8 јануари, 2009 - 18:56
[веб кирилица]

Сабота сабајле или the day after yesterday

од TedBundy на 12 фев 2005 - 16:07

Та, сакав да кажам... шо сакав да кажам уствари? Ааа да!!!!!
Хмммм...
Кашлањето е корисно за човечкото здравје. Го има во секојдневниот живот на еден нормален консуматор на хардлајн коктели.
Го обожавам кашлањето во сабота...особено сабајле.Кога ќе се разбудам,кашлам по пола саат до 45 минути. Прекрасно.
Одам до вецето, кашлајки по пат....а патот до вецето е долг. Од вецето кашлам до бањата.Таму,пред Чешмата - излегуваат првите детајли од вчерашното пиратство...

Ибрахим Ферер или шо-знам-јас-кој, рекол – ако си пијан и кашлаш – јади пилешка супа од сабајле. Бааааси... и народната мудродст.
Јас би рекол, пиво му е мајката, едно дообро дволитарско пластично шише пиво со надпис ај "кент лив видаут ју".
Секунда, се враќам одма.....
Супер!!! Има пиво во фрижидер.М`даа


Детајлите... жолто-зеленикави топчиња, наредени во нашето висококвалитетно грло и чекаат да видат светлина. За жал нивната приказна е до тука.
Чешмата течи,да живее канализацијата!!!!
Најмногу обожавам да се бричам, кашлајки. Нели знаете, бричењето е особено пријатна работа, особено ако си сеуште пијан. Кашлаш и се бричиш, попатно трчајки со бричот во раката до Вецето. Во вецето поради Пивото За Трезнење, а како што спомнав вецето е далеку од бањата. Излегувам од бањата, прекрасно избричан. И попат, кон собата си мислам... зошо овие од Жилет ја произведуваат пената во црвена боја?! Мистерија.... како и да е, после разбрав ама тоа е друга тема.
Стигнав некако до собата. Уф,ама ми е голем станов денес. Таму – милина... шо да ви кажам. Шумски Рај, во село Мешеишча, Охритско. Очевидно е дека светски познатата компанија ПАЛОМА опстанува во оваа тешка капиталистичка пазарна економија – заради мене. Иста е ситуацијата и со тоалетната хартија.
Да не кашлав јас, кој ќе знаеше за палома, а ???!!!!!


Ибрахим Ферер или шо-знам-јас-кој,рекол – ако си пијан и кашлаш – јади пилешка супа од сабајле. Шо знае па тој???
Поубо од пилешка супа е чкембе чорба,ама не заради вкусот. Никако заради вкусот, неее, гадна е чкембе чорбата од сабајле.
Чкембе чорба... ме потсеќа на дабајлу си.


(Најголемото задовоство во човечкиот живот е.... читањето во веце.
Има “прв дел читање” и “втор дел читање”. Вториот дел е поважен од првиот ама малку луѓе го знаат тоа.)

Радувајки се на собата, исполнета со парчиња палома во форма на новогодишни подароци - со панделка, решавам дека дошол моментот да го посетам вецето. Како шо кажав порано, патот до вецето е долг. Кашлам попат.
Кашлањето – тоа е она прекрасно чуство кое ти ја блокира левата ноздра заедно со све што останоло зад и над неа.
Блокирањето е нешто корисно. Тоа е дијафрагма која што го разделува мозокот или тоа што останало од него, од другите атрибути на главата.
Обично при кашлање дијафрагмата се здебелува. Пради тоа, кашлањето е корисно.Ти прави добра услуга. Го блокира патот кон твојот мозок и го прави излишен.Не се замараш.
И така... стигнав до вецето. Вецето,ах да вецето.Мај лавли руум.


Ибрахим Ферер или шо-знам-јас-кој,рекол – ако си пијан и кашлаш – јади пилешка супа од сабајле. Абе Ферер,ти си ебате упорниот човек.Остави ме да се искажам!!!


Главната фаза во денот, резервиран за кашлање - е долгата вецеуална процедура.
Првото веце – тоа те ослободува од сите тешки мисли во главата. Обично се прави меѓу 06 и 08 сабајле. Пред да си легнеш.
Имаш мамурлак? Но проблемос мен – јор веце ис олвејс деар.
Второто веце... тоа е ангелот кој кога ќе го побараш-одма се појавува.СТРЕЛА.Стоп.
(зошо го нема кога си во Лас Вегас,педерска работа)
Второто веце... тоа е после првото Спиење, разубавено со Кашлање. Второто е веце е култната реплика од snatch:
Ко шо вели Дева Марија – Ај дај пак?!

И ти го даваш. Го даваш она последното што ги содржи сите ефекти од претходната вечер.
И си спремен.

Денот е сабота,сатот е 15:10, бугарско време, од сабајле.Ти, кашлајки, тазе избричан со црвена пена, опремен со палома и ослободен од двата лоши вецеуални духови – си готов за нови подвизи. Да не заборавиме, имаш испијано и две кила пиво за истрезнување.
И.... старт


Ибрахим Ферер или шо-знам-јас-кој,рекол – ако си пијан и кашлаш – јади пилешка супа од сабајле. Шо знам јас, може и да е така.


И не ме слушајте мене, јас сум Елвис Присли и денсам Ча ЧА.

крај

Се зезам, крај на прв дел

Опции за гледање на коментари


сликата на StipJaNec
Сабота сабајле или the day after yesterday - од StipJaNec на 12 февруари, 2005 - 16:28

So sakase da kazes e te razbrav!??...ili pa mozebi griposan si?

сликата на TedBundy
Сабота сабајле или the day after yesterday - од TedBundy на 12 февруари, 2005 - 18:04

Извини, сега се сетив. Ти беше онај шегобиецот со вицовите. Да, грипосан сум;)

сликата на SuperGirl
Сабота сабајле или the day after yesterday - од SuperGirl на 12 февруари, 2005 - 20:11

Хахаха [се смее] Абе ја немам проблем со кашлање, него привлечните сили на моите молекули не се толку привлечни...ми се чини секое ковче ми се распаѓа [се смее] Чаре?

Сабота сабајле или the day after yesterday - од Obi на 12 февруари, 2005 - 20:30

Дувај лепак [се смее]

сликата на SuperGirl
Сабота сабајле или the day after yesterday - од SuperGirl на 12 февруари, 2005 - 20:43

Хихихихи и тоа супер лепак [се смее] за инстантна реанимација [намигнува]

сликата на StormAngel
Сабота сабајле или the day after yesterday - од StormAngel на 12 февруари, 2005 - 21:19

Ахаха,јако јако!
Пилето ми пее рано на сабајле а ја си густирам сас пиво.=))))))

Башка тоа,идеме кај еден другар,он па има печатница,и кај него читаме...и читаме,и читамееееее

сликата на TedBundy
Сабота сабајле или the day after yesterday - од TedBundy на 12 февруари, 2005 - 21:47

Абе истото:)
Само шо уште ме боли глаата.Лелеее сега читам шо глупости сум пишел
Е ај по тој повод една бира:)

сликата на StormAngel
Сабота сабајле или the day after yesterday - од StormAngel на 12 февруари, 2005 - 21:58

Немој само да кажеш дека сторијава си ја пишал пијан!

сликата на TedBundy
Сабота сабајле или the day after yesterday - од TedBundy на 13 февруари, 2005 - 00:19

Не пијан. Но со мамурлак:)
И со тие две литра пиво;)

Сабота сабајле или the day after yesterday - од goko_55555 на 13 февруари, 2005 - 15:16

a be ti pijan li si, kaslas li ili pa onoj carot vo pravo e
Ибрахим Фереr
ако си пијан и кашлаш – јади пилешка супа од сабајле

сликата на Mistress
Сабота сабајле или the day after yesterday - од Mistress на 14 февруари, 2005 - 16:06

... зошо овие од Жилет ја произведуваат пената во црвена боја?! Мистерија.... како и да е, после разбрав ама тоа е друга тема.

Еј, ти текнува на рекламата

Gillette, the best man can get! [се смее]

Инаку, не сум во тие што кашлаат насабaјле, ама знам дека you're not alone [намигнува] Супер ти е расказчето, pretty playful.