Теорија

Некој сега (да беше жив) можеби ќе напишеше дека мошне е интересен начинот на кој е создаден извесен огромен кратер на земјата каква што ја познаваат нејзините жители кои себе си се нарекуваат хумани, што пак е најдимензионално распространет виц во вселената. И тоа доста добар виц, ако може да забележам.

Приказната е многу кратка и нормално носи голем успех. Имено земјата беше цел која, нормално, ја гаѓаше кој друг ако не најголемиот играч на забавен тенис што некогаш воопшто играл забавен тенис. Тој извонреден погодок вредеше цели 10 поени и уште една титула на Корф Бе Флегма. Забавен тенис во системот Антариус се игра на следниов начин. Играчот зема рекет додека пред него се наоѓа една машина која упорно на секои 5 секунди исфрла мали, скоро совршени топчиња. Скоро, затоа што тоа не се совршени топчиња. Сите имаат мани. Кое поголема мана, кое помала мана. Страшно е тешко да ја погодиш планетата што излетува само 0.2 секунди после малото скоро совршено топче и протоа цело време да се трудиш да ја погодиш на таков начин планетата, што таа ќе мора да отиде во насока на единствената црна дупка која носи 10 поени и, нормално, уште една титула.
Една од нејневеројатните работи што некогаш се случиле во вселената, толку неверојатна што впрочем скоро и никој не верува во тоа, е создавањето на игра тенис од облиците кои ја населуваат. Како земјаните дошле до идеја тенис на никому не му е познато, а исто толку неверојатно е дека некагош би се сменило тоа. По пат кажано забавен тенис се вика забавен тенис затоа што е забавен, само забавен како бавен, да се разбереме. Целата оваа игра се игра во успорено реално време...

Но не напишал затоа што не бил жив и се викал Смисла За Хумор.

А некој друг би напишал и дека теорија е само предпоставка. Повеќе раширена теорија секако е само повеќе раширена предпоставка. Ова е, нормално, најпростата изведена дефениција за теорија и токму поради тоа е и најточната дефениција за теорија што некогаш била кажана, напишана, нацртана итн.

Првиот кимнува со глава, и додава дека побивањето на дефиницијата на теорија е секако уште еден од најголемите неверојатни настани што вселената ни ги приредува, и повторно доаѓа од Земјата.

Некој трет би рекол дека овој вториов е филозоф, а првиот е забавен.

Некој четврт ќе дојде и ќе ги отера сите во ПМ, што всушност е трет по големина сателит на планетата Онис Е Ретн.

Некој сосема сто осумдесет и петти ќе се извлече, а ќе се вика Поента.

А јас ќе кажам, абе шо, ионака сите мислат дека најбрзо животно е гепард, додека всусшност животно во слободен пад (самоубиец, подобранец) е првак во брзина, втор по брзина е некој инсект кој појма неам како се вика, трет е соколот, поточно еден специфичен вид на сокол, додека веќе четврти е гепардот. Што е уште помалку веројатно, на високото петто место се најде еден полжав, што живее во извесни мориња и до сега усмртил седумдесет и пет извесни луѓе.

 

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на Diddy

Теорија

првак по брзина е всушност пилот на супер модерен воен авион. а инаку сторијава - у водата дупка

Слика на Mistress

Теорија

...0.2 секунди после малото скоро совршено топче и протоа цело време да се трудиш да ја погодиш на таков начин планетата, што таа ќе мора да отиде во насока на единствената црна...

Од каде црпеше инспирација? Од Хари Потер?

Слика на miopa

Теорија

Мене повеќе ми личи од Автостоперски водич, можда пошто не сум читал/кркал Хари Потер :)

Слика на PSYCHOpatka

Теорија

Zemja do dejavu!!!!!
Opisi ni za sopruznicite Apsurd i Besmisla.........samo toa fali vo rasprostranetata pretpostavka na zemjata.
Seopfatni se i seobjasnuvacki:))))

Агрегирање содржина