најдовме ништо, којзнае дали ноќта имаше или немаше некој, никогаш нема ни да дознаеме, а така е можеби и подобро. По таа случка, сите останати случувања некако не беа проследени со таа доза на страв, го имаше не дека не беше присутен, но не така, како да беше некако скриен и оддалечен од мене.
Малиот
Дојдовме наутро во полициската станица, Малиот сеуште не беше дојден. Отидов до дежурниот, онака чисто да тепам малку време, влегов и тој некако не ми делуваше некако во негов стил. Седнав, и тој ми вика да дојдам и да прочитам нешто во книгата во која се запишуваа сите настани. Читав и прочитав. Малиот... извршил самоубиство. не верував во тоа што беше напишано, тој беше преполн со животна енергија, секогаш расположен, никогаш не си играше со оружјето. И како може тој да го направи тоа? Не го знаев долго време, некои 3 месеци, но сепак сето тоа време бевме многу блиски, како да сме дружеле од деца, без разлика што беше помал и од мене и од другите двајца. Но беше вистина во секој случај, проклета вистина. Што се случило? Дома кај него дошол некој негов другар, му го покажувал пиштолот, а како пукнал точно никој не знае, а тоа не е ни битно, неговиот другар зрното го погодило под брадата, Малиот и уште некој друг (незнам точно од кај се појавил и кој бил) го изнеле надвор го ставиле во кола за да го носат во болница, а Малиот се вратил назад во домот и го направил тоа што го направил. Неговиот другар преживеа и покрај тешката состојба, без скоро никакви последици...
До злосторниците
Кој е крив? Тие што го ставија пиштолот во неговата рака, тие се убијците и никој друг. Имаат една цел, да ги наполнат џебовите по макијавелистички принципи. Како јас би ги казнил? Доволно е само да успеам да им ја вградам совеста во нивниот мозок, ништо повеќе.
Нема кој да ве казни господа? Има, има верувајте.
А каде се сега тие? Се појавуваат по телевизии и весници, со нивните вештачки насмеани фаци. Имаат една цел, да ги наполнат џебовите по макијавелистички принципи.
Дали сте свесни за вашите зли карактери и сите направени гревови, господа?
Кој прв почна? Не е битно сега, ама тотално е небитно. А тие сеуште имаат само една цел, да ги наполнат џебовите по макијавелистички принципи.
Ние останатите, што не сме како вас знаеме да простиме, барем повеќето од нас, а вие господа сакате ли да ви биде простено?
3а Малиот
Последни коментари