Швајцарија ја укина забраната за абсинт
од miopa на 3 фев 2005 - 18:09
Наводно им бил инспирација на уметници и писатели како Пабло Пикасо, Едгар Алан По и Ернест Хемингвеј. Се зборува дека Винсент Ван Гог си го отсекол увото откако го пиел.
Земјата која го измисли абсинтот, и потоа го забрани, одлучи повторно да го прифати пијалокот, скоро цел век откако беше забранет поради неговите халуциногени својства. Горниот дом (советот на држави) на Швајцарија изјави дека не гледа причина за продолжување на забраната, и абсинтот повторно ќе биде легален од први март.
Се смета дека е откриен во Швајцарија во 1792 година од Пјер Ординер, бегалец од Француската револуција. Неговиот рецепт вклучувал мешање на дестилиран пелин и анасон.
Го нарекуваат и „Зелена самовила“ (Green Fairy), а невообичаениот „kick“ е предизвикан од присуството на психоактивната хемикалија тујон (заб. прев: Thujone, C10H16O) во пелинот.
Во 1905 година Швајцарскиот фармер Жан Ланфреи ги уби жената и децата после пијанка со абсинт и вино. Случајот предизвика огромно негодување низ Европа, и многу земји, вклучувајки ја Швајцарија, го забранија пијалокот.
Од тогаш, илјадници шишиња се произведени илегално во Вал-д-Травер, франкофонска област во западна Швајцарија од каде што абсинтот потекнува. Повеќето Европски земји ја укинаа забраната пред дваесетина години.
Швајцарската влада ќе го ограничи нивото на тујон во абсинтот соодветно на Европските регулативи.
Преземено од Guardian Unlimited.
|
Последни коментари