од IsNoGooD на 3 фев 2005 - 18:28
Зар веруваш во мене,
јас сум привид што ги нуди сите можни облици.
И веке одамна тоа не сум јас
тоа е некој што ме глуми и ужива во досада...
Да, некој што глуми, јас останав некаде далеку назад во минатото, се загубив себеси заедно со самопочита и искреноста, па сега глумам како стигнам и пред кого стигнам, ги имам сите форми на едно суштество самонаречено човек.
Да, имам толку многу форми и облици што и камелеонот би и позавидил на мојата способност за трансформација. Не, јас не сум лицемер, само се прилагодувам на околината обидувајки се да ја остварам мојата цел низ животот. Можам да направам муабет со кого било и тој да не ме почувствува за надмоќен или послаб од него, се прилагодувам на околината и на менталниот капацитет на истата стопувајки се во неа, станувајки само уште една тула во ѕидот, потиснувајки ја мојата индивидуа и ментална надмоќ или криејки го моето незнаење од појаките од мене. Со клошарите сум клошар, со бубалиците сум бубатор, со фраерите сум фраер, со ебачите и јас се претворам во ебач, со наркоманите и јас се дрогирам. Се за да стигнам до саканата цел, остварувањето на соништата без страв дали ке бидам прифатен или отфрлен од општеството. Се додека ја остварувам својата цел и идеја ништо не ме загрижува. Знам, се си има своја цена и спремен бев да ја платам се додека тоа значеше чекор понатаму. Но немислев дека ке биде волку скапо, дека ке треба да се изгубам себеси.Нешто од кое што од секогаш се плашев беше тоа да бидам просечен млад човек, а тоа и станав. Обичен просечен мочко кој се бори за подобро утре, кој сака да избега од хордата малоумници чија што смрдеа го загушува, а станува еден од нив примајки ја нивната бездушна арома, почнувајки да смрди.
...Секој обид да ме љубиш
ќе ти се врати како казна, како горка измама.
Јас сум човек кој живее во страв
кој се плаши да те допре
незнам дали остана бармалку љубов во мене
или се исчезна во времето...
Да, секој кој се обидел да ме љуби завршил измамен од моите многу ликови кои талкаат наоколу без идеа до следната жртва. Мојата способност да ги слушам лугето ми дава можност да се претворам во она што тие сакаат, да бидам во идеалот кој тие го бараат. Многу е лесно да влезеш во таа стапица, да ме засакаш, да ти станам пријател па и повеке. Совршено добро ја разбирам психологијата на човекот.Кажувајки му го она што сака да го чуе, формирајки му свет во кој тој е безгрешен и прекрасен го добивам она што го сакам. Се ќе беше тука во ред бар од моја гледна точка ако не ја имав онаа проклета грижа на совест која ме тера да живеам во страв и покајност за тоа што сум го сторил, за сите луге кои сум ги повредил, кои ми помогнале и верувале во мене, а јас сум ги разочарал почнувајки со измама од првиот момент кога сум ги сретнал, презентирајки им уште една од моите маски, никогаш не давајки им шанса да допрат до мене и да го запознаат она вистинското суштество кое исто така плаче кога ке го повредат кое е несигурно и тажно кога ке доживее неуспех, кое е со сите мани и доблести што ги има. И сега се прашувам дали има назад или?
...Осамен и уморен трагам очајно
по моите милион долари
единствен разлог да продолжам да живееам
и нема начин да ме промениш се што можеш е да ме убиеш...
Осамен и покрај сите оние луге со кои секојдневно се ракувам и срдечно се поздравувам, се наоѓам во ситуација кога “I sheak a lot of hands but ant gat a lot of friends”. Тоа се само луге со кои пиам кафе, со кои одам на журки, со кои си проаѓам прекрасно, но никој од тие луге не ме познава вистински. Сите го гледаат она што сакаат да го видат затоа што тоа им го покажувам. Понекогаш доаѓаат во мојата мала синејска градина, остануваат некое време, си проаѓат најчесто незаборавно и сакаат пак да дојдат, сакаат пак да бидат дел од тој имагинарен свет кој им го создавам, во кој за тоа време за кое што се тука не треба за ништо да се грижат, се им е убаво и возможно. Кутрите тие кога би имале очи за да видат што се случува наоколу би бегале и никогаш не би се вратиле, но тие не сакаат да го видат тоа затоа што тое е грозно и боли. Да, вистината и те како боли кога ке ја погледнеш во очи.
Но не им требаат очи, за да гледаат им треба визија, а тие ја немаат, инаку не би биле тука талкајки како слепи кучиња низ маглата на презир и лаги.
Уморен сум и очаен од сите овие глупости кои ми се случуваат секојдневно, цедејки го и последниот атом од мојата сила. Но ќе морам да продолжам да ги барам моите милион долари, односно единствената причина поради која сеуште дишам, а тоа е остварувањето на животниот сон, целта поради која станав ваков.
Не знам, можеби по нејзиното остварување ќе можам повторно да бидам она што сум, без маски и глума можеби ќе се најдам пак некаде на некој правлив пат на животот каде што сум заталкал и ќе продолжам како ништо да не се случило.
Можеби по остварувањето на сонот ке изгорам во сјаен оган како феникс и од правта ќе се дигне, ќе воскресне нешто многу поубаво од тоа што е сега, нешто ВИСТИНСКО.
МОЖЕБИ...........
Дотогаш ти не можеш да ми помогнеш, ти не можеш да ме смениш, се што можеш е да ме убиеш.
Сега е 5:05 часот наутро, ден среда. Време е да ја ставам мојата маска на примерен син и да си легнам за тато и мама да го видат она што сакаат!!!!!
To be continued………
Последни коментари